Search
Контакт

Пресудно за да го одберам Brainster Next College беше практичниот начин на предавање

Сергеј Бојковски е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеја успешно да ја комплетира првата студиска година.
mojata-prva-godina-sergej-bojkovski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Дефинитивно засекогаш ќе го памтам последното предавање, односно презентирањето на финалната презентација за последниот предмет од годината – Имплементација на решение“, ни сподели Сергеј.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Првата година од студиите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации помина доста интересно, практично и забавно.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Да се запишам на ИТ-факултет ме мотивираше самата иднина што ја гледам во оваа сфера и интересите што ги имам уште како мал.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Не се двоумев за во странство, сигурен бев дека сакам во Македонија. Пресудно за да го одберам Brainster Next College беше практичниот начин на предавање.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Дефинитивно засекогаш ќе го памтам последното предавање, односно презентирањето на финалната презентација за последниот предмет од годината – Имплементација на решение.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Немав некои одредени очекувања на почетокот. Прилично сум задоволен како ја поминав првата година на Brainster Next College.

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Сите предизвици со кои се соочив ги решив со многу труд и тимска работа.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток?

Најголем впечаток ми остави професорот Ивица Пешовски.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

Сите идни студенти би ги советувал да се редовни да поставуваат прашања кон професорите и да учат заедно со колегите.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!