Search
Контакт

Нашите студенти работат на проекти со кои прават промени во општеството

За само една година на Brainster Next College нашите студенти креираа апликација. Bitbite.mk е активна и бесплатна за користење за сите угостителски локали.
finalni-prezentacii-implementacija-na-resenie | Softversko izenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Како прв акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College нуди две уникатни студиски програми по Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн чии курикулуми и предмети се креирани според реалните барања и трендови во индустријата.

Затоа, секоја година, последниот предмет што го полагаат е Имплементација на решение, кој всушност е круната на сè што нашите студенти имаат научено и вака имаат можност тоа да го покажат во пракса.

Целта на овој предмет е студентите да го применат стекнатото знаење во претходните семестри за креирање комплетно апликативно решение. Со користење на програмските јазици и работните рамки и под менторство на своите професори, студентите креираат апликативно решение за реални клиенти.

Први што ги искусија придобивките од овој предмет и работата на реален проект беа студентите од првата генерација по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Тие по 5 недели напорна работа на проект наменет за креирање на дигитални QR код менија за угостителски објекти, на 16 јуни оваа година, ги презентираа своите финални решенија пред професорите, менторите и клиентите.

Апликацијата е веќе креирана од страна на нашите студенти, активна и достапна за бесплатно користење! Се вика Bitbite.mk и е наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат своето хартиено мени. Оваа апликација содржи голем број на функционалности кои ќе им ја олеснат работата и на вработените на угостителските локали и секако, ќе им овозможат попријатно искуство на самите посетители на тие локали. На финализирање на оваа апликација работеa Aтанасија Ѓоргиевски и Давид Петковски кои ги исполни условите за платена пракса и за време на летото ја доработија апликацијата како дел од практикантската програма во тимот за иновации на Brainster.

Уште во прва година знаат да креираат веб-апликација

„Кога ние завршувавме прва година, не знаевме ниту половина од ова што вие го знаете сега. Не можев ни да замислам дека на крај на прва година може да направам нешто вакво. Ова што вие го направивте сега, јас го научив дури во трета година“.

Ова беше пораката што им ја кажа на своите студенти, професорот Ивица Пешовски, после презентациите на нивните финални проекти. Тие пред нивните колеги, клиентите и професорите поделени во 4 групи покажаа што научиле во изминатата акдемска година преку изработка на веб-апликација за електронско онлајн-мени за клиентите „Че“, „Кантина“, „Калдрма“ и „Fat Kitchen“. 

Оваа реченица на професорот Пешовски всушност го потврдува она за што се стремиме како високообразовна институција, да им овозможиме на нашите студенти практично знаење и сето она што го научиле по секој предмет да го употребат за креирање на врвни проекти со кои ќе се гордеат и ќе прават промени во општеството.

„Всушност дури сега сфатив како сето она што учевме посебно по секој предмет се спојува на крај и те прави спремен да се соочиш со предизвик како изработка на апликација за само 5 недели. Благодарен сум на Brainster Next College што ни го овозможи ова и на ваков начин да полагаме испит“, ни рече возбудено студентот Кире Јорданов пред одржувањето на презентациите.

Додека нетрпеливо чекаа да им покажат на клиентите, менторите и колегите што успеале да креираат, на лицата им се читаше ем возбуда, ем неизвесност. Но, аплаузите, коментарите од публиката за нивните иновативни апликации после секоја презентација, покажа дека немало простор за грижи.

Клиентите, професорите и сите присутни студенти беа одушевени од сите 4 тимови, а секоја од групите овозможи со скенирање на QR-код присутните да можат да ѕирнат како изгледа апликацијата и какви функционалности успеале да развијат.

Поддршка од професорите и менторите

Нивната менторка Анастасија Пешовска која им помагаше и ги менторираше заедно со професорот Ивица, ни раскажа дека студентите направиле одлични апликации кои ќе решат голем број на кориснички проблеми на угостителските објекти, како и на клиентите на кафулињата и растораните.

„На неделно ниво имавме менторски сесии и ги водевме низ целиот процес, но буквално сѐ сработија сами. Ние само се грижевме дали ги запазуваат роковите за да можат да стигнат навреме. Тие имаа задача да направат апликација, односно QR-код мени кое ќе им ја олесни работата на угостителските објекти. Практично требаше да направат user friendly апликација која ќе може да ја користат рестораните, самите клиенти да го пополнуваат менито и сл. Ова беше шанса на студентите да покажат што научиле по сите предмети од студиската програма Софтверско инженерство и иновации и преку работа на реален проект за реален клиент да го положат испитот. Премногу сум изненадена од тоа што може да направат студентите по само практично сѐ уште незавршена една академска година. Креираа цела апликација и имаа уште еден купи идеи што не можеа да ги имплементираат за 5 недели, но секако ќе продолжат да ги развиваат“, ни сподели Анастасија.

