Во областа на образованието, спојот на академската моќ и искуството од реалниот свет создава уникатно искуство за секој студент што не може да се научи од ниту еден учебник или книга. Предавачите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) предавањата ги збогатуваат своето оргомно искуство, практични примери од секојдневната работа, организирање работилници и интересни проекти и задачи кои ги предизвикуваат нашите студенти. Всушност, станува збор за практично учење кое повеќе личи на подготовка за идната професија отколку на меморирање на факти.
Домашни и странски предавачи со академска позадина и искуство од индустријата предаваат на Brainster Next College
Имајќи ја предвид практичноста на Brainster Next College како прв ваков ИТ-факултет во Македонија, нашите редовни професори се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата. Покрај нашите професори, некои од предметите ги одржуваат предавачи што се експерти од индустрија и кои, како вработени во нашите партнерски ИТ-компании, држат предмети што се дел од нивната секојдневна работа и експертиза, за да го доближат материјалот до студентите и да можат да им дадат слика како функционира работата во реалната ИТ-индустрија.
Покрај македонските професори и предавачи, дел од нашиот наставен кадар се и странски професори што предаваат на реномирани странски универзитети и кои држат предмети на факултетот со цел пренесување на најдобрите практики од странство кај нас. Токму тие им помагаат на нашите студенти да се сретнат со искуства од „прва рака“ и да се здобијат со знаења од страна на професионалци кои работат на иновации и платформи што го движат светот.
Знаење и искуства што не можат да се стекнат со ниту една книга или учебник
Синергијата на Brainster Next College со експерти од индустријата ги надминува границите на традиционалното образование. Работилниците, семинарите и заедничките проекти ги испреплетуваат академските теории со реалноста на различните индустрии кои постојано се развиваат. Оваа динамична размена им помага на студентите да развијат критичко размислување, им овозможува да бидат во тек со најновите трендови на пазарот и ги подготвува за предизвиците со коишто ќе се соочуваат во иднина. Тие им покажуваат и докажуваат на студентите како нештата што се учат на часовите всушност се користат во реалниот свет.
Овие експерти го премостуваат јазот помеѓу теоријата и примената, внесувајќи лекции со важност и применливост и го пренесуваат своето релевантно работно искуство на студентите. Нешто што не може да се научи од која било книга. Ниту еден студент веќе не сака да учи само теорија од книги. Brainster Next College ги следи барањата на студентите, а воедно и барањата на ИТ-компаниите што се во потрага по квалитетни и компетитивни кадри. Затоа, практиката и реалните проекти се еден од принципите на кои се фокусира Brainster Next College. Наставната програма на секој од предметите е создадена на тој начин што прво се определува што треба практично да знае студентот по положувањето на испитот, па потоа со методот на обратен инженеринг се креира програмата, при што од 50 до 70 отсто од неа е практична. Теоријата е тука за само да ѝ даде контекст на практиката.

Запознај ги дел од експертите што досега предаваа на Brainster Next College
Горјан Јовановски е еден од нашите експерти од пракса со кој студентите од првата генерација на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации навистина уживаа. Тој е креатор на познатата апликација Мој воздух, еко-активист и софтверски инженер. Горјан на студентите им го предаваше предметот Веб апликации, за кој тој доби оценка 4.97/5.
„Се изненадив од подготвеноста и желбата на студентите да учат! Се ставив во нивна улога како студент од прва година, и бев професорот што јас би сакал да го имам во тоа време. Професор што не оди по стандардите, професор кој е енергичен и предава со пасија, и професор што не лета кон небото, туку ја сфаќа сопствената улога за да им помага и ги унапредува студентите“, изјави Горјан.

Воедно, Горјан, заедно со Алекс Долстра, иницијаторот на апликацијата Breathe.mk, им беа клиенти на вториот хакатон на кој учествуваа студентите од Софтверско инженерство и иновации. Долстра исто така беше еден од гостинските предавачи кој имаше предавање пред студентите каде што зборуваше за причините зошто 75 проценти од стартапите не успеваат.
„Најголемиот проблем зошто стартапите не успеваат е тоа што голем дел од продуктите не решаваат одредена корисничка потреба, односно проблем на клиентот. Она што го гледам кај денешната младина е дека има многу креативни студенти кои се мотивирани да успеат. Она што фали во формалното образование се професори и ментори како вашиот професор Ивица Пешовски. Предавачи што ќе дадат позитивен инпут, што работат поединечно со студентите и постојано ги мотивираат и менторираат“, сподели Алекс.
Воодушевен од мотивираноста и потенцијалот на нашите студенти, Стефан Хаџи-Ефтимов и Владимир Гелов летото го поминаа на пракса во неговата компанија Tabletmenu. Стефан и Владимир се едни од најпосветените студенти на факултетот кои ги исполнија условите за добивање на можност за платена летна пракса која Brainster Next College им ја нуди на сите студентите што ќе ги исполнат условите за неа.
„За време на праксата имав задача да направам систем за апликација за резервирање. Со праксата сфатив дека можам да направам цела апликација што наскоро ќе биде пуштена во локалните ресторани за тестирање. Секако дека имав потешкотии и несигурност кога ќе се појавеше одреден проблем, но тука беа поискусните програмери што секогаш беа расположени да ни помогнат“, ни сподели Стефан.

Покрај Алекс, студентите имаа можност да научат нешто повеќе и од уште еден странски експерт. Тоа беше Дамјан Обал кој живее и работи во Норвешка. Дамјан има над 20 години работно и истражувачко искуство во областа на интерактивен графички и UX дизајн во Западна Европа, како и два докторати од реномирани светски универзитети. На студентите им го предаваше предметот Дизајн на кориснички интерфејс и им ја пренесе важноста на познавањето на UX/UI дизајнот за да се биде успешен софтверски инженер.
„За секој студент од ИТ-областа е многу важно да учи UX/UI дизајн. Ние дизајнираме, градиме и испраќаме производи и услуги кои се за луѓето. A, UX (user experience) е всушност разбирање на потребите на нашите корисници и задоволување на тие потреби со релевантни производи. Секој во ИТ-областа, без разлика дали станува збор за back-end програмер, научник за податоци или веб-девелопер, треба да биде запознаен, барем со основните принципи кои ги прават нашите производи повеќе усогласени со очекувањата на корисниците“, сподели Обал.
Негување на соработката со локалната и глобалната ИТ-индустрија
Како практичен ИТ-факултет, соработката со локалната и глобалната ИТ-индустрија е клучна уште од самиот почеток на функционирањето на колеџот. Секој пролетен семестар, еден од предметите претставува работа на реален проект, спонзориран и менториран од партнерска компанија од ИТ-индустријата. Целта на овој реален проект е сумирање и практична имплементација на знаењата стекнати од практичното и теориското полагање на сите предмети од тековната година и нивна примена во реална средина, во каква што ќе се најдат студентите по нивното дипломирање и вработување. По завршувањето на секој пролетен семестар, на сите наши студенти ќе им се понуди и практика кај нашите партнерски компании, за да го надградат знаењето добиено за време на студиската година и реалниот проект.
Комбинираната експертиза на овие професионалци, нивниот практичен пристап кон наставата и практичната примена на знаењето која ја овозможува Brainster Next College им дава можност на студентите да се стекнат со практични искуства и знаења од екперти што веќе го изоделе тешкиот пат, а воедно ги исполнуваат и барањата на индустријата обликувајќи ги умовите на идните лидери.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!