Анисија Џуровска од Скопје има 19 години и ни доаѓа од СГГУГС „Здравко Цветковски“. Во слободно време сака да пее и свири и да гледа филмови. Отсекогаш се интересирала за дизајнот и едвај чека да започне со студии на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Здраво Анисија. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво, јас сум Анисија Џуровска, имам 19 години и сум од Скопје. Во слободно време го шетам моето куче, се дружам со моите пријатели, но најголем дел од времето гледам некој филм.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од СГГУГС „Здравко Цветковски“. Имам некои многу убави спомени од училиште, но за жал многу пропуштив поради онлајн наставата. На почетокот, како и на повеќето многу ми се допаѓаше седењето дома, но после некое време сфатив дека тоа ми претставуваше огромен предизвик бидејќи немаше простор да се запознавам и дружам со нови луѓе и да го збогатувам социјалниот живот. Но, и покрај тоа најмногу ми се останати во сеќавање убавите моменти и по нив ќе го паметам тој период од мојот живот.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Да, одлучив да ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ и сметам дека ваквата понуда е многу корисна и ќе овозможи на многу паметни и креативни луѓе да добијат квалитетно образование без разлика на нивната финансиска положба во моментот.
Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за UX/UI и графички дизајн, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во оваа сфера?
Немам многу искуство со ИТ, но имам малку со дизајнот. Отсекогаш сум се интересирала за дизајн, од моден до внатрешен до графички, а знаев дека сакам да работам нешто во ИТ-сферата па затоа оваа програма ми звучеше како совршен избор за мене.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Нешто што најмногу ме привлече кај Brainster Next College е практичното учење. Сметам дека само учењето на теорија, како што е на повеќето факултети не може да те подготви доволно за предизвиците со кои ќе се соочуваш на работното место, а и многу побрзо и поефикасно се учи преку пракса.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Искрено има многу работи кои би ги променила во нашето образование, како на пример учењето само теорија од учебници кои се застарени и содржат и доста погрешни информации. Исто така, сметам дека учениците индивидуално треба да имаат повеќе избор на предмети што ги изучуваат.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?
Најважното нешто кај професорите ми е да знаат како убаво и на интересен начин да го пренесат нивното знаење. Имав неколку професори досега кои успеаја да го направат тоа и засекогаш ќе ги паметам и сум сигурна дека такви ќе имам и на Brainster Next College.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Најмногу ме инспирираат мојата фамилија и пријатели, уметноста и музиката. Како хоби најмногу сакам да пејам и свирам, да гледам филмови и сѐ поврзано со мода.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години се гледам како успешна и среќна жена која работи во реномирана ИТ-компанија.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 7 слободни места на студиската програма по UX/UI и графички дизајн, аплицирај сега!