Што кажаа клиентите?

Клиентите исто така беа одушевени од идејните решенија на студентите.

„Кога ќе може апликацијава да се примени во „Fat Kitchen“, се слушна од публика после презентација на една од апликациите за која студентите се решија да го користат брендингот на овој ресторан. 

Сите претставници од компаниите што ги следеа презентациите се согласија со една констатација- дека соработката со образовните институции е клучна за развојот на секое општество.

„Навистина е многу е важно образовните институции да соработуваат со компаниите, бидејќи таа поврзаност е неизбежна за сите да имаме бенефит. И бизнисите од овие решенија на студентите ќе имаат корист, а од друга страна и самите студенти ќе може да учат практично и да имаат контакт со клиент и секако, на крај да станат поконкурентни на пазарот на труд. Добро искуство за сите е секако, мене ми е драго што секогаш имаме добра соработка и со Brainster и со Brainster Next College. Очекуваме да добиеме апликација која многу ќе ни ја олесни работата и ќе имаме позадоволни клиенти“, ни рече Емилија Стојчевска, управител на „Че“.

Александар Лазаров кој ги слушаше студентите во името на „Кантина“ објасни колку е важна праксата за образованието.

„Многу е важна праксата за образованието и мора да се има соработка меѓу компаниите и образовните институции. Еден студент, колку и да учи теорија, ако не почувствува што е практична работа навистина нема да знае како да се снајде потоа во реалноста, кога ќе почне на работа“, изјави Александар.

Студентите направија одлични апликации

Студентите всушност со самата изработка на апликацииите го положија овој испит со десетки. Суштината на овој предмет Имплементација на решение е на нашите студенти да им понудиме практична имплементација на знаењата стекнати од практичното и теоретско полагање на сите предмети од тековната година и нивна примена во реална средина во каква што ќе се најдат по нивното дипломирање и вработување.

Тим 1 го сочинуваа студентите Атанасија Ѓоргиевски, Давид Петковски, Филип Ѓоргичков и Дамјан Петрушевски. Еве што ни кажаа тие за ова искуство:

„Целиот проект беше голем предзивик и искрено се надевам дека ќе имаме шанса да го примениме, односно дека некој ресторан ќе го употребува. Како тим работевме сложно, учевме едни од други, баш супер искуство беше“, ни раскажа Атанасија.

Филип Ѓоргичков ни опиша дека нивната апликација е посебна по тоа што е интегрирана со касата на самиот локал, односно нуди многу интересни функционалности.

„Луѓето не само што ќе може да го креираат QR-кодот и да го видат целото мени, туку ќе може и да нарачуваат храна без да го чекаат келнерот за нарачка. Тој само може да да ја донесе храната и пијалокот, а со оваа функционалност ќе се ослободат келнерите од обврски за нарачки, а клиентите нема да чекаат додека се зафатени со други нарачки“, ни објасни Филип.

Давид пак ни раскажа дека за 5 недели имале време да направат апликација, но дека за да ја доразвијат со многу други интересни функционалности ќе им треба уште некое време. За задачата и барањата на клиентите имале сосема доволно време.

„Нашата апликација дава можност многу лесно да се креира мени, секој ќе може тоа да го направи, не се потребни програмерски знаења, што значи дека секој вработен во ресторан или кафуле ќе може да ја користи“, вели тој.

Дамјан пак, смета дека ваков тип на проекти многу значат за секој студент бидејќи многу се учи. 

„Голем дел од проблемите со кои се соочуваат и вработените и соствениците на рестораните, како и нивните клиенти ги решаваме со нашата апликација. Среќни сме што почнавме да работиме на реални проекти бидејќи вака најмногу се учи“.

Во тим 4 беа студентите Лео Новкоски, Владимир Гелов и Стефан Петров. Лео вели дека иако биле најмалубројна група, тоа не било пречка сѐ да се заврши навреме. Се поделиле кој ќе работи back-end кој front-end програмирање, кој истражување на корисниците и сѐ одело како подмачкано.

