Од првата година на Brainster Next College ќе ги паметам убавите моменти со колегите и професорите

Кире Јорданов е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеа успешно да ја комплетира првата студиска година.
mojata-prva-godina-kire-jordanov | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Онаа класична слика за факултет, каде што сè е онака црно и бело (во две бои), во текот на самите студии кај мене ја снема и воочив дека со добра замисла и цел може да произлезе многу поиновативен пристап во врска со ваков вид на образование“, ни сподели Кире.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Пријатно сум изненаден и од оваа перспектива сум задовен од целата прва година на Brainster Next College.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Самиот ИТ-свет и неговото брзо темпо на развој. Се разбира и тоа дека постои голем простор во кој може да се искаже креативноста и иновативноста.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Се двоумев каде да се запишам, постоеја повеќе опции, но не згрешив што се запишав на Brainster Next Collage.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Како прва асоцијација дефинитивно ми е учењето и самиот материјал кој го изучувавме, но од друга страна гледано, со сите студенти се зближивме и мислам дека ќе паметам некои моменти кои ни се случувале кога сме биле заедно.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Во глобала да. Некако онаа класична слика за факултет, каде што сè е онака црно и бело (во две бои), во текот на самите студии кај мене ја снема и воочив дека со добра замисла и цел може да произлезе многу поиновативен пристап во врска со ваков вид на образование.

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Во текот на средното и основното образование, самиот систем на некој начин нè наведува на кампањско учење и ние како генерации мислам дека во голем број сме навикнати на истото, но овие студии се сè само не тоа. Така да, навиката за континуирано учење можам да ја споменам за некаков вид на благ предизвик.

Исто така, можам да споменам дека и обемот на материјал за одредени предмети беше голем, а исто така и самите предавања (тоа е супер), но не може сè да се запамети на самите предавања. Некои работи што ќе се кажат и предадат од страна на професорите, дома и на интернет не можеме да ги најдеме (некои примери и корисни совети), па можеби би било добро доколку часовите би можеле да бидат снимени.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток?

Сите професори си имаа свои предности и недостатоци, нормално и секој професор успеа да воспостави одличен контакт со нас како студенти, така да искрено секој професор е супер според мене и имам одлично мислење за сите.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

Сè е навика и доколку се сака сè се може, само треба да си упорен во тоа што го правиш.

Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!