Ме инспирираат врвните иноватори на нашето време

Даниел Дечков е еден од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Дознај повеќе за него.
zapoznaj-gi-studentite-Daniel-Dechkov | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Даниел Дечков има 18 години, живее во Ресен и ни доаѓа од СОУ „Цар Самоил“. Даниел веќе ни ја покажа својата посветеност и желба да успее со тоа што освои најмногу поени на компетитивниот тест што овозможува да се искористи финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“. Генералниот менаџер на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), Александар Клашниновски, на Отворениот ден кој се одржа на 29 август му ја додели првата награда – лаптоп на Даниел, му честиташе за одличните резултати и му посака лесни и успешни студии на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

„Можноста што ја пружa Brainster Next College, за разлика од државните факултети и останатите факултети во ИТ-сферата, е нешто поразлично. Програмата што ја нуди Brainster Next College изгледа привлечна и интересна и се фокусира баш на тоа што би ми било потребно за успешна кариера како софтверски инженер“, ни сподели Даниел.

Здраво Даниел. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво, јас сум Даниел Дечков. Имам 18 години. Живеам во мало, но прекрасно гратче, Ресен. За мене би кажал дека сум многу дружељубива и амбициозна личност. Пред сè, моите амбиции се ширење на познанства, но и секако сакам да бидам успешен во својата кариера како софтверски инженер.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Јас доаѓам од СОУ „Цар Самоил“. Школувањето во ова средно училиште беше мошне добро. Причината за тоа е бидејќи Ресен е мал град и соучениците со кои ги поминав моите 4 години ги познавав и пред запишувањето во средно училиште. Исто така професорите што ни ја предаваа програмата беа многу добри и колегијални. Како мој најголем предизвик пред сè би ја ставил кризата што ја предизвика пандемијата. Замислата да бидеме затворени во своите домови и пратење на настава преку екрани на почетокот изгледаше интересна, но со тек на време сфатив дека социјалниот живот сè повеќе и повеќе ми се загрозува. Воглавно, покрај тешката состојба која ја предизвика пандемијата и која влијаеше на половина од првата и цела втора година, останатите години можам да речам дека моето искуство во средното училиште би го заокружил со една голема петка.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Јас лично, нема да ја искористам таа можност. Сепак, ова во Македонија е нешто ново и сметам дека оваа можност им пружа голема шанса на сите останати кои не се во можност да ја исплатат школарината во текот на самото студирање и им овозможува да добијат бесплатни студии кои потоа преку свој труд и работа би ги исплатиле.


Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Можноста што ја пружa Brainster Next College, за разлика од државните факултети и останатите факултети во ИТ-сферата, е нешто поразлично. Нормално, тоа не можам уште сега да го докажам, но сигурен сум дека ќе успеам да го докажам тоа. Програмата што ја нуди Brainster Next College изгледа привлечна и интересна и се фокусира баш на тоа што би ми било потребно за успешна кариера како софтверски инженер. Покрај моето учење на програмски јазици во средно образование и дополнителен курс којшто го учев краток период не сум имал шанса за повеќе да навлезам во ИТ-сферата досега.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

За мене би било праксата и останатите дополнителни активности што ги нуди Brainster Next College. Сметам дека праксата е еден од најважните аспекти за било кој студент, бидејќи таа најмногу нè подготвува за понатамошните предизвици со кои ќе се соочиме на нашите работни места.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Најпрвин, би го сменил студискиот кадар, да бидам поконкретен би го сменил начинот на работа односно би вовел повеќе примери и самостојно барање на податоци и информации, отколку пишување на домашна работа на дадени прашања коишто се дадени од страна на професорот. Второ би го променил финансискиот фонд, односно училиштата да располагаат со повеќе финансиски средства за да им овозможат на учениците подобра средина. Исто така, како голем проблем е тоа што нема меѓусебна интеракција помеѓу соучениците на време на еден час. Мислам дека тимската работа би била клучна за учениците да се стекнат добри вештини за понатамошниот живот.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

Кај професорите, најважна ми е комуникацијата што ја воспоставуваат со мене. Мене ми е мило кога ќе прашам конкретно прашање и професорот ќе ми одговори со конкретен одговор. Низ текот на средното училиште имав професор по математика којшто преку други примери што не секогаш беа поврзани со математика ни ги објаснуваше работите со цел полесно да ги разбереме. Некогаш па дури и преку смеа и забавен начин. Со помош на ваквиот пристап и секако, со вложен труд секој аспект од математиката ми стана јасен и секогаш доаѓав до решение на проблемите. Професорите на Brainster Next College знам дека ќе бидат феноменални. Не дека познавам некој од таму, туку имам такво претчуство и му верувам на тоа.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Ме инспирираат врвните иноватори на нашето време. Тие со нивниот труд успеаја да создадат парче иновација којашто ни овозможува подобра иднина или подобра сегашност. Како хоби би издвоил свирење на гитара веќе 3 години во локален бенд во Ресен именуван Пуш Пауза. Би го навел и моето учество од 8 години во фолклорно-културен ансамбал во Ресен. Исто така како хоби би го истакнал и моето 3-годишно искуство како дел од угостителството кое придонесе за ширење на моите познанства.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

Како што наведов погоре, знам дека ќе завршам како успешен софтверски инженер и ќе имам добра работна позиција што ќе ме исполнува и ќе ме прави среќен.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!