Само една година на Brainster Next College, а веќе со портфолио полно со работа на реални проекти

Прочитај повеќе за практикантското искуство на Атанасија, Давид, Стефан, Костадин и Кире во тимот на иновации во Brainster.
proekti-od-praktikantska-programa | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Веб-страница на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, веб-платформа за организирање на хакатони, Bitbite.mk – апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени… По само една година учење на програмата Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), нашите студенти со помош на нивните ментори успеаа да изработат софтверски продукти. Дел од студентите беа на платена летна пракса во Brainster (Бреинстер) на која ги работеа овие проекти.

За време на практикантското искуство, студентите беа под менторство на Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College и CTO на Brainster кој ни сподели дека поради тоа што цела студиска година бил со студентите за време на трите предмети што им ги предавал, знаел што да очекува од нив и дека се спремни за изработка на софтверски продукти.

„Практикантските програми во многу компании се на лош глас дека се само за практикантите да следат онлајн туторијали, да помагаат со тривијални работи и да бидат неми набљудувачи на работната средина. Јас не верувам во таква практикантска програма, особено имајќи го предвид курикулумот што го направивме за студентите на прва година за студиската програма по Софтверско инженерство и иновации. Поради тоа уште кога со студентите ги договаравме условите за самата пракса им посочив што се очекува од нив, кои се одговорностите што ќе ги имаат, кои се задачите на што ќе работат и што ќе научат за време на нивната пракса“, изјави Ивица.

Реални проекти за промени во општеството

Она за што се стремиме ние како високообразовна институција е да им овозможиме на нашите студенти практично знаење и сето она што го научиле по секој предмет во текот на годината да го употребат во креирање на реални проекти со кои ќе се гордеат и ќе прават промени во општеството.

Една од овие можности за стекнување на практично знаење е токму платената летна пракса што е достапна за секој студент на факултетот што ќе работи напорно за време на целата година и ќе ги исполни условите за неа.

Атанасија Ѓоргиевски, Давид Петковски, Стефан Петров, Костадин Веселинов и Кире Јораданов беа дел од практикантската програма во тимот за иновации во Brainster, а на 6 октомври оваа година имаа можност да ги презентираат своите решенија пред тимот на Brainster Next College и Brainster, како и пред новите студенти од студиските програми по Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн кои на крајот од презентациите излегоа со уште поголема мотивација и инспирација да бидат успешни во текот на студиите.

Ова се едни од најредовните студенти што ги следеа нашите насоки и во текот на летото работеа вредно и посветено, ни покажаа што сè научиле во првата година на студиите по Софтверско инженерство и иновации, а од резултатите бевме импресирани сите.

На кои проекти работеа студентите за време на летната пракса?

Веб-станица за скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“

На овој проект работеа Кире Јораданов, Стефан Петров и Костадин Веселинов. Кире работеше на Front-End делот на целата веб-страница, а Стефан и Костадин на Back-End делот со што на крајот креираа редизајн на веб-страницата на „Раде Јовчевски Корчагин“ и лесен и интуитивен начин на одржување.

„Веб-страницата ја изработив во React. Ова беше предизвик со кој се соочив поради тоа што за време на првата година не го изучувавме овој програмски јазик. Но Анета Димоска, Front-End програмер во тимот за иновации во Brainster ми помогна да го совладам овој програмски јазик и многу сум среќен што од целото ова искуство излагам побогат со многу нови знаења и пријатели. Беше многу интересно и предизвикувачко и уште повеќе ме мотивираше за и во втората година да бидам успешен и да ги достигнам условите за пракса“, ни сподели Кире.

Костадин Веселинов работеше на Back-End делот на веб-страницата за Корчагин и ја имаше можноста да ги надгради своите вештини во програмските јазици и технологии што ги стекна за време на првата година на Brainster Next College.

„Многу сум задоволен од праксата, менторот беше одличен и ни пренесе многу практично знаење. Генерално работевме со програмски јазици и технологии што ги имавме изучено на факултетот, но секако дека ги надградивме истите. Беше многу интересно целото теоретско знаење да го применам во пракса. На другите студенти би им препорачал да се посветат на секој предмет, иако можеби во секој момент нема да им биде јасно зошто се учи нешто, верувајте дека кога ќе започнете со пракса или работа ќе видите дека сето тоа што се учи на факултетот е потребно“, ни сподели Костадин.

Стефан Петров ни кажа дека за време на целата пракса си поминал одлично и се стекнал со многу нови знаења благодарение на менторот што работел со нив секој ден.

„Моите задолженија беа во позадинскиот дел да направам начин како да се додаваат текстови слики и полиња што ќе се покажуваат на веб-страницата. Ги потврдив знаењата што ги стекнав на факултетот, но решивме да интегрираме и некои нови рамки што ги немавме поминато, а тоа ми помогна да се стекнам со уште повеќе знаења. На другите студенти би им препорачал да се трудат колку што можат повеќе за и тие да добијат можност за пракса поради тоа што ова е стварно едно неверојатно искуство, а нас ни е пружено уште во првата година од студиите“, ни сподели Стефан.

Веб-платформа за организирање на хакатони

На овој проект работеше Давид Петковски кој беше и дел од победничкиот тим на хакатонот каде што се започна разработката на оваа веб-платформа.

„Целта на овој проект беше креирање на апликација за генерирање на тимови за хакаотни, како оние што ги организира Brainster. Ова е апликација со голем потенцијал и има посебно значење за мене. Професорите и колегите од Brainster и Brainster Next College и секако, професорот Ивица Пешовски кој ни беше ментор за време на праксата постојано беше тука за нас, за консултации, решавање на проблеми и секогаш успеваше да нè насочи на правилниот пат. Ако за оваа една година на Brainster Next College успеавме да направиме вакви неверојатни проекти, само замислете што ќе биде после 3 години“, ни сподели Давид.

Bitbite.mk, апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени

Името на оваа апликација е bitbite.mk, а целта е генерирање на QR код мени наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат своето мени. Оваа апликација содржи голем број на функционалности кои ќе им ја олеснат работата и на вработените на угостителските локали и секако, ќе им овозможат попријатно искуство на самите посетители на тие локали. Овој проект започна за време на последниот предмет од првата година, Имплементација на решение.

Во текот на ова патување нашите студенти надминаа неколку посериозни пречки со кои ќе се соочуват и во понатамошната кариера како софтверски инженери. Професорот Пешовски вели дека тие морале да научат одредени работи што ќе ги учат допрва во нивните студии и успеале добро да балансираат помеѓу она што ќе го сработат и тоа што ќе го остават за во иднина.

„Во нивните идеи беа незапирливи. Покрај тоа што студентите со кои работев се навистина талентирани, имав среќа да работам и со луѓе со исклучителна работна етика, што верувам дека е вистинска доблест, особено на нивната возраст и за тоа сум им благодарен. Им честитам на сработеното, им благодарам за вложениот труд и очекувам повторно професионално да соработуваме во блиска иднина“, сподели Ивица.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!