„На секој од нас му лежи нешто различно, па така и се поделивме за да завршиме навреме. Нашиот проект е функционален, апликацијата си работи и мислам дека ќе им се допадне на клиентите“, вели Лео.

Владимир ни раскажа дека нивната апликација исто така е лесна за користење.

„Секој сопственик, управител или вработен може да ја отвори нашата апликација, да се регистрира и да си креира свое онлајн-мени до кое потоа клиентите ќе пристапат со QR-код. За менито имаат темплејти, сами да си креираат како им одговара, да додаваат состојки итн“, вели Владимир.

И двајцата велат дека сѐ што учеле по сите предмети досега во прва година, го имплементирале тука. Тимската работа им била исто така многу добра лекција, но сѐ функционирало беспрекорно бидеќи на факултетот учат и како треба да се функционира во работна средина со други колеги.

Тим 3 го сочинуваа студентите Петар Ѓорѓиоски, Стефан Хаџи-Ефтимов, Кире Јорданов и Димитриј Петрески. Кире ни раскажа дека ваква можност што им се нуди како на прва генерација студенти на Brainster Next College е од голема важност за сите.

„Не верувам дека во нашата земја постојат ваков тип на студии и можности. Да се работи на реален проект со колеги од факултет е навистина голем предизвик во кој ние мислам дека одлично се снајдовме. Ова е патот до успешни студии и треба да го следат и другите“, вели тој.

Овие студенти сметаат дека нивната најсилна страна на оваа апликација е самиот UX/UI дизајн.

„Токму на овој предмет од професорот Дамјан Обал научивме многу за тоа како треба да изгледа една аплкациајта и тоа го применивме сега. За да може да им биде лесно и едноставно за користење на луѓето и да биде убаво за око“, вели Кире.

Димитриј ни опиша дека групата одлично се снашла, понудиле многу интересни и иновативни функционалности.

„Самите корисници на апликацијата ќе може да си креираат категории, да додадат продукти, состојки, фотографии. Нашата апликација нуди можност и самите гости да може да го викнат келнерот за да платат, за да не мора да викаат по него или да креваат раце“, вели Димитриј.

И двајцата во еден здив кажуваат дека да се биде студент на Brainster Next College е супер и дека комплетно им се исполниле очекувањата од факултетот.

„Сега сфаќаме што би нè чекало кога утре би тргнале на работа во некоја ИТ-компанија“, вели Димитриј.

Тимот 2 во кој работеа Мартин Цветковски, Мартина Соколеска, Костадин Веселинов и Марко Велиновски исто така беше презадоволен од финалното решение и се надеваат дека нивната апликација ќе ја применат многу ресторани.

Мартин ни раскажа дека најголемата лекција што ја научил е дека тимската работа е клучна за успех и дека многу е важно да се има добра координација со сите. Мартина пак, додаде дека исто така, клучен фактор за успешен проект е и колку тимот ефективно го троши времето и како ќе се организира.

Костадин, како најголема вредност што ќе ја понесе со себе е тоа што студентите виделе како се работи на реален проект.

„Кога сме во клупите мислиме дека знаееме сѐ, но вака всушност се тестира човек до каде стигнал со знаењето. Видовме како е да се работи во тим, зашто како идни софтверски инженери ќе работиме секогаш тимски. Горд сум на сработеното“, вели тој.

Честитки и многу позитивна енергија за крај, студентите добија од нивниот професор Ивица Пешовски кој им ги предаваше предметите Структурно програмирање, Објектно ориентирано програмирање и Имплементација на решение.

Ивица вели дека спроведувањето на цел предмет не е едноставна работа, особено кога предметот се одвива за првпат. И, дека не треба да се гледа како „side hustle”, бидејќи со себе носи голема одговорност и бара вистинска посветеност.

„Она што го научив јас е дека не постои студент што не сака да научи. Работа на професорот е да им го доближи материјалот и да го структурира курикулумот на начин на кој студентите во секој момент ќе знаат зошто изучуваат одредена тематика и каде таа ќе им треба понатака“, вели Ивица.

Студентите сега ја изучуваат втората студиска година којашто им е исполнета со нови предизвици и можности за стекнување на искуство и практично знаење.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Првиот уписен рок заврши!

      Група 1 и група 2 се
      пополнети и веќе им
      кажавме welcome на
      новите студенти.

      Приемниот тест е отворен до 1 април!
      Не е шега 🤯

      Регистрирај се на листата на
      чекање за следниот уписен рок!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!