Се запишав на ИТ-факултет поради постојаниот развој на технологијата

Стефан Петров е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеја успешно да ја комплетира првата студиска година.
mojata-prva-godina-stefan-petrov | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Не се двоумев дали да студирам во странство или Македонија. Препораката на мојата мајка беше пресудна во тоа да се запишам на Brainster Next College“, ни сподели Стефан.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Првата година од студиите помина добро. Научив многу и целата година помина без многу потешкотии во студиите.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Знаев дека ќе се запишам на ИТ-факултет токму поради постојаниот развој на технологијата.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Не се двоумев дали да студирам во странство или Македонија. Препораката на мојата мајка беше пресудна во тоа да се запишам на Brainster Next College.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Моите очекувања беа совладување на материјалот и стекнување на практична работа. Сметам дека делумно го совладав материјалот и практичната работа беше добра по имплементација на решение, но секако би било уште подобро со летната пракса.

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Не се соочив со некои поголеми предизвици.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток и зошто?

Најголем впечаток ми остави професорот Ивица Пешовски поради неговиот начин на објаснувње преку кој лесно успеав да го совладам материјалот.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

Начинот на учење не беше тежок и сè додека материјалот се учи контиунирано не би требало никој да има некаков проблем.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!