Како да престанете со бесцелното „скролање“ по социјалните мрежи?

Онлајн-светот навистина не е совршен, но е дефинитивно магичен и лесно може да се најдете во ситуација да изгубите контрола. Прочитајте како да се заштитите од doomscrolling.
Kako-da-prestanete-so-doomscrolling | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Колку часови неделава ги поминавте во бесцелно „скролање“ по екранот, читајќи неважни вести, информации и коментари на социјалните мрежи, особено негативни вести кои се вистински магнет за човечкото око? Прво на Фејсбук, па на Инстаграм, одиме на Тик-Ток, па Твитер… Ако припаѓате во онаа категорија на луѓе што после некое време ќе се запраша: „Зошто воопшто ги читам овие коментари?“, тогаш свесни сте за проблемот и потребна ви е само мала помош, и се разбира самоконтрола.

Онлајн -светот навистина не е совршен, но е дефинитивно магичен и лесно може да се најдете во ситуација да изгубите контрола и да се прашувате како и оваа недела поминавте повеќе од 6  часа во денот на социјалните мрежи. 

За оваа практика постои и термин во англискиот јазик кој звучи малку апокалиптично – doomscrolling. Ова е термин кој ја опишува опсесивната желба да се движите без контрола и долго време по екранот низ негативните вести.

Но, не е крај на светот! Ние ви нудиме неколку решенија кои ќе ви заштедат многу време, кое попаметно е да го потрошите на учење нови вештини или подготовка за испитот.

Ова најдобро го знае новинарката Карен Хо, која стои зад профилот  Doomscrolling Reminder Bot кој има повеќе од 120 илјади следбеници на Twitter и секојдневно ги потсетува луѓето да станат и да се напијат вода, да се истегнат, и се разбира да престанат непотребно да „висат“ на социјалните мрежи.
Хо вели дека нејзиниот проект ја научил за тоа зошто луѓето неконтролирано  лизгаат по екраните и како можат да запрат.


„Она што ви го прави „doomscrolling“ всушност ви ја одзема енергијата што во иднина ви е потребна за навистина да се фокусирате на важните нешта и подобро да се грижите за себе“, изјавила таа за „Scientific American“.


Чинот на бескрајно лизгање по екранот и гледање вознемирувачки информации може да влијае на вашето ментално здравје, да ги зајакне негативните мисли или да предизвика чувство на беспомошност. За среќа, постојат многу начини да се запре циклусот.

Фото: Pixabay

Еве неколку примери зошто може да ве привлече оваа појава и како да се оттргнете од оваа зависност:



1. Блокирајте го времето на социјалните мрежи

Во просек, Американците поминуваат околу два часа и три минути на социјалните мрежи секој ден. Лесно е да се изгуби чувството за времето додека се движите низ Фејсбук, Твитер и други канали, така што блокирањето на овие мрежи во текот на одредено време во денот може да ви биде корисно.

На пример, можете да се обидете да ја ограничите изложеноста на вести на 20 минути наутро и 20 минути на крајот од работниот ден. Според научни истражувања, добро е да се воздржите од користење на социјалните мрежи 30 минути пред спиење за да не го нарушите квалитетот и должината на сонот. Поставувањето на граници за изложеноста на вести и информации помага да се постигне разумна рамнотежа. Така ќе можете да останете информирани без да бидете целосно преоптоварени.


2. Инсталирајте корисни апликации

Ако сепак не можете да се придржувате до одредено временско ограничување, обидете се со некои од следниве апликации за помош:

  • Social Fever го следи користењето на социјалните мрежи и ви овозможува да поставите дневни временски ограничувања, давајќи предупредување кога тие се надминати.
  • StayFree, кој е достапен и на паметни телефони и на персонални компјутери, може да блокира избрани апликации и веб-локации за да го ограничи нивното користење.

Ако често се наоѓате во ситуација кога премногу скролате на Фејсбук, Твитер или Инстаграм, треба да се обидете да воспоставите поздрав однос со социјалните мрежи.



Фото: Pixabay


3. Најдете хоби

Луѓето често користат социјални медиуми или читаат веб-страници за вести за да ја ублажат досадата, што може да резултира со „doomscrolling“. Ако чувствувате досада, обидете се да најдете слободни активности во кои уживате, што секако ќе помогне да ја намалите досадата.  Гответе, читајте, планинарете, запишете се на интересен курс…Бегајте од телефонот!


4. Вежбајте

Наместо да седите на каучот или да лежите во кревет и да скролате, направете свесен избор за вежбањето. Можеби откако ќе ги проверите вестите, можете да се обидете да одите на прошетка за да не заглавите читајќи приказна по приказна.

Вежбањето е одличен начин да се справите со тенденциите кон doomscrolling, бидејќи го подобрува вашето расположение. Исто така, ја ублажува анксиозноста со тоа што го оттргнува вашиот ум од циклусот на негативни мисли и ги намалува хормоните на стрес како кортизол и адреналин, а исто така ослободува хормон на среќа наречени ендорфин.

Експертите препорачуваат околу 150 минути физичка активност со умерен интензитет неделно за добро ментално и физичко здравје.


5. Барајте повеќе позитивни приказни

Добро е да ги читате вестите за да бидете информирани за актуелните настани, но фокусирањето на негативните приказни може да го засили чувството на опасност, па затоа мора да има рамнотежа.
Барањето позитивни приказни или информации може да ја спречи штетната тенденција да се фокусираме само на негативни вести.


Фото: Pixabay



6. Оставете ги уредите надвор од спалната соба

Со оставањето на сите екрани надвор од вашата спална соба, создавате физичка граница и простор во кој технологијата и социјалните медиуми не се добредојдени. Ова може да го спречи скролањето во текот на ноќта, кога и најмногу се употреба телефонот, бидејќи секојдневните обврски не спречуваат да ги пуштиме мислите слободно да ни талкаат при читањето на вестите од социјалните мрежи.


Прочитајте повеќе за оваа интересна тема на WIRED, Scientific American, Insider.


Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!