Индивидуален пристап кон студентите: Што точно значи и кои се придобивките?

Студентите се примарниот фокус на целиот образовен процес и сите активности кои тој ги вклучува. Дознајте што е индивидуален пристап кон студентите и зошто истиот го имплементира Brainster Next колеџот.
pridobivki-od-individualen-pristap | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Едно од основните начела на Brainster како едукативен центар со повеќе од 6 годишно искуство на пазарот е „опсесивната грижа за студентите“ – пристап кон работата којашто резултира во задоволство на студентите од 4.8 на скалило од 1 до 5 во рамки на сите академии, а воедно и 80% вработливост на оние кои ги завршиле. Brainster Next College, како високообразовна институција која е формирана со истите начела како и нејзиниот основач (Brainster) ќе го применува истиот овој пристап кон студентите, но секако во академска средина.

Во фокусот на сите активности кои ги презема еден применет IT колеџ како Brainster Next се неговите студенти. Креирањето на наставната програма, изборот на професори, перспективата на студентите за нивната кариера, развивањето на нивните таленти и афинитети, грижата за нивното целокупно искуство и здобивањето со потребните знаења и предзнаења за кариерата која ги очекува се јадрото на работата на колеџот.

Сето ова е составен дел од она што се нарекува индивидуален пристап кон студентите.

Што значи индивидуален пристап кон студентите?

Извор: www.pexels.com

Она што кај компаниите е познато како “customer centricity” или фокус на клиентите, во академска смисла е токму индивидуалниот пристап кон студентот. Секој поединец е со уникатни емоционални, социјални и интелектуални потреби. Секој од нас има различен начин на учење за да може да го постигне својот најголем потенцијал. Кога процесот на учење е без фрустрација и претставува уживање, тогаш се постигнува најголем успех.

Иако за овој пристап се вклучени и се грижат повеќе составни единици на колеџот, професорот можеби ја игра најголемата улога, бидејќи тој треба да ги поттикне студентите да станат свесни за нивните способности и да се подобрат онаму каде што е потребно. 

Индивидуален пристап или настава е процес на учење во кој професорот посветува посебно внимание на секој ученик поединечно (го менторира) и се труди да го поттикне да се фокусира на она што е во негов најголем интерес.

Спротивно од учењето во големи групи, каде што предавањата се според брзината на учење на групата, идивидуалниот пристап кон студентите се потпира на фокусирање на еден ученик и неговите потреби во склоп на предвидениот предмет и академска програма.

Кои се придобивките од индивидуалниот пристап?

1. Подобрување на фокусот

Последните истражувања покажуваат дека при процесот на учење многу често се случува студентите да го изгубат својот фокус. Потребно е целосно внимание и фокус на моментална задача за процесот на учење да биде успешен и непрекинат.

Индивидуалниот пристап на учење помага студентот да се фокусира во целост и да го задржи своето внимание сé додека е тоа потребно.

2. Идентификување на талент на студенот

Секој човек има талент којшто чека да биде откриен за да може да го искористи својот потенцијал максимално. Клучот на оваа тајна, односно најдобар начин да се открие талентот на секој студент е индивидуалниот пристап кон него.

Постојаната блиска интеракција и комуникација на професорот со студентот, помага за подобро набљудување и следење на студентот со цел неговите таленти да не останат неоткриени и да му се овозможи насочувањето кон она каде што најмногу се пронаоѓа.

3. Поголем интерес за учење

Доколку фокусот на совладување на материјалот е насочен кон сите студенти за време на наставата, таквиот пристап може да создаде незаинтересираност кај дел од студентите.

Со цел да се обезбеди најдобар и конзистентен процес на учење, односно да бидат исполнети барањата и потребите на студентите, потребен е фокус кон секој студент поединечно, односно индивидуален пристап.

4. Успешно учење

Познавањето на индивидуалните потреби на студентот и начинот на кој најдобро ќе го совлада материјалот ќе помогнат при подобра припрема и планирање на часовите, правејќи го процесот на учење персонализиран и флексибилен.

Извор: www.pexels.com

Индивидуалниот пристап ќе му овозможи на студентот да се фокусира на материјата која најмногу го интересира и успешно ќе ја совлада истата.

5. Продуктивна средина за учење и следење на фидбек

Ефективното учење бара пријатна атмосфера. Индивидуалниот пристап ќе му помогне на секој ученик да биде фокусиран на неговите потреби, да ги совлада потешкотиите и предизвиците.

Со фокусирање на потребите на секој студент поединечно ќе се негува здравата и продуктивна средина за учење. 

Воедно, ваквиот пристап овозможува навремена евалуација и фидбек од страна на студентот, при што може веднаш да се решат настанати предизвици, проблеми или пак грешки во комуникацијата. Ова дополнително остава простор за промени во секој аспект на студиите и студиската програма со цел да се приспособи за поединечната потреба на студентот, но и на целата група доколку укажува на истото.

Зошто Бреинстер Некст го користи индивидуалниот пристап кон студентите?

Една од најважните одлуки кои ги донесуваме во нашиот живот се случуваат токму на преминот помеѓу средното училиште и изборот за високо образование. Целта на Браинстер Некст е да обезбеди образование за своите студенти кое ќе биде во чекор со најиновативните универзитети во светот, а воедно да овозможи глатка транзиција од средно училиште во академска средина.

Индивидуалниот пристап кон студентите е еден од најдобрите пристапи на учење и следење на напредокот на секој студент, којшто се применува на врвните применети колеџи во Европа, а и светот.

За да се оствари ова, примената на индивидуалниот пристап кон студентите е клучна, поради што, предавањата на колеџот се организирани во мали групи (25 – 30 студенти) каде што професорот може да се посвети внимание поединечно на секој студент и да го менторира во рамки на прогресот на секој предмет, а и понатаму низ студиите. Понатаму, преку ефективно следење на прогресот на студентите, и фокусирајќи се на нивните индивидуални таленти и знаења, транзицијата од академски во професионален свет ќе им биде многу полесна.

Заклучок

Учењето не е процес кој треба да се форсира, односно тој треба да биде интересен и предизвикувачки, бидејќи секој студент има различен начин и различна способност за учење.

Индивидуалниот пристап кој го нуди Brainster Next има голема улога во процесот на учење, давајќи акцент на секој студент поединечно и обезбедувајќи го најдобро образование за нив.

Дознајте повеќе за наставната програма и методологијата на Brainster Next College ТУКА.

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!