Покрај редовните професори, експертите од индустријата од земјава и од странство, нашите студенти ќе имаат шанса да учат и од гостинските предавачи по одредени предмети, кои се докажани професионалци во своите области. Тие на практичен начин ќе им ја приближат теоријата на студентите и ќе ги подготват за најбараните вештини на пазарот на труд.
Еден од нашите гостински предавачи со кој нашите студенти навистина уживаа е Горјан Јовановски, креаторот на познатата апликација Мој воздух , еко-активист и софтверски инженер. Горјан, на студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) им предаваше лекции од предметот Веб апликации.
Ова е предметот Веб апликации одблизу!
Какво беше твоето искуство како гостински предавач по предметот Веб апликации на Brainster Next College?
Искуството беше супер! Јас се изненадив од подготвеноста и желбата на студентите да учат! Се ставив во нивна улога како студент од прва година, и бев професорот што јас би сакал да го имам во тоа време.
Професор што не оди по стандардите, професор кој е енергичен и предава со пасија, и професор што не лета кон небото, туку ја сфаќа сопствената улога за да им помага и ги унапредува студентите. Во моето време како менаџер во Booking.com ја научив оваа методологија наречена servant leadership, и истата ја применив како професор на Brainster Next College. Според финалната оценка 4.97/5 од 31 студент, мислам добро ја имам применето 🙂

Што конкретно предаваше во твојот дел, односно со какви знаења се стекнаа студентите?
Мојот дел се занимаваше со основите на интернетот, HTML и CSS (дел од програмските јазици за креирање на веб-страници). Преку тоа, студентите можеа да научат како функционираат веб-страници и веб-прелистувачи, како изгледа основна структура на една веб-страница и како од дизајн да преточат во реалност една страница. За студенти кои прв пат се среќаваат со програмирање, знам дека може да е доста тешко и напорно ова, и затоа се обидував на најинтересен начин, преку примери, да го пренесам знаењето.
Како студентите ќе може практично да го применат она што ќе го научат по овој предмет?
Секој студент кога ќе сака да бара пракса, треба да прати CV. Јас одамна прекинав да го правам тоа, туку праќам моја веб-страница која ги има сите податоци, проекти и ги покажува моите знаења на дело. Истото може да го направат студентите по овој предмет, да направат свој сајт за проект, за портфолио или за фирма. А тоа значи многу, кога на иден работодавец ќе му доставиш убаво направен, дизајниран и кодиран сајт!
Што би биле твоите три поенти или совети за студентите што го учат овој предмет?
- Вежбајте секој ден, доволно е и по еден час, бидејќи само со практична работа се учи овој предмет. Нема „бубање“ над книга.
- Бидете љубопитни кон технологијата, тоа на часот и вежбите се основата, но на вас останува да барате од нас и од интернет уште повеќе.
- Одберете еден конкретен тип на сајт што сакате да го направите до крај на предметот, и полека градете го како што напредувате во предметот, применувајќи ги новите знаења секоја недела на него.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!