Како си поминавме на Отворениот ден на Brainster Next College

Отворениот ден на Brainster Next College се одржа на 29 август 2023 година. Прочитај како си поминавме на настанот и дознај која беше веста на денот.
kako-si-pominavme-na-otvoreniot-den-na-Brainster-Nex-College-2023 | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Многу заинтересирани и задоволни лица на идните студенти и родители, аплаузи, насмевки и дружење се дел од зборовите со кои може да се опише атмосферата на Отворениот ден на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) кој се одржа на 29.08.2023.

Бројните посетители и идни студенти имаа можност да ја слушнат инспиративна претприемачка приказна од Петар Ниновски, основачот на Brainster и Brainster Next College, да слушнат предавање од областа на софтверско инженерство и UX/UI и графички дизајн и да добијат сертификат за учество, како и да се запознаат со академскиот и административниот кадар и дел од студентите од првата генерација на факултетот.

Во продолжение, ќе се обидеме да ти доловиме дел од атмосферата и како си поминавме на Отворениот ден на Brainster Next College

Инспиративна претприемачка приказна од Петар Ниновски

Целиот настан го отвори Петар Ниновски, основачот на Brainster и Brainster Next College кој успеа на присутните да им влее храброст дека секој што сака може да изгради добра и успешна кариера, а сè што е потребно е многу труд и желба да се успее.

Се наврати и многу години наназад и ги сподели принципите и советите од своите родители што го воделе низ патот до успехот. Дел од нив се секогаш да внимава на едукацијата и етичките принципи, да презема големи чекори и да ризикува и секако, главата доле и да работи и учи во секој момент, а успехот ќе си дојде сам по себе.

Се наврати на почетоците на Brainster, лидерот во неформалното образование во Македонија. Во тој период имал само една цел – да им помогне на сите што сакаат да се стекнат со практични вештини што подоцна ќе им помогнат во кариерата, а од друга страна и да не ги изостави компаниите кои се важен дел од индустријата.

Од стартап компанија со неколку вработени во 2015 година, до лидери во образованието за само 6 години.

Поведен од проблемот што се решава со Brainster академиите и потребата за надградба на вештините и по завршени додипломски студии, во 2020 година почнува да размислува за отворање на свој факултет за директно да се решава овој проблем. Така започнува приказната за Brainster Next College.

„Со идеја да започнеме и да изградиме квалитетно образование што младите го заслужуваат се фокусиравме на квалитетна програма, вештини кои моментално се барани на пазарот на труд и креирање на мостот помеѓу образованието и индустријата“, сподели Петар во своето излагање.

Секако, се надоврза и на одлуката за нудење на финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ на секој студент на факултетот за која спомена дека е една од поголемите и похрабрите одлуки, за која и на целиот тим им било тешко да си објаснат дали е правилна или не. Но, по успешно завршената година на студентите од првата генерација на факултетот дефинитивно сме свесни дека ова е најдобрата одлука што можевме да ја донесеме – на секој иден студент да му овозможиме квалитетни студии без финансиски товар.

Својот говор, Петар го заврши со една убава новост. Оваа година, Brainster за првпат се најде на листата на Топ 500 најуспешни компании во Македонија, во конкуренција од 75000 активни компании.

Предавања за кои присутните добија сертификат за учество
Инженерски „мајндсет“ – Ивица Пешовски

Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College, во своето предавање пред присутните ги нагласи сите квалитети кои треба да ги има еден човек за да биде успешен софтверски инженер. Воедно, сите ги однесе на патување низ времето и зборуваше за важноста на писарите во Стар Египет. Луѓе што знаеле да читаат и пишуваат во тоа време и кои се сметале за двигатели на општеството. Без нив не можело да се реализира никаква транскација, немало трговија, немало правда. А, потоа направи интересна споредба со која токму тие писари и двигатели во тогашното општество ги спореди со програмерите денес. Денес програмерите се тие без кои не функционира трговијата, правото и економијата.

Што всушност значи да бидеш дизајнер – Александар Нофитоски

Александар Нофитоски е предавач на Brainster академиите за графички и UX/UI дизајн. Тој на присутните им помогна да ги разграничат улогите и разликите помеѓу графичкиот дизајнер и UX/UI дизајнерот. Воедно додаде и дека без разлика за која конкретна област на дизајнирање ќе се одлучат, нема да им биде здодевно никогаш.

„Да се биде дизајнер е можеби една од најкул професиите на денешницата“, сподели Нофитоски.

Наведе и неколку причини зошто е добро да се биде дизајнер, а некои од причините се:

  • Учењето нема никогаш да запре, секогаш ќе учиш нешто ново и интересно.
  • Да се биде дизајнер е паметна одлука за својата иднина. Секогаш ќе постои голема побарувачка за дизајнери на пазарот.
  • Да се биде дизајнер не значи да си 8 саати пред компјутер и само да дизајнираш. Оваа сфера отвора различни и интересни патеки за кариера.
  • Дизајнот ќе ги зајакне твоите вештини за решавање проблеми.
Јана Тодоровска – team lead на тимот Partnerships

Во Brainster Next College постои цел тим задолжен за вработувањата и реалните проекти на студентите.

Јана го објасни концептот на тимот Partnerships. Во тимот постојат 2 типа на програми, едниот е насочен на реалните проекти и хакатони, а другиот кон вработувањата и праксите.

Партнерската програма е одговорна за тоа што денес Brainster Next College има мрежа од 150+ партнери од кои ги добиваме информациите за што е тоа што е најбарано во моментот на пазарот на труд и токму според тие информации се креирани практичните програми на факултетот.

„Во последните 2 години, овој тим има вработено 712+ студенти, бројка што не треба да се занемарува и која ни дава поттик и алан дека знаеме што правиме. Токму ова е одговорот на прашањето зошто сме толку сигурни во нудење на загарантирано вработување за сите студенти што успешно ќе дипломираат на факултетот“, сподели Јана.

Додека пак, преку програмата за реални проекти, студентите учат како да работат за реални клиенти, да креираат реални решенија, да остваруваат контакти со партнерите уште додека студираат и да научат да работат тимски. Уште во прва година, студентите на факултетот како завршен проект имаат Имплементација на решение, предмет на којшто креираат реално решение за реален клиент. На крајот од своето излагање, Јана им го сподели и првиот проект на наредната генерација студенти – апликацијата Мој воздух. Проект кој ќе им овозможи да работат на апликација која ќе помогне за почист воздух за сите нас.

Искуства од студентите од првата генерација на факултетот
Атанасија Ѓоргиевски

Атанасија, студентка на Софтверско инженерство и иновации, а воедно и практикант во Innovations тимот на Brainster ни сподели дека првата година од факултетот била доста предизвикувачка, но истовремено и восхитувачка.

„Од учење на нови концепти и технологија, па сè до креирање на реални и иновативни проекти, секој ден си носеше нови искуства и можности за раст. Секогаш ќе ја паметам мојата прва година на факултетот по тоа што ми ги отвори вратите кон светот на новите можности и искуства“, сподели Атанасија.

Зборуваше за сите интересни и незаборавни моменти, за презентирањето на финