По успешното завршување на првата година на студентите од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), спремни сме да ги отвориме вратите на нови ИТ-ентузијасти и да им понудиме уште една уникатна акредитирана програма по UX/UI и графички дизајн.
Оваа уникатна додипломска програма која ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области е единствената од ваков тип што е достапна за студентите во Македонија. Истата се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие области и ќе им овозможи на дипломираните студенти да поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.
„Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UX/UI дизајнот, фронтенд програмирање, 3Д моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање на практични предизвици и работа со мали групи на студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа таа е во служба на праксата на нашиот колеџ“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на Brainster Next College.
Преку оваа програма студентите ќе учат софтверски програми, апликации и програмски јазици на практичен начин.
„Ова се идентични програми со оние што ги употребуваат најголем дел од компаниите. Со ова ќе се надмине една од најголемите забелешки што ја има индустријата во однос на дипломираните студенти кај нас, односно студии базирани на теорија, немање практично искуство и учење на застарени концепти“, објаснува Ема Кастратовиќ, академски координатор на факултетот.
Професори – експерти во својата област
Покрај редовните професори и експертите од ИТ-индуструјата, а со цел да се даде дополнителна интернационална димензија на наставата, во истата ќе бидат вклучени и гости предавачи во рамки на одредени предмети од глобални ИТ-гиганти, како и претприемачи и професори од познати светски универзитети.
Прв практичен ИТ-факултет во Македонија
Првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brаinster Next College, како акредитирана високообразовна институција нуди прв циклус студии и е дел од формалниот високообразовен систем.
Факултетот има 3 годишни додипломски студии со 180 ЕКТС (европски кредит трансфер систем) во областа на информатичките и дигиталните технологии. По завршувањето на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, студентот се стекнува со диплома и соодветно академско звање – дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации.
Новите тригодишни додипломски студии за UX/UI и графички дизајн исто така носат 180 ЕКТС. Студентите, по завршувањето, ќе се стекнат со диплома и соодветно академско звање – дипломиран инженер по дизајн на кориснички интерфејс, искуство и графички дизајн.
Студирај сега, плаќај по вработување
Brainster Next College е познат и по својoт револуционерен модел за модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработување“, кој лани на кандидатите што го поминаа квалификацискиот тест им овозможи да ја искористат оваа поволност и да изберат студирањето да си го плаќаат на бескаматни рати, по дипломирањето или вработувањето.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Последната група на студиската програма по UX/UI и графички дизајн веќе се пополнува, аплицирај сега!