Што е Web3 и зошто е важен за компаниите?

Напредокот на технологијата и промените кои таа ги предизвикува придонесува до еволуирање на првичниот Web. Прочитајте повеќе за патот од Web1 до Web3.
sto-e-web3-i-zosto-e-vazen-za-kompaniite | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Web 3.0 или само Web3 се смета за иднината на интернетот. Визијата за овој нов веб базиран на блокчејн вклучува криптовалути, NFT, DAO и многу повеќе. Web3 ветува дека ќе го трансформира онлајн искуството исто толку драматично како што тоа го направија компјутерите и паметните телефони пред многу години. Сепак, оваа технологија не е без ризик. И, додека блокчејнот се нуди како решение за проблемите со приватноста, централизацијата и финансиската исклученост, тој создаде нови верзии на многу од овие проблеми. Компаниите треба да ги земат предвид и ризиците и придобивките пред да се вклучат во користење на Web3.

Дали се сеќавате на првиот пат кога слушнавте за Bitcoin (биткоин)? Можеби се сеќавате дека на почетокот асоцијацијата со Bitcoin навестуваше на нова технологија која ќе промени сè. Денес, се чини дека Bitcoin-от е насекаде. Застапниците тврдат дека Web3 ќе создаде нови економии, нови класи на производи и нови услуги онлајн, дека ќе ја врати демократијата на мрежата и дека тоа ќе ја дефинира следната ера на интернетот. Сето ова, навестува дека навлегувањето на Web3 во животите на луѓето ќе биде неизбежно.

Кратко по појавувањето на Web3, многу компании започнаа да ги тестираат водите на Web3 и додека некои имаат големи успеси, некои пак се соочуваат со големи проблеми и потешкотии. Сепак, повеќето сè уште и не знаат што е Web3. Во една анкета направена во март 2022 година, речиси 70% од испитаниците се изјасниле дека воопшто не знаат што значи тој термин.

Па, ако и ти се вбројуваш во оние на коишто сè уште не им е јасно што всушност е Web3 или пак сакаш да дознаеш нешто повеќе за оваа нова технологија, во оваа статија ќе се обидеме да ти ги дадеме одговорите на овие прашања.

Пред да продолжиш со читање, изводивме речник со објаснување на одредени Web3 поими:

  • Blockchain – дистрибуирана сметководна книга којашто служи како база на податоци поседувана од мрежа на компјутери наместо еден сервер. Таа им служи на корисниците непроменлив и транспарентен начин на складирање на информации.
  • Криптовалута – форма на валута која не се потпира на централна банка, влада или други посредници. Тоа е софтвер кој работи на blockchains. Моментално постојат илјадници криптовалути, но најчести се Bitcoin и Ether.
  • NFT (Non-fungible token) – дигитално дело кое претставува сопственост над уникатниот дигитален објект. Овие објекти најчесто вклучуваат уметнички дела или дигитални верзии на колекционерни предмети.
  • DAO (Decentralized autonomous organization) – децентрализирана корпорација која собира и троши пари. Сите одлуки се гласаат од страна на членовите и се извршуваат преку кодирани правила на blockchain. Тие често се формираат од луѓе кои се географски распространети, но имаат заедничка цел.
  • Web3 – нова верзија на веб, изградена на blockchains, која е децентрализирана, демократска и насочена кон peer-to-peer развивање. Криптовалутите, NFT и DAO се дел од Web3 и овозможуваат читање и пишување на сопствена содржина.

Прочитај повеќе за NFT и научи како можеш да го креираш сам/а.

Патот од Web1 до Web3

Web1

На почетокот постоел интернетот: физичката инфраструктура на жици и сервери што им овозможува на компјутерите и луѓето пред нив да разговараат меѓу себе. ARPANET на американската влада ја испратил својата прва порака во 1969 година, но мрежата каква што ја знаеме денес се појавила дури во 1991 година, кога HTML и URL-адресите им овозможија на корисниците да се движат помеѓу статични страници. Ова се смета дека е веб само за читање, или повеќе познат како Web1.

Web2

Во раните 2000-ти, работите почнале да се менуваат. Како прво, интернетот станувал сè повеќе интерактивен. Тоа е познато како ера на содржина генерирана од корисници или веб за читање/пишување. Социјалните медиуми се клучна карактеристика на Web2, а Facebook, Twitter и Tumblr го однесоа онлајн искуството на повисоко ниво. YouTube, Wikipedia и Google, заедно со можноста за коментирање на содржината, ја проширија нашата способност за гледање, учење, пребарување и комуникација.

Ерата на Web2, исто така, беше и ера на централизација, а воедно создаде и нови начини за луѓето да заработуваат пари, како на пример преку економијата на споделување и понекогаш профитабилната работа да се биде инфлуенсер. Но, тука се појавија и првите проблеми со Web2, компаниите со концентрирана или речиси монополска моќ честопати не успеваа да ја користат одговорно оваа технологија, а потрошувачите почнаа да сфаќаат дека тие се производот и да стануваат сè посвесни за користењето на нивните лични податоци од страна на компаниите со што се појави голем проблем.

Web3

Сето ова нè доведува до Web3. Застапниците на оваа визија ја прикажуваат како новост што ќе ги реши проблемите кои Web2 ги создаде. Загрижени сте за приватноста? Шифрираните паричници го штитат вашиот онлајн идентитет. За цензурата? Децентрализираната база на податоци складира сè непроменливо и транспарентно, спречувајќи ги модераторите да ја избришат навредливата содржина. Централизација? Добивате вистински глас за одлуките донесени од мрежите на кои поминувате време. И, дополнително, вие не сте производ, вие сте сопственик. Ова е визијата за читање/пишување/ на сопствена мрежа којашто го претставува Web3.

