Иван Митковски има 19 години и ни доаѓа од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. За себе ни кажа дека е позитивна и посветена личност која никогаш не се откажува од поривот да стане најдобра верзија од себе. Тој се придружува на новата генерација студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Здраво Иван. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво! Јас сум Иван Митковски, имам 19 години и доаѓам од Скопје. За себе можам да кажам дека сум позитивна, посветена и работлива личност која никогаш не се откажува од поривот да стане најдобра верзија од себе. Свирам гитара, настапувам редовно заедно со мојот бенд, музиката едноставно е составен дел од мојот живот. Секогаш сум расположен да учам, да работам, да свирам гитара и да се дружам!
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Јас доаѓам од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, училиште за кое сонував уште од петто одделение дека еден ден ќе бидам дел од него. Најголем предизвик ми беше самиот распоред на часови. Се случуваше на училиште да бидам од 7:30 наутро до 19:30 попладне и тоа по неколку пати во неделата, и секако голема препрека ми беше и периодот на online настава, часовите по гитара преку видео врска беа практично невозможни. Кога се вративме во училишните клупи имав можност повторно да свирам заедно со моите другари и да настапуваме јавно пред публика, работи кои беа незамисливи за време на пандемијата. Иако тоа беше време исполнето со многу предизвици, успеси, падови, испити, колоквиуми, среќни и тажни моменти, сепак тоа за мене ќе остане период од животот за кој секогаш ќе се присетувам со широка насмевка.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Да, ќе ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“, мислам дека е добар чекор во вистински правец и одлична можност за сите оние кои сакаат да студираат без разлика на нивната финансиска позиција во која се наоѓаат во моментот и покрај истата да имаат пристап до квалитетно високо образование.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Мојот избор за оваа студиска програма произлегува од мојата желба и љубопитност да откријам како работите кои ги користам секој ден како што се интернетот и мобилните апликации се создадени. Навиката која ја стекнав користејќи ги новите технлогии и креативната особина како музичар се двете причини кои во изминатите неколку години ме тераа да се послужам со некакво дигитално решение кое го користев за задачите кои се повторуваа и беа здодевни. Од таму ми се родија и некои идеи за дигитални решенија на некои од секојдневните проблеми со кои се соочував и за кои не можев да пронајдам соодветно алтернативно решение. Следниот логичен чекор беше создавање на самото дигитално решение, но тука се јави јазот кој ме спречи во мојата цел. Тоа е мојот недостигот на теоретско и практично знаење во областа на софтверското инженерство и решив да го променам тоа. Се одлучив токму за првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Најмногу ми се допадна тоа што со начинот на кој е создадена студиската програма се дава фокус на практичната работа, но во исто време не се запоставува и теоријата. Ми се допаѓа и предметот Имплементација на решение кој дава можност на секој студент да работи на реален проект и практично да ги искористи своите вештини.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Она што би го променил во македонското образование е тоа што би ја ажурирал наставната програма која се изучува во согласност со модерните текови и трендови, би вовел нов предмет или служба во училиштето кое би го третирало и би дало одговор на детското прашање кое гласи – „Што ќе бидам кога ќе пораснам?“, учениците да имаат некој со кој би се советувале и потоа самите да ја донесат својата одлука при изборот на својата кариера. И на крај би ги зголемил платите на професорите. Не сакам да бидам „хејтер“, но навистина не би можел да одвојам нешто за што би рекол дека ми се допаѓаше во моето досегашно образование.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Низ годините во средното училиште имав можност да бидам во контакт со различни професори и од тоа можам да заклучам дека најважно за мене кај професорите е да ја сакаат својата работна позиција, својата улога како професори и да бидат несебични во споделувањето на своето знаење и искуство. Истите да бидат трпеливи и посветени, такви професори би сакал да имам на Brainster Next College.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Во животот ме инспирираат добрите и успешни луѓе и нивните приказни. Секако дека имам хоби, сакам да возам велосипед, да приготвувам здрава храна и да читам книги.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години се гледам себеси како успешен софтеврски инженер кој зад себе има изработено многу успешни проекти кои ќе бидат во функција на решавање на секојдневните проблеми кај човекот.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!