Имплементирање на различни методи и пристапи во процесот на учење кои се практика во најиновативните универзитети се дел и од Brainster Next College. Една од нив е воведување на Studio Based Learning.
Што е Studio Based Learning и како функционира?
Studio Based Learning претставува вид активност, односно процес на учење, кое е базирано на работа на проект од страна на студентите и менторство од страна на професорите за време на изработка на истиот.
На овие часови се стимулира константна дискусија за темите, а студентите и професорите се охрабруват постојано да даваат конструктивен фидбек еден на друг.
Кои се придобивките од Studio Based Learning?
Размислување “надвор од кутијата”
Учењето преку Studio Based Learning им помага на студентите да развијат нови знаења и способности на холистички и автентичен начин. Самото учење се одвива преку активности со кои учениците ќе размислуваат “надвор од кутијата” и постојано ќе го применуваат своето знаење во пракса.
Соработка и тимска работа
Токму активностите на Studio Based Learning овозможуваат учење преку соработка и тимска работа.
Нови вештини
Studio Based Learning го поттикнува развојот на нови вештини како преземање ризик и љубопитност. Паралелно, ја подобрува комуникацијата, способноста за решавање проблеми, тимска работа, управување со проекти и независното учење.
Искуство од “прва рака”
Студентите своето знаење го стекнуваат од “прва рака” – преку искуството на самите професионалци од областа.
Brainster Next College и Studio Based Learning
Зошто Brainster Next College го имплементира Studio Based Learning како метод на настава? Бидејќи овој модел ги охрабрува и мотивира студентите да учат и да ги практикуваат потребните вештини и техники додека работат во средина која го поттикнува учењето преку создавање.
Studio Based Learning како метод на учење веќе долг период се користи од престижните и најиновативни универзитети.
За успешен едукативен процес, неопходно е да се вложи во програма и обука персонализирана за секој студент индивидуално, а Studio Based Learning е метод што ќе го овозможи токму тоа.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации закажи средба сега!