Search
Контакт

Амбицијата ми е најголема инспирација во животот

Ангела Апостоловска e една од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Прочитај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Angela-Apostolovska | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Ангела Апостоловска од Ресен е една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Амбициозна и упорна личност со голема љубов према читањето и пишаниот збор.

„Најмногу ми се допаѓа праксата, Brainster Next College е единствен во државава кој нуди добра пракса, а не само теорија“, ни сподели Ангела.

Здраво Ангела. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Јас сум Ангела Апостоловска имам 18 години и живеам во Ресен. Себеси би се опишала како упорна и амбициозна личност, максимално посветена на зададената задача така што не застанувам додека не ја исполнам целта. Бидејќи имам широк круг на пријатели можам да кажам дека сум комуникативна личност па поради тоа сметам дека успешно би се снашла во тимска работа.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Доаѓам од СОУ „Цар Самоил“. Со оглед на тоа што успехот е мој императив макотрпно учев и сите четири години ги завршив како одлична ученичка. Не попусто се рекло дека средношколските денови се паметат засекогаш, така да и мене тој период ќе ми остане еден од најубавите периоди досега во мојот живот. Не можам да кажам дека имав проблем со некој предмет бидејќи горе-долу сите ги совладав, затоа како најголем предизвик би го издвоила периодот за време на корона вирусот кога сите бевме приморани онлајн да ја следиме наставата што за нас беше нешто ново.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Дефинитивно ќе ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“. Според мене ова е одлична можност за сите студенти. Многу држави низ светот нудат слични вакви можности и мило ми е што веќе е достапна и кај нас.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Па би рекла дека најнапред го избрав Brainster Next College, а потоа се одлучив за оваа студиска програма. Ги следам вашите успеси, восхитувачки е фактот што вашата компанија е веќе проширена и во друга држава и имате повеќе од 150 партнерски компании, што од една страна говори за вашиот успех, а од друга страна нам на студентите ни пружа можности за напредок. Софтверско инженерство и иновации избрав затоа што отсекогаш ме интересирала логиката и сум се пронаоѓала во решавање на логички проблеми. Со почетокот на моето средно образование информатиката пробуди голем интерес кај мене така што во периодот на Covid-19 започнав со учење на различни програмски јазици од бесплатни интернет канали.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Со оглед на тоа што сè уште не сум запознаена со наставниот кадар, би издвоила дека најмногу ми се допаѓа праксата, Brainster Next College е единствен во државава кој нуди добра пракса, а не само теорија.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Во нашиот образовен систем би сменила многу работи, но кога би морала да сменам една би вовела практична настава, впрочем и во тоа сте единствени. Што се однесува на она што ми се допаѓаше тоа е способноста на професорите да создадат стимулативна и поддржувачка учебна околина. Вниманието што го добивав од професорите ми помагаше да се почувствувам важна и мотивирана за учење.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?

Најважно од сè е да бидат професиналци во предметот кој го предаваат. Исто така, за нас студентите многу е важно да бидат достапни за решавање на проблемите со кои ние би се соочиле како и за надминување на предизвиците.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Амбицијата ми е најголемата инспирација во животот и сметам дека човек кој не е амбициозен никогаш нема да може да ги постигне своите зацртани цели во животот. Најмногу како мое хоби би го издвоила читањето и љубовта кон пишаниот збор.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Себеси се гледам како успешен инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 6 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!