Го одбрав Brainster Next College поради можноста за вработување во големи компании и начинот на работа со студентите

Алмир Даути е еден од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Прочитај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Almir-Dauti | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Алмир Даути има 18 години и ни доаѓа од СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Во слободно време тренира бокс, но поголемиот дел од времето го посветува на програмирање. Има претходно искуство во оваа сфера, а со студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) очекува уште повеќе да напредува во ИТ-светот.

„За 10 години се гледам како дел од најголемите компании кои постојат во светов како Google и Meta. Можеби повеќето луѓе не веруваат во овој сон, но сигурен сум дека ќе работам колку што можам и ќе направам сè што можам за да го остварам истиот, а верувам дека првиот чекор се студиите на Brainster Next College“, ни сподели Алмир.

Здраво Алмир. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво. Јас сум Алмир Даути, имам 18 години и живеам во најубавиот град во Република Северна Македонија, Струга. За мене би кажал дека сум многу интелигентен, но тоа ќе ви го докажам во наредниов период. Во слободно време тренирам бокс, но поголемиот дел од времето го посветувам на програмирање. Едвај чекам да започне оваа студиска година за да се запознаам со нови луѓе, а пред сè да стекнам повеќе знаење во овој правец.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Средно училиште завршив во СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Стекнав многу интересни моменти, пријателства и вештини кои ќе ги паметам цел живот. На секој предмет посветував внимание и интерес па затоа не сум се сретнал со некаков предизвик што можел да ми претстави пречка, а се надевам така ќе продолжам и понатаму.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Да, се одлучив да ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“. Јас мислам дека оваа понуда е одлична затоа што ни овозможува пристап до високото знаење без значителни трошоци во периодот на студирање и ги подобрува шансите на студентите за успешно вработување.

Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Избрав да студирам и да лансирам кариера во овој правец поради мојата заинтересираност кон програмирањето, големата побарувачка во пазарот, но и затоа што е насока што бара вклучување на интелигенцијата. Имам искуство со програмирање, односно работев како Full-Stack програмер за една австралиска компанија и тогаш сфатив дека оваа насока е најпогодна за мене.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Пред сè ми се допаѓа начинот на работа и посветеноста околу студентите, можноста за вработување во големи компании и начинот на работа со студенти, а исто така ми се допаѓа програмскиот план кој е дизајниран според тоа што се бара на пазарот, почнувајќи од basic до advance. Верувам дека овие студии ќе бидат успешен период и за мене и за сите други вклучени на факултетот.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Пред сè би им ги пружил на учениците сите можни услови за работа во училиштата, бидејќи како што кажав условите за работа моментално се многу слаби во практична смисла. Но, секако после секоја негативност мораме и позитивно да размислуваме и верувам дека секој проблем што е присутен во моментов ќе се среди во наредните години. Покрај ова, ми се допадна начинот на кој професорите објаснуваа и иако беа без можност и услови за работа дадоа сè од себе да не едуцираат и да ни дадат можност успешно да стигнеме до денот кога ќе се пријавиме на факултет.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

Има многу позитивни работи што можам да ги кажам за моите професори. Како што споменав погоре, тие многу се трудеа да нè едуцираат. Ни дадоа многу инспирација бидејќи работеа напорно и благодарение на нив сме тука. Професорите на Brainster Next College сакам да бидат амбициозни и подготвени за работа и верувам дека најдобро ќе си поминеме со нив, освен ова, едвај чекам да се запознаам со сите професори.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Да, секако дека имам хоби. Хоби ми е боксот и сакам да го одржувам телото во движење, па затоа одам и во теретана.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Ова е многу интересно прашање. Да бидам искрен, можеби во следните 5 години немам целосен одговор, но да беше за следните 10 години, тогаш би рекол дека би бил во една од најголемите компании кои постојат во светов како Google, Meta, итн. Можеби повеќето луѓе не веруваат во овој сон, но верувам дека ќе работам колку што можам и ќе направам сè што можам за да го остварам истиот, а верувам дека првиот чекор се студиите на Brainster Next College.

Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!