Search
Контакт

Улогата на хакатоните во современото образование

На својот прв хакатон, студентите од Brainster Next College работеа на изработка на едукативна веб-платформа за клиентот SCiDEV Албанија.
prv-hakaton-na-studentite-na-Brainster-Next-College-highlights | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

За да им овозможиме уникатно и неверојатно искуство на нашите студенти употребуваме една од најмоќните „алатки“ за стекнување на знаење, справување со предизвици и решавање на реални проблеми, излегувајќи од традиционалниот амбиент што го нуди училницата – учество на 48-часовен хакатон во живо.

Она што дополнително го добиваат студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) како вредност е тоа што покрај учеството на ваков предизвик имаат можност и да работат со студенти од aкадемиите на нашиот основач, Brainster (Бреинстер), да се запознаат со нови колеги и да почувствуваат колку се важни сите аспекти од програмирањето за да станат софтверски инженер, да го проверат своето знаење, но и да научат нешто ново.

Да се потсетиме на првиот хакатон на студентите – искуство што уште долго ќе се памети

Иако дел од студентите неодамна учествуваа на својот втор хакатон, чувството од првиот ваков предизвик нема никогаш да го заборават.

На хакатонот за SCiDEV Албанија учество земаа 16 наши студенти кои заедно со студентите од 5 академии на Brainster – UX/UI дизајн, Front-End, Full-Stack, Software Testing & Project & Product Management пробуваа да изнајдат идеално решение со кое ќе го импресионираат клиентот.

Хакатонот на нашите студенти им даде можност да работат во групи, поттикнувајќи соработка, ефективна комуникација и тимска работа. Ова за повеќето од нив претставуваше највредното нешто што ќе го понесат со себе. Дел од нив ни раскажаа како се чувствувале додека работеле, со што се соочиле и беа пресреќни што имавме шанса да се подружиме со нив и да им ги дадеме сертификатите.

Давид Петковски и Мартин Цветкоски се студентите од Brainster Next College кои беа во победничкиот Тим 8 што го понуди најинвентивното решение за клиентот и заедно со колегите од  Brainster Академиите, Благој Ѓорѓиев, Моника Миленкова, Јоана Карадаковска, Панде Бојаџиев, Ѓорѓи Велковски, Андријан Тасевски, Игор Талевски, Константин Јовиќ, Елеонора Богдановска, Елвир Иљазоски, Филип Ѓорѓиевски и Сања Боцеска.

Воодушевени и со многу научени лекции – импресиите сè уште не стивнуваат

Давид е еден од студентите што учествуваше на двата хакатони во живо што досега ги огранизиравме во соработка со Brainster. За првиот хакатон ни сподели дека тоа е искуство што ќе го помни цел живот, особено затоа што имале одлична соработка со тимот.

„Како студент на Brainster Next College ги охрабрувам сите студенти да се пријавуваат за учество на хакатони. Многу луѓе гледаат на програмирањето како на нешто што е тешко да се научи, ама всушност е многу лесно. Со многу работа и во средина како што е нашиот колеџ каде што се работи со професионалци, со тим што ве следи и мотивира и се учи низ практични примери, може да се постигне сè“, вели Давид.

Тој ни сподели дека кога претходно, пред факултетот се запишал на Академија во Brainster, не знаел ништо за програмирање.

„Ако кој било се мисли, за математика, програмирање, а немал искуство…грижите да ги остави на страна“, сподели Давид.

Дамјан Петрушевски е наш студент од Куманово за кого Scidev хакатонот беше прво учество на хакатон во живо, но претходно имал искуство на онлајн-хакатон кога бил дел од Full-Stack Академијатa на Brainster каде што победил со неговата група. 


„Ова искуство го сметам како learning curve, многу интензивно и за кратко време научив доста работи што не сум ги знаел. Сакам да им порачам на сите други што сакаат да учествуваат да не се плашат, секогаш ќе имаме поддршка од менторите. Најбитно од сѐ, што се покажа битно за нас, беше да се погодиме и синхронизираме во тимот. QA тестерите на пример, многу ни помогнаа да дојдеме до главни заклучоци за нашиот проект“, ни раскажа тој.

Студентката Марија Котеска, ни раскажа дека на хакатонот се почувствувала како да е на работно место, но се разбира во позитивна смисла. 

„Преубаво искуство. Се чувствував како да сум со колеги на работа и имаме многу битна и интересна работа да завршиме. Предизвици ми беа сите нови нешта што не ги знаев, а што требаше да ги совладам и сфатив дека со многу работа, труд и колеги со кои можеш да си размениш знаења, може да се постигне тоа. Тимската работа е клучна“.

Сергеј Бојковски, Стефан Хаџи-Ефтимов и Мартина Соколеска, исто како и Давид учествуваа на двата хакатони наменети за студентите од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Сергеј и Стефан ни споделија дека тимската синхронизација била клучна и дека хакатонот ќе го паметат и по многу дружба и нови пријателства. Впрочем, тоа е и поентата на хакатоните, споделување на знаење и вмрежување.

„Искуството од хакатонот за нас беше непроценливо, затоа што имавме можност да работиме под притисок и како би се почувствувале во реална работна средина, каде што има повеќе луѓе од повеќе сфери. Учев нешто сосема ново и најважно од сѐ е тоа што по хакатонот подобро ми оди учењето на факултетот“, сподели Мартина.

Уникатни продукти за само 48 часа

На доделувањето на сертификатите за учеството на големиот хакатон, на нашите студенти им се обрати академскиот координатор Ема Кастратовиќ, која ги охрабри и во иднина да се пријавуваат на вакви настани и да им раскажат на сите колеги на факултетот за предностите од овој тип на едукација.

„Ова е првиот чекор што го имавте вие како студенти на нашиот факултет кој ви даде малку повеќе информации за тоа како фунцкионира работа под притисок за кратко време, кога треба да подготвите ваш продукт. Работевте со колеги од Академиите и сигурно забележавте дека можете да се справите со тој предизвик и за 48 часа да постигнете нешто навистина големо, односно да направите цела апликација“, им рече таа.

Нашиот тим лидер на Partnerships во Brainster, Јана Тодоровска им потенцираше на студентите дека работеле на креирање на продукт кој има огромна општествена важност и дека во иднина ќе работат на многу вакви реални проекти со кои ќе придонесат кон употреба на технологијата за бенефит за општеството.

„Нашите студенти од Brainster работат на секакви проекти, но дел од нив се т.н. tech for good, односно креирање на дигитални решенија кои придонесуваат за општеството, решенија кои помагаат на развој на заедницата и кои им помагаат на организации на кои навистина им е потребно. Вакви проекти се, и ќе бидат во примарен фокус за студентите на нашиот факултет бидејќи сметаме дека ќе им даде дополнителна мотивација“, вели Јана.

Brainster Next College има уникатна програма која е во блиска корелација со партнерите од индустријата. Ова го правиме преку задолжителни предмети со предавачи од ИТ-индустријата, работа на реални решенија кои се имплементираат во заедницата и најважно летни пракси за сите студенти кои се покажуваат како најдобри. 

„Со ваков модел, сигурни сме дека нашите студенти ќе бидат најбараните млади таленти во индустријата денес“, вели Јана.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!