Сумирано: Се движиме низ револуција која може целосно да ни го промени животот. Web1 беше за изградба на основни технологии и способност за поврзување преку интернет. Web2 беше првенствено контролирано од организации и корпорации за нивна корист.

Web3 го враќа човечкиот аспект со тоа што им обезбедува приватност и безбедност на корисниците наместо да ги прави корпорациите помоќни од кога било. Визијата на Web3 се промени во последните 7-8 години. Првично беше едноставно, но со воведувањето на blockchain и bitcoin, визијата и пристапот целосно се променија. Сега, Веб 3 повеќе се фокусира на децентрализираните карактеристики што ги нуди блокчејнот.

Што всушност е Web3?


Семето на Web3 беше засадено уште во 1991 година, кога научниците W. Scott Stornetta и Stuart Haber го лансираа првиот blockchain – проект за временско означување на дигиталните документи. Но, идејата навистина се вкорени до 2009 година, кога Bitcoin беше лансиран во пресрет на финансиската криза (и барем делумно како одговор на неа) од псевдонимниот пронаоѓач Satoshi Nakamoto. Таа и нејзината последна blockchain технологија функционираат на следниов начин: Сопственоста на криптовалутата се следи во заедничка јавна книга и кога еден корисник сака да изврши трансфер, „рударите“ ја обработуваат трансакцијата решавајќи сложен математички проблем, додавајќи нов „блок“ на податоци во синџирот со што заработуваат нов Bitcoin. Додека синџирот Bitcoin се користи само за валути, поновите blockchain нудат други опции. Ethereum, кој беше лансиран во 2015 година, е и криптовалута и платформа која може да се користи за изградба на други криптовалути и блокчејн проекти. Gavin Wood, еден од неговите коосновачи, го опиша Ethereum како „еден компјутер за целата планета“, со компјутерска моќ дистрибуирана низ целиот свет која не е контролирана никаде.

Да сумираме. Постојат два начина како да се дефинира Web3. Едниот, Web3 го објаснува како интернет интегриран во blockchain или интернет каде што криптовалутите и NFT се вградени во платформите што ги користите, а другиот насочува да се размислува за Web3 како интернет во сопственост на корисници.

Што претставува развојот на Web3 за компаниите?

Web3 ќе има неколку клучни разлики од Web2: на корисниците нема да им требаат посебни најавувања за секоја страница што ја посетуваат, туку наместо тоа ќе користат централизиран идентитет, како нивниот криптопаричник што ги содржи нивните информации. Тие ќе имаат поголема контрола врз веб страниците што ги посетуваат, како што сè повеќе и повеќе заработуваат или купуваат токени.

Сè уште не е најјасно како Web3 ќе се одрази врз компаниите. Предвидувањата за тоа како Web3 би можел да изгледа во обем се само претпоставки, но некои проекти пораснаа прилично големи. Bored Ape Yacht Club (BAYC), NBA Top Shot и Dapper Labs изградија успешни NFT заедници, а пак компаниите како Microsoft, Overstock и PayPal прифаќаат криптовалути со години. NFT, кои неодамна станаа популарни, се основниот начин на кој брендовите сега експериментираат со Web3. Практично кажано, NFT е мешавина од дело, потврда за автентичност и членска карта. Може да даде „сопственост“ на дигиталната уметност или права или пристап до група. NFT можат да работат во помал обем од монетите бидејќи тие создаваат сопствени екосистеми и потребна е само заедница на луѓе кои гледаат вредност во еден производ. На пример, бејзбол картите се вредни само за одредени колекционери, но таа група навистина верува во нивната вредност.

Размислете за NBA. Top Shot беше еден од првите NFT проекти со кои NBA им понуди на фановите можност да купуваат и тргуваат со клипови, наречени „моменти“, како познатото забивање на топката на Леброн Џејмс, кои функционираат како карти за тргување. Тоа создаде нова поврзаност на заедницата на навивачите на NBA, од кои многумина можеби веќе собираа карти за кошарка. Другите водечки брендови, како што се Nike, Adidas и Under Armour, на сличен начин додадоа дигитален слој на нивните постоечки колекционерски заедници. Сите три компании нудат NFT кои можат да се користат во виртуелниот свет – на пример, дозволувајќи му на сопственикот да подготви аватар, или кои даваат права на производи или ексклузивна облека во реалниот свет.

Некои компании не успеале да создадат заедница од нивните корисници кои ќе го поддржат новиот тек на настанати. Така, Discord кога воведе NFT проект за поврзување на апликацијата со криптопаричници, неговите корисници се побунија, со што компанијата брзо го саботираше развојот на овој проект. Брендот за долна облека MeUndies и британската филијала на Светскиот фонд за дивиот свет брзо ги прекинаа проектите на NFT по жестоката реакција на клиентите бесни поради нивната значителна јаглеродна трага.

За крај, останува на компаниите кои размислуваат да се приклучат на користењето на Web3 да запомнат дека Web3 поларизира и нема гаранции. Во услови на многу точки на несогласување, главниот јаз е помеѓу луѓето кои веруваат во тоа што би можело да биде Web3 и критичарите кои ги критикуваат многуте проблеми што настануваат при користењето.

Повеќе за Web3 можете да прочитате тука.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!