Се радувам дека постои факултет на кој ќе можам мојот сон да го претворам во реалност

Илија Пандев е еден од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Прочитај повеќе за него.
zapoznaj-gi-studentite-Ilija-Pandev | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Илија Пандев има 19 години и ни доаѓа од СОУ „Никола Карев“ во Струмица, а од октомври се придружува на новата генерација на студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Има огромна желба да учи за во иднина да стане еден од најдобрите софтвер инженери во државава и ни сподели дека многу се радува дека постои таков факултет на кој ќе може својот сон да го претвори во реалност.

„Најмногу ми се допаѓат предметите што ги има во самата студиска програма, начинот на комуникација кој го имаат вработените со нас студентите, разбирањето и праксата што ќе ја имаме за време на студиската година“, ни кажа Илија.

Здраво Илија. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Јас сум Илија Пандев од Струмица и имам 19 години. За мене можам да кажам дека сум трудољубив, добар тимски работник, комуникативен и имам огромна желба да учам за во иднина да станам еден од најдобрите софтвер инженери во Р.С.М.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Јас доаѓам од СОУ „Никола Карев“ во Струмица каде што завршив на отсекот електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Овие 4 години мислам дека беа квалитетно поминати и научив многу за некои од програмските јазици кои ќе ги има и на самиот факултет. Најголем предизвик за мене беше праксата која ни ја нудеа бидејќи за мене таа е најважен елемент во било кое учење. Во сеќавање ќе ми остане дружбата со моите другари, взаемното помагање и знаењето кое го стекнав од квалитетниот професорски кадар во училиштето.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ иако нема да ја искористам, мислам дека е одлична затоа што не секое семејство во моментот има доволно финансии да им обезбеди на своите деца квалитетни студии.

Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Јас ја избрав оваа програма бидејќи многу време имав желба да учам програмски јазици и кога се запишав во стручното средно училиште видов дека можам тоа да го работам и дека тоа ќе биде иднината во следните години. Имам искуство со SQL, CSS, C++ и малку со JavaScript, но сепак најголем одлучувачки фактор за мене беше мојата огромна желба, интерес и пронаоѓање во оваа професија.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Најмногу ми се допаѓат предметите што ги има во самата студиска програма, начинот на комуникација кој го имаат вработените со нас студентите, разбирањето и праксата што ќе ја имаме за време на студиската година.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Иако имавме квалитетен наставен кадар, во системот на образование сметам дека недостасува повеќе пракса.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

Најважно кај професорите е да имаат разбирање и трпение кон студентите кои се запознаваат и учат за дадениот материјал во процесот на студирање. Мене ме инспирираше мојата професорка Македонка Гуџирова Попова која освен работните обврски кои ги имаше во училиштето секогаш наоѓаше и време за секој ученик поединечно да го посоветува, па дури и да го усмери во секој проблем, дури и да го насочи за понатамошни студии. Токму ваков случај бев јас, каде што токму од оваа професорка слушнав за вас и се заинтересирав за вашиот начин на работа.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Освен да бидам софтвески инженер ме интересира и спортот. Уште од дете професионално се занимавам со играње ракомет во ракометенниот клуб во нашиот град.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Јас во следните 5 години се гледам на соодветно работно место каде што ќе можам да го докажам и покажам стекнатото знаење од студиите, да учам нови работи на работното место и на истото да напредувам.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 6 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!