Search
Контакт

За време на хакатонот и реалниот проект научив како теоријата да ја применам во пракса

Мартин Цветкоски е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеја успешно да ја комплетира првата студиска година.
mojata-prva-godina-martin-cvetkoski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Не ми беше во план студирање во странство. Мислам дека иднината може, но и мора да се обидеме да ја изградиме тука каде што сме. Во Brainster Next College ја видов одлучноста за тоа дека е време да се промени нешто во нашиот образовен систем во Македонија, а ние како студенти ќе се потрудиме сето тоа да го покажеме на дело“, ни сподели Мартин.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Првата година помина интензивно, со доста напорна работа, но од друга страна и многу забавно. Запознав нови личности со различни идеали и мислења. Научив многу нови нешта, не само од сферата на софтверското инженерство, туку и многу пошироко. Научив работи за кои ќе сум благодарен во текот на целиот мој живот.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Самиот факт што оваа наука никогаш не мирува и не стагнира беше доволна мотивација за мене. Знам дека со секој нов ден може да очекуваме нови и интересни пронајдоци кои ќе нè изненадат и ќе нè мотивираат за да може и ние самите еден ден да сме дел од некои нови, успешни приказни.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Искрено не ми беше во план студирање во странство. Мислам дека иднината може, но и мора да се обидеме да ја изградиме тука каде што сме. Во Brainster Next College ја видов одлучноста за тоа дека е време да се промени нешто во нашиот образовен систем во Македонија, а ние како студенти ќе се потрудиме сето тоа да го покажеме на дело.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Два моменти што би ги издвоил се хакатонот на кој учествувавме и ние студентите на Brainster Next College како и изработката на финалниот проект на крајот од прва година. Тука за првпат се сретнавме со реалноста, односно сфативме зошто ги изучуваме сите работи на факултетот и како тие се искористуваат при изработка на еден реален проект.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Моите очекувања се поклопија со реалноста. Баш излезе сè онака како што замислував. Очекував посветеност каква што досега немам видено од страна на професорите, но и тие да бараат наша напорна работа и да нè мотивираат за да ги постигнеме максималните резултати. Сето тоа се исполни.

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Мислам дека потребата да останам фокусиран и мотивиран во текот на целата година беше еден голем предизвик со кој се соочив. Но, секогаш кога ќе настапеа тешки и предизвикувачки моменти, визуелизацијата на крајната цел ми помагаше да ги пребродам нив.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток и зошто?

Искрено не би сакал да издвојам само еден професор. Би било неблагодарно од моја страна затоа што секој еден од нив имаше голем придонес кон мојот успех во претходната година и кон моето интелектуалено, но и лично растење.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

Практичната работа и интензивниот начин на учење се според мене основни фактори за да по завршувањето на студиите може да се сметаме за Софтверски инженери коишто излегуваат од студиите спремни за сите понатамошни предизвици. На идните студенти би им препорачал најпрво да го сакаат нештото што го студираат, да се пронајдат во него, да го дадат својот максимум и најважно од сè да не се откажуваат кога ќе наидат на првите препреки. За секој еден проблем постои решение!

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!