Што ја прави уникатна акредитираната студиска програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College

Акредитираната студиска програма на Brainster Next College - UX/UI и графички дизајн е уникатен производ кој е единствен од овој тип во Македонија.
unikatna-akreditirana-studiska-programa | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share


Студиската програма на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) по UX/UI и графички дизајн е единствената програма која го комбинира изучувањето на информатичката технологија и дизајнот на корисничкото искуство/интерфејс со принципите на графичкиот дизајн. Програмата ги подготвува студентите за кариери во ИТ-индустријата или други улоги во технолошката индустрија кои вклучуваат создавање дигитални производи кои се прифатливи за корисниците и се визуелно привлечни.

Моментално на нашиот пазар нема ваков тип на практична додипломска програма која ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области, која се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие делови и која ќе понуди дипломирани студенти што ќе поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.  

„Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UX/UI дизајнот (дизајнирање на кориснички интерфејс и искуство), фронтенд програмирање, 3Д моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање на практични предизвици и работа со мали групи на студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа таа е во служба на праксата на нашиот колеџ, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.



Што ја прави единствена нашата програма?

Курикулумот на програмата е креиран во консултација со нашите партнери од ИТ-индустријата при што во него се вклучени голем дел од барањата на компаниите, како и најдобрите искуства од најпознатите светски универзитети во делот на графичкиот и UX/UI дизајнот. 

  • Во прва година фокусот е даден на изучување на графичкиот дизајн што ќе опфаќа предмети и софтвери кои се изучуваат на најдобрите светски универзитети, адаптирани на потребите на индустријата и компаниите што вработуваат вакви кадри. 

„На крајот на прва година, последниот предмет е работа на реален проект во делот на графичкиот дизајн, за реален клиент кадешто се синтетизираат сите практични вештини, како и теоретски знаења добиени од предметите кои се изучуваат во прва година и истите се применуваат во реална средина. Ова ќе ги подготви студентите за работа во реални услови и веќе веднаш да бидат спремни за пракса во нашите компании партнери“, објаснува Клашниновски.

  • Во втора година фокусот ќе биде на предметите и софтверите кои се дел од UX/UI дизајнот и кои се изучуваат на начин и секвенца која ќе им овозможи на студентите полагање на последниот предмет од оваа година, кој слично како и во прва година, е работа на реален проект во делот на UX/UI за реален клиент во реална работна средина.
  • Третата година фокусот ќе биде на изучување на фронтенд програмирање (HTML, CSS и JavaScript) коешто е must за сите модерни графички и UX/UI дизајнери согласно анализираните огласи за работа, потоа, изучување на анимација, 3D моделирање како и дизајн на игри, една од најперспективните професии во регионот и светот.

„Со овој курикулум, под услов истиот успешно да се совлада, подготвени сме да им гарантираме вработување на сите успешно дипломирани студенти на оваа додипломска студиска програма на нашиот колеџ“, објаснува Клашниновски. 

Наставен кадар – реномирани експерти од кај нас и странство

Наставниот кадар што ќе ја спроведува програмата е сочинет од професори кои се реномирани експерти во ИТ-индустријата односно во делот на UX/UI и графички дизајн, не само во нашата држава туку и во странство, и имаат реално и практично искуство покрај академската титула која ја поседуваат. 

Во оваа насока, професорите кои се дел од редовниот наставен кадар се грижат не само за пренесување на зададената материја во рамки на еден предмет или пак дел од програмата, туку се грижат и за пренесување на нивните стручни знаења и меки вештини стекнати во текот на нивното долгогодишно искуство како професионалци во областа на ИТ-секторот. 

„Од голема важност е да се посочи дека покрај нивното професионално портфолио и академски достигнувања, нашите професори се воедно и исклучителни предавачи, кои индивидуално ќе се посветуваат на менторирање на секој од студентите при изведбата на практичната настава и работата на реалните проекти. Покрај редовните професори и експертите од ИТ индуструјата, а со цел да се даде дополнителна интернационална димензија на наставата, ќе бидат вклучени и гости предавачи во рамки на одредени предмети од глобални ИТ гиганти, како и претприемачи и професори од познати светски универзитети“, објаснува и Ема Кастратовиќ, академски координатор на факултетот. 

Применет ИТ-факултет, многу пракса

Оваа студиска програма ќе се изучува на практичен начин преку здобивање на практични вештини за работа на повеќе видови софтвери во делот на UX/UI дизајн, графички дизајн, анимација, 3D моделирање, како и изучување на фронтенд прогрaмски јазици како технички вештини кои компаниите ги бараат во огласите за работа за графички и UX/UI дизајнери, не само во Македонија туку и глобално. 

„Како за пример во текот на прва година, покрај другите предмети, се изучува како да се работи во Adobe Illustrator во делот на векторска графика. Потоа се изучува растерска графика во Adobe Photoshop, како и компјутерска подготовка на печатени и дигитални медиуми во Adobe InDesign. Сите овие софтвери заедно со стекнатото знаење и вештини од останатите предмети се имплементираат во предметот базиран на имплементација на реален проект кој ќе им овозможи на студентите да работаат во реална околина, со реален клиент и предизвици што ќе ги подготви веднаш по дипломирањето, па дури и пред дипломирањето да бидат подготвени да започнат со работа во компанија или пак да си формираат своја компанија“, вели Кастратовиќ. 

Во втора година ќе се запознаат со софтверите Figma, Figjam како и со алатки за квантитативна анализа како Excel и Google Sheets, кои што се неопходен дел од арсеналот на вештини на еден модерен UX/UI дизајнер. 

Во трета година ќе се запознаат со фронтенд програмските јазици како HTML, CSS и JavaScript коишто компаниите ги бараат од графичките и UX/UI дизајнерите за да можат да го сфатат целиот концепт на креирање веб-страници, апликации и други типови на софтвери за кои ќе креираат графички решенија, интерфејс и корисничко искуство. Понатаму ќе го изучуваат софверот Adobe After Effects кој е еден од водечките софтвери во делот на анимација како и соодветен софтвер за 3D моделирање. 

Сите овие софтвери и вештини, исто како во прва година, покрај што ќе се изучуваат практично за време на соодветните предмети, истите ќе бидат имплементирани во реални проекти на крајот на секоја година и како дел од дипломската теза што ќе им овозможи на нашите студенти all-round практични знаења и вештини барани на пазарот на труд што ќе им овозможи веднаш да ја започнат својата ИТ-кариера како графички или UX/UI дизајнери.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 7 слободни места на студиската програма по UX/UI и графички дизајн, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!