За да им овозможиме уникатно и неверојатно искуство на нашите студенти ја употребуваме една од најмоќните „алатки“ за стекнување на знаење, справување со предизвици и решавање на реални проблеми, излегувајќи од традиционалниот амбиент што го нуди училницата-учество на 48-часовен хакатон во живо.
Студентите од Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) во мај го имаа своето прво неверојатно искуство што ќе го паметат уште долго време. Тоа беше првиот 48-часовен хакатон за нашите студенти на кој ги здружија силите со студентите од 5 Brainster академии – UX/UI, Front-End, Full-Stack, QA & Project & Product Management.
Над 140 учесници, здружени во 8 тимови, работеа на изработка на едукативна веб-платформа за партнерот SCiDEV Албанија. Нивната цел беше да креираат веб-платформа која со себе носи голема едукативна вредност, односно платформа која придонесува кон олеснување и автоматизирање на процесот на креирање на настани фокусирани на едукација, слични на нашите хакатони. Со други зборови, преку технологија и иновации заедно со нашите студенти промовираме едукација преку креирање на tech решение за едукација. Со само два, три клика секој корисник да може да креира настан за повеќе од 200 луѓе истовремено.
Каква беше еуфоријата на првиот хакатон за студентите на Brainster Next College?
Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова беа најчесто изговорените зборови што ги слушнавме од учесниците додека траеше хакатонот.
Стотици таленти собрани на едно место, секој со различни технички познавања и специјалности, но сите со ист ентузијазам и желба да го завршат хакатонот побогати со ново искуство, но и пријатели.
Кај голем дел од нив низ нашите разговори преовладуваше возбуденост, глад за нови знаења, но и одлучноста да го извлечат најдоброто од себе и од тимот.
Она што доминираше во текот на 48 часа работа во живо беа насмеаните ликови, посветеноста на проектот и ентузијазмот. И покрај посочувањето на поголемиот дел од учесниците дека тука се за да научат нешто ново, да запознаат нови луѓе и да го усовршат своето знаење, желбата за победа беше видливо присутна кај секој тим, а компетитивноста помеѓу тимовите беше токму тоа што го направи овој хакатон уште поинтересен и повозбудлив.
Прочитај што ни споделија студентите од Brainster Next College кои за првпат се најдоа во ваква средина и имаа шанса да учат од менторите заедно со студентите од Brainster Aкадемиите
Нашиот студент Давид Петковски, кој сега е втора година, ни сподели дека хакатонот му претставувал голем предизвик, но бидејќи е човек што сака предизвици, си поминал одлично.
И, нормално, кога пристапуваш кон нешто со ваков ентузијазам и енергија, успехот е неизбежен. Токму Давид и неговиот тим беа победници на овој хакатон. Но, Давид не застана тука, тој летото го помина на практикантската програма во тимот на иновации во Brainster кадешто работеше на доработка на оваа платформа која сега е активна и функционална. Оваа можност за платена летна пракса е достапна на секој студент на Brainster Next College што ќе исполни определени услови.
Костадин Веселинов, кој исто така не пропушта ниту една можност за практична работа ни сподели дека овој хакатон било најдобро искуство за него. Имале предизвици со тимот, но на крајот научил многу.
SCiDEV хакатонот беше само почеток на збогатување на практичното искуство и портфолиото на Костадин. Тој постојано ја покажува неговата проактивност и се вклучува во сите проекти што ги организира Brainster Next College со цел да им овозможи на своите студенти да станат вработливи и компетативни на пазарот на труд уште пред завршувањето на студиите.
Сега е втора година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, а веќе има практично искуство на проекти како креирање на апликацијата за хакатони, редизајн на веб-страницата на „Раде Јовчевски Корчагин“, а исто така Костадин учествуваше и на Air Care хакатонот кој неодамна се одржа каде што беше дел од креирање на апликацијата Breathe.mk.
Атанасија Ѓорѓиевски е алумни студентка на Full-Stack Академијата на Brainster, која по нејзиното завршување, воодушевена од начинот на кој функционираме како заедница го одбра Brainster Next College со цел да стекне поголемо академско знаење. И таа ги сака хакатоните и реалните проекти.
Атанасија е уште една од нашите студенти што нè инспирира со својата посветеност и трудољубивост. Првата година ја заврши со просек 10.00, а летото го помина на пракса во тимот на иновации во Brainster каде што работеше на Bitbite.mk, апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени. Проект, кој нашите студенти го започнаа за време на последниот предмет од првата година, Имплементација на решение.
Со какви предизвици се соочија студентите?
Првичната „пречка” со која се соочија студентите на првиот хакатон е организацијата и поделбата на работата, но како што Марјан Ралевски, инструктор по Front-End програмирање и останатите ментори посочија, со взаемна помош и синхронизација, сето ова било брзо надминато.
Работа во тим – лекција која сите студенти ја научија
За студентите од Brainster Next College, ова беше прво искуство од ваков тип, каде требаше да работат во тим и во голема мера да зависат од работата на нивните колеги. Ова, според Ивица Пешовски, професор на факултетот е од голема вредност за нив. Тој ни објасни дека додека на факултетот повеќе се дава фокус на поиндивидиуален и персонализиран пристап, тука целосен фокус е ставен на колаборација и тимска работа.
Креирање на функционално решение за SCiDEV Албанија – зедничка цел на сите тимови
Партнер компанијата за која студентите правеа веб-апликација е од Албанија, земјата во која Brainster неодамна отвори своја канцеларија. Јана Тодоровска, лидерот на Partnerships тимот во Brainster, ни сподели дека навистина е чест што овојпат соработуваме со партнер од Албанија, каде што во моментов нашиот тим работи посветено на имплементирање на идентичниот иновативен модел за едукација, кој на младите во Албанија ќе им создаде подлога за поквалитетно образование и кариерна иднина.
Во моментов Brainster ги организира најголемите хакатони во државава и со секој следен хакатон имаме сѐ повисоки цели и очекувања, не само низ призма на број на учесници, туку и на проширување на кругот на партнери со кои работиме.
Досега студентите на Brainster Next College имаа можност да учествуваат на многу практични проекти, меѓу кои и два хакатони организирани од Brainster, учество на Startup Weekend Скопје и секако дека не запираме тука. И во оваа учебна година подготвуваме нови предизвици и практични проекти за нашите студенти.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!