Search
Контакт

10 совети за ефективно учење

Вистинските методи на учење се клучни ако сакате да извлечете максимум од вашето време поминато во образованието. Ова се советите за учење што може да направат голема разлика.
10-soveti-za-efektivno-ucenje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Со колегата или колешката со кои ги делите студентските клупи, неделава сте поминале повеќе од 15 часови во учење на материјалот. Сместени сте во студенска соба. Но, за разлика од тебе, тие имаат подобри оценки, подобро се изразуваат на часовите, едноставно, им оди подобрo! Имате пристап до исти ресурси и исто поминато време во учење, но едноставно се чини дека информациите повеќе им влегуваат во главата.
Ова секако може да се објасни и со различното ниво на интелигенција, посветеност или самото опкружување. Но, вистината е дека дури и најнадарените студенти кои работат во најдобри можни услови ќе се борат со себе, ако им недостасуваат вештини потребни за ефективно учење и пред сѐ добра организација и приоретизирање на задачите.
Ова е вака, бидејќи студирањето е вештина (или низа вештини) што може да се усовршат со вежбање и малку трпение.

Ако сакате да извлечете најмногу од вашите студии, ќе треба да идентификувате точно кои се тие вештини – и како можете да ги стекнете или подобрите. Откако ќе го направите ова, тогаш треба да научите и по некој трик и совет. На тој начин, ќе си ја дадете секоја можна предност за да извлечете максимум од времето што го поминувате во учење.


Фото: pixabay.com


Почнуваме со одбројување на најдобрите совети за учење!

Со текот на годините, студентите смислуваа секакви нови начини за поефикасно учење. Некои од овие методи се толку добри што станаа широко распространети. Испробајте ги сите и секако, практикивајте ги оние што најмногу ви одговараат:

1. Бидете конзистентни

Ако дозволите целиот материјал за учење да ви се натрупа, подгответе се за неуспех. Многу е поефективно да се сработи малку секој ден, отколку да се издишите во еден ден. На вашиот мозок му треба време да ги префрли сите тие информации во вашата долгорочна меморија – што се случува додека спиете.


2. Спијте доволно

Ако сте лишени од сон, нема да можете да се фокусирате и ќе имате потешкотии при апсорбирањето на нови идеи и информации. Накратко, нема да можете да учите толку ефикасно. Затоа, спијте колку што можете повеќе. Иронично, токму учењето за важноста на спиењето може да предизвика анксиозност, па да имате проблеми да заспиете. Затоа, не си поставувајте цел да заспиете – само проверете дали е добра вашата средина за спиење. На пример, погрижете се да одите во кревет секоја вечер во исто време, не се изложувате на сина светлина пред спиење и генерално покрижете се да имате убава и смирувачка рутина.
Погледнете го ова интересно видео за повеќе информации во врска со добриот сон.


3. Пробајте ја „помодоро“ техниката

Во 1980-тите, студент по име Франческо Сириљо ја смислил техниката „помодоро“. Овој збор доаѓа од италијанскиот збор „домат“ – поради обликот на тајмерот што тој го користел за експериментот.

Да, ова е всушност метод за управување со времето. Техниката „помодоро“ вклучува разделување на времето за учење на дваесет и пет минутни „спринтови“. За ова време треба интензивно да работите на некоја задача. Потоа, кога ќе завршите, ќе направите пет минути пауза. После неколку часа можете да направите малку подолга пауза.

За некои, овој метод е сигурен засилувач на концентрацијата. Кога знаете дека ќе имате кратка пауза за десет минути, тоа може да ви помогне да не дозволите нешто да ви го одвлече вниманието.


Фото: pixabay.com


4. Создадете ја вистинската средина

Ефективното студирање значи да се има добар простор за да може да се посветите на практичниот дел. Ако го делите вашиот работен и рекреативен простор, ја зголемувате веројатноста едниот простор да навлезе во другиот. Дури и ако не ја затворите книгата и не го активирате YouTube, идејата дека може да го сторите тоа, може лесно да ви дојде. Борбата со искушението ќе ја искористи моќта на мозокот, што би можеле подобро да ја искористите ако сте целосно фокусирани на вашето учење.

Вашиот простор за учење може да биде мал агол од домот, или може да биде цела просторија што сте ја посветиле за учење. Можеби ќе одлучите да учите со одреден вид музика или во целосна тишина. Имајте при рака слушалки за поништување шум, ако сакате тишина. Ако немате услови за учење во домот, посетете библиотека или останете во просториите на факултетот подолго од колегите.
Како правилно да си креирате околина за учење може да погледнете во видеото на University of Groningen!


5. Креирајте флеш-картички

Картичките обезбедуваат лесен начин да се запознаете со клучните концепти и важни информации. Можете исто така да ги користите подоцна за да си направите квиз. Можете да креирате дигитални картички, но и верзијата со пенкало и хартија е доста ефикасна. Лепете ги на ѕид, или едноставно најдете простор во собата што е најсоодветен за тоа.


6. Правете листи за подобро паметење

Набројувањето на податоци не е толку лесно како што изгледа. Дури и  именувањето на сите седум џуџиња во приказната за Снежана или сите седум светски чуда може да биде незгодно.

Ако студирате нешто што бара голема база на знаење, како на пример софтверско инеженерство, добро е долгите списоци да ги поделите на информации во групи. Тогаш ќе ви биде многу полесно да запомните и многу податоци. За ефективно меморирање: престанете само да ја читате листата. Не функционира. Кажувајте ги наглас, запишувајте ги. Со пријателите направете квиз и кажувајте ги.
Исто така, разгледајте како функцонираат системите и категориите. На пример, ако се обидувате да ги запомните имињата на секоја земја-членка на Европската Унија, најдобро е да запомните колку почнуваат со буквата С, а колку со Л.
Проектните менаџери на пример, користат техника што се нарекува work breakdown structure (WBS) во која визуелно, хиерархиски ги следат сите задачи раситнети до најситен детал.


7. Учете други луѓе

Општо е познато дека целосно сте разбрале нешто, само кога можете да му објасните на некој друг. Не за џабе уште во основно училиште се практикува прераскажување на лекции. Најсигурниот начин да ги откриете празнините во вашето знаење е да се обидете да го пренесете тоа знаење на друго лице. Најдете доброволец (можеби пријател или член на семејството) и потрудете се да ви поставуваат прашања на темата.

Можеби сте го земале вашето сфаќање на одредна тема здраво за готово. Ако студирате програмирање или лингвистика, можеби мислите дека знаете што значи „синтакса“. Но, дали навистина знаете?

Честопати, само кога ќе објасните нешто, навистина ја цените длабочината на вашето разбирање. Аутсајдерот може да ви помогне да видите каде треба да ги фокусирате вашите напори за учење во иднина. Ако знаете да објасните нешто, само тогаш навлегувате во длабочина на таа тема. Вака може да си ги вежбате и говорничките вештини, кои ќе ви бидат многу важни во иднина кога ќе сакате да си ја презентирате првата бизнис-идеја.


8. Редовно вежбајте

Вашиот ум ќе биде во подобра состојба да се фокусира и да прими нови информации доколку вашето тело е во добра форма. Не мора да се посветувате на постигнување врвни спортски резултати, но и брзо одење ќе ви овозможи да се вратите на учењето чувствувајќи се освежено.
На долг рок, редовното вежбање ќе ви ја подобри меморијата и концентрацијата, како и ќе го спречи стресот што е поврзан со интензивното учење. Прочитајте повеќе за ова во статијата на Гардијан.  Ќе станете поспособни да најдете креативни решенија за проблемите и ќе се чувствувате подобро. Затоа, пронајдете форма на вежбање во која уживате и направете ја дел од вашиот распоред за учење.

Фото: pixabay.com


9. Поставете си рокови

Во 1955 година, Сирил Норткот Паркинсон напиша есеј за Економист. Уште во првиот ред се вели дека работата се продоложува за да се пополни времето достапно за нејзино завршување. Иако Паркинсон можеби не бил првиот што ја направил оваа опсервација, неговиот краток опис на оваа состојба доведе до тоа оваа максима да биде именувана по него. Ако имате многу време да направите нешто, тогаш маскимата на Паркинсон јасно кажува дека ќе го пополните достапното време – или ќе го потрошите.
Поставувањето краткорочни рокови ќе ви овозможи да избегнете одолговлекување и стресот што доаѓа со натрупаноста. Направете ја работата токму сега, завршете ја пред време и непосредно пред да истече вистинскиот рок.
Кога станува збор за учењето, потребно е да имате распоред. Во рамките на овој распоред, треба да ги поставите вашите цели за учење и кога очекувате да ги постигнете. Ако се случи да не напредувате толку брзо како што се надевавте, тогаш ќе бидете мотивирани да се потрудите уште повеќе. Ако сте пред распоредот, можете да намалите темпо, охрабрени од сознанието дека сте ги надминале очекувањата.


10. Медитирајте

Веќе пишуваме погоре какво е значењето од вежбите за телото. Но, што е со вежбите за мозокот? Тие се поврзуваат со намалено ниво на стрес, подобрена концентрација и општи подобрувања во благосостојбата на умот.
Дури и мала количина на медитација може да направи огромна разлика, ако ја правите постојано. Можеби ќе најдете апликација која ќе ви помогне да ги искористите придобивките или можеби ќе се запишете на час. Секако може да биде поттикот што им е потребен на вашите студентски сесии.

Ако научите ефективно да учите ќе ви обезбеди многу придобивки во вашиот студентски живот, од заштеда на време што може потоа да го потрошите на дружење со колегите, до извонредни резултати на вашите испити.  Ако ги подобрите вашите вештини за учење ќе бидете попродуктивни и како работници, а исто така ќе имате и многу придобивки и за личниот живот.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање. За повеќе информации закажи средба сега!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!