Зошто Brainster Next College употребува Т-shaped методологија за учење?

Brainster Next College како иновативна и модерна високообразовна институција ги применува најдобрите методологии при креирање на наставниот курикулум.
T-shaped-metodologija-za-ucenje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Овие методологии се употребуваат на реномирани високообразовни институции како што се техничките факултети во Западна Европа, особено кога станува збор за изучување на технички или ИТ науки.

Што значи Т-shaped learning? Зошто Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) се одлучи за овој метод на учење? Што ќе им овозможи оваа методологија на студентите на Next?

Што е Т-shaped методологија за учење?

T-shaped методологијата се дели на:

t-shaped metodologija
Извор: medium.com

  • Хоризонтални знаења или вештини
  • Вертикални знаења или вештини

Вештините во форма Т претставуваат метафора која се користи за опишување на вештини кои ги поседува професионалците. Хоризонтални вештини се сите оние знаења коишто ќе треба да ги научите и разберете за да станете професионалец во одредена област.

Вертикалните вештини претставуваат знаења, односно специјалност каде што имате длабоко, специфично знаење за одредена тема или предмет. 

Како студенти во Brainster Next College, преку T-shaped методологија ќе имате поддршка од различни професионалци, кои ќе ви го пренесат знаењето за многу од темите кои ви се непознати, или имате мали познавања.

Кои се придобивките од Т-shaped методологија за учење?

1. Ќе бидете подобри во комуникацијата со други луѓе

Бидејќи имате широк спектар на знаење, ќе имате способност да комуницирате со експерти од различни области. Ќе имате способност да ги разберете потребите и способностите на други луѓе во целост, како и начините на кои тие ги вршат работите и причината зошто тие работи се извршени на одреден начин.

Извор: www.pexels.com
2. Постојано развивање нови интереси

Кога сте фокусирани само на една област, понекогаш учењето може да ви стане монотоно. Без разлика колку и да ве фасцинира темата, понекогаш е потребно разновидност за вашиот ум да остане активен.

Со Т-shaped методологија на учење, развивате способност за интерес кон други области. Воедно, постојано навлегувате во процесот на истражување за да го продлабочите вашето знаење во најразлични теми.

3. Станувате флексибилни

Т-shaped методологија на учење ни помага да бидеме доволно флексибилни за да преземеме нови задачи и да им помогнеме на други студенти на кои им е потребна помош.

Извор: www.pexels.com

Целта е студентите работејќи заедно, да ја искористат својата експертиза во исполнување на задачите и постигнување на целта.

4. Станувате покреативни

Во процесот на учење, кога станувате експерт за одредена област, имате на располагање широка база на знаење кое постојано го надградувате. Со тек на време, спојот на вашето знаење со учење на друга дисциплина ќе создаде дополнителни креативни идеи и решенија.

5. Развивате меки и тврди вештини

Покрај тврдите вештини кои ги учите во текот на предавањата и станувате експерти за истите, за време предавањата со Т-shaped методологија за учење стекнувате и голем број на меки вештини – способност за критичко размислување, самоиницијатива и совесност.

Извор: www.pexels.com

Како Brainster Next College преку оваа методологија ќе им помогне на студентите полесно да се вработат

Т-shaped методологија за учење ви помага покрај станување експерт за една одредена област, да развиете знаење и за други области. Со самото тоа, може да исполните повеќе од барањата што ги има специфична позиција или работна задача.

Кога сте спремни да понудите повеќе од една вештина станувате попривлечни за работодавците. Со тоа покажувате дека имате развиено знаење и вештини од повеќе области за кои имате интерес и кои се барани, но во исто време и дека сакате постојано да учите и да бидете подобри во својата работа.

Brainster Next College со оваа методологија ви помага покрај стекнување на знаење, да го пробудите љубопитниот дух, да бидете посигурни во себе и создадете промена во секоја индустрија.

Погледнете ја детално програмата на Brainster Next College ТУКА!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!