Технологијата многу брзо се шири и јас сакам да бидам дел од неа

Филип Димчевски е еден од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Дознај повеќе за него.
zapoznaj-gi-studentite-Filip-Dimcevski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Филип Димчевски од Штип се придружува на новата генерација студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Ни сподели дека желбата за програмирање му се појавила пред неколку години, кога додека играл видео игра се појавил проблем и во моментот посакал да е одличен програмер за да може да го реши проблемот.

„Најмногу ми се допаѓа праксата, затоа што мислам дека преку пракса најдобро се учи“, изјави Филип.

Здраво Филип. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Јас сум Филип Димчевски. Многу ја сакам музиката, 6 години поминав во нижо музичко училиште-Пиано, а слободното време го поминувам на играње видео игри. Сакам предизвици, патувања и истражувања. Спремен сум да се соочам со ИТ-светот иако немам досегашно искуство.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Матурант сум од средното училиште „Коле Нехтенин“ Штип. Средното образование ќе го паметам по бескрајните дружби со моите соученици, а најголем предизвик ми беа часовите по математика по кои мораше да се учи и да се знае.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Јас лично не ја искористив можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“, но ми се допаѓа затоа што нуди шанса за секој млад човек што сака да студира, а нема финансиски услови за тоа.

Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Јас немам многу големо искуство во ИТ-сферата, затоа сакам да учам бидејќи технологијата многу брзо се шири и јас сакам да бидам дел од неа.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Најмногу ми се допаѓа праксата, затоа што мислам дека преку пракса најдобро се учи.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Едноставно би направил промена во стручните училишта со тоа што стручните предмети би ги насочил кон повеќе пракса, дружење и групни проекти, а не само губење време во читање без да се знае суштината на предметот.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

Да бидат посветени на својата работа, да го искажат своето знаење и да ги мотивираат студентите.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Моето хоби е свирење гитара и играње видео игри, мојата инспирација во животот се моите родители и нивната изрека „Ако одиш по пеколот, продолжи да одиш“ и „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Сè уште е рано за тоа каде се гледам за 5 години, но би сакал да бидам успешен software/game developer.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!