Search
Контакт

Клучен дел во студиите е праксата

Ивана Неделкоска e една од студентите на додипломската студиска програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Дознај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Ivana-Nedelkoska | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Ивана Неделкоска има 19 години и ни доаѓа од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп. Таа е амбициозна и креативна личност, а нејзините вештини во областа на дизајнот ќе ги надградува на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Додипломската студиска програма по UX/UI и графички дизајн ја одбрав поради одличните предмети, претходните искуства и препораки од успешните студенти на Brainster Next College и поради можноста за искажување на моите креативни способности“, ни сподели Ивана.

Здраво Ивана. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво, јас сум Ивана Неделкоска. Имам 19 години и доаѓам од Прилеп. Јас сум амбициозна и креативна личност. Овие мои особини ме донесоа до Brainster Next College. Исто така, обожавател сум на спортот и голем љубител на информатиката, графиката и сè што е поврзано со иднината.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Доаѓам од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп. Школувањето го гледав како лесен предизвик со кој се сретнав и ми остави доживотни добри сеќавања. Сметам дека тоа е најдобрата моја одлука која ми донесе добро образование и уште подобри пријателства со луѓе кои ме поттикнаа да го продолжам моето школување.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

„Студирај сега, плаќај по вработување“ е одлична можност за секој студент.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за UX/UI и графички дизајн, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во оваа сфера?

Оваа додипломска студиска програма ја избрав поради одличните предмети, претходните искуства и препораки од успешните студенти на Brainster Next College и поради можноста за искажување на моите креативни способности.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Предметите се одлични, наставниот кадар кој сè повеќе се проширува е супер, но клучен дел според мене е праксата затоа што сметам дека без пракса не би имале такви успеси. Но, како осмислена целина целиот колеџ и студиската програма ме привлекоа да го студирам баш тоа.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Според досегашното искуство можам да потврдам дека сè беше во ред, но имаше моменти каде што имаше пропусти во наставниот кадар кој сметам дека мора да се променат.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?

Кај професорите најважно ми е да се принципиелни во својата работа, пријателски расположени и да умеат да го пренесат своето знаење.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Јас сум голем обожавател на спортот. Како хоби тренирам тенис, спорт со кој љубовта трае долги години. Исто така напоредно со моето школување пробував да учам нешто за графичкиот дизајн и отсега па натаму би сакала тоа да ми стане професија, а не само хоби.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Како човек со големи амбиции и куп желби и планови би сакала да се видам како успешен UX/UI и графички дизајнер во иднина.

Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!