Матеј Стоименовски ни доаѓа од СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. Тој е амбициозна и мотивирана личност и голем љубител на компјутерските науки, а во слободно време сака да црта. Уште додека бил мал се интересирал за ИТ-светот, а од октомври ќе започне со студии на првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.
Здраво Матеј. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво, јас сум Матеј Стоименовски, официјално студент на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Јас сум амбициозна и мотивирана личност и сум голем љубител на компјутерските науки, а во слободно време сакам да цртам.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. Го имав избрано природно математичкото подрачје А. Моето школување беше интересно, а воедно и предизвик само по себе поради соочувањето со новите предмети.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Јас лично нема да ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“, но сметам дека е одлична понуда и мотив за запишување на заинтересирани и амбициозни студенти.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Ја одбрав оваа студиска програма, поради тоа што уште од мали нозе сум поврзан и заинтересиран со компјутери и ИТ-светот.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Целокупно сè ми е интересно и предизвикувачки. Се надевам дека ќе го извлечам максимумот од оваа студиска програма и ќе се стекнам со нови искуства и знаења.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Јас лично би сакал да се воведе практична работа за стекнување на искуство и можеби давање на придонеси од различен тип на учениците за нивен поголем мотив и напредок. Ми се допаѓаше учењето на програмски јазици во моето училиште и спремноста на наставниот кадар.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Од професорите барам мотивираност, посветеност и иновативен пристап со учениците. Ме инспирираа неколку професори од моето средно училиште и се надевам дека такви ќе има и на Brainster Next College.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Ме инспирираат успешни и мотивирани луѓе кои ја сакат и ценат својата работа, а воедно го изградиле својот живот од нула. Од хоби би ги издвоил цртањето и правењето логоа.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
Себеси за 5 години се гледам како успешна и амбициозна личност која дотогаш ќе дипломира на Brainster Next College и ќе работи во светска признаена компанија.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!