Brainster Next College се разликува од останатите факултети по практичната настава

Исидора Дамкоска e една од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Прочитај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Isidora-Damkoska | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Исидора Дамкоска ни доаѓа од прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Таа е амбициозна, комуникативна и оптимистична личност и ни сподели дека веќе ја чувствува возбудата и едвај чека да почне со студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Она што прво ми привлече внимание кај Brainster Next College и се разликуваше од другите факултети е праксата. Сметам дека она што искуството може да те научи не може никој друг да те научи, ниту да ти пренесе таква лекција“, ни сподели Исидора.

Здраво Исидора. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво, јас сум Исидора Дамкоска и доаѓам од Прилеп. Себеси се сметам за амбициозна, комуникативна и оптимистична личност. Можам да кажам дека сакам предизвици и овој нов почеток го гледам како еден нов предизвик кој на крај ќе ме научи многу и ќе ме мотивира кон нови поголеми предизвици.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Јас доаѓам од прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Изминативе четири години ми беа незаборавни, ги доживеавме најубавите моментите заедно со моите другари и се потврди она што ни го кажуваа возрасните, дека средношколските години се најубавите години. Исто така, гимназијата ќе ја паметам по добрата комуникација со дел од професорите и јавно ќе им се заблагадорам за другарскиот однос кон нас и за знаењето кое на креативен и забавен начин ни го пренесоа.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Оваа можност мора да ја пофалам бидејќи ги мотивира младите да се осамостојат и им дава надеж дека секој има можност да студира. Сепак јас нема да ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ бидејќи сум личност која не сака да ги пролонгира финансиските обврски према компанијата.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Јас сум личност што сака да решава тешки проблеми и патот до наоѓање на решението ми е секогаш интресен. Ме предизвикува да размислувам на различни начини и да доаѓам до креативни решенија за проблемите, а оваа професија е клучна за тоа. Можам да кажам дека ова беше пресудното нешто што ме привлече кон Софтверско инженерство и иновации. Исто така, предност кај оваа професија е тоа што може да се работи од дома. Друга причина е тоа што постојано се надградуваш бидејќи технологијата оди напред, а јас сум личност што не сака монотонија. Напротив, сакам предизвици и имам желба за ново знаење, а оваа професија го бара токму истото. Сепак, не можам да го изоставам фактот дека ова е едно од најбараните и најплатените работни места во 21 век и дека и тоа беше еден од факторите кој ме привлече. За жал досега сум немала некое големо искуство во ИТ-сферата.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Да бидам искрена двете студиски програми на Brainster Next College се многу добри и ми се допаѓаат, но сепак она што прво ми привлече внимание и се разликуваше од другите факултети е праксата. Зошто баш праксата? Затоа што сметам дека она што искуството може да те научи не може никој друг да те научи, ниту да ти пренесе таква лекција. Искуството е напорен учител затоа што тој прво го дава тестот, а потоа лекцијата. Но исто така сметам дека важен фактор е и наставниот кадар бидејќи кога професорите се добро организирани, ја следат секојдневно технологијата и тие постојано работат прво на себеси, а потоа и на наставата за нивните студенти, се добива посакуваниот ефект. Кога истите комуницираат со своите студенти, се трудат на некој начин да ги запознаат и надвор од наставата какви се како личности, каков е нивниот карактер тие се вистински учители и резултатот ќе биде уште подобар.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Доколку би имала моќ да променам нешто во македонското образование тоа би било да воведам повеќе пракса, исто така би направила промена да има повеќе настава во природа и би спроведила нов предмет каде што учениците ќе комуницираат со професорите и ќе споделат некој свој проблем за кој сите заедно ќе се потрудат да најдат решение со што би се отргнале од оној класичен однос на професор и ученик.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?

Најважно нешто што го очекувам кај професорите е да се комуникативни, да работат на себеси, да се надградуваат, да го прават секој час интересен и со тоа би ме мотивирале мене уште повеќе за следењето на нивните предавања. Посакувам професори со искуство, кои веќе имале работно искуство, со што би биле способни да ме припремат што навистина ме чека во мојата идна професија.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

За мене можам да кажам дека обожавам да гледам филмови од кои омилени жанрови ми се мистерии, акциони и научна фантастика. Можам да кажам дека една фраза од филм многу ме мотивира, а тоа е следната: „Кога ви е страв да скокнете, токму тогаш скокнете, инаку на крајот ќе останете на истото место цел живот“. Бидејќи за голем успех треба да се ризивикува и секој ризик е добитен на било каков начин бидејќи и секој неуспех е успех кој ќе нè научи нешто ново.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Сметам дека сè уште е рано да кажам каде се гледам за 5години. Но како што гледам на кој начин работи Brainster Next College и какво влијание имаат програмите себеси би можела да се замислам како Full-Stack Developer којшто работи на некои свои проекти.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 6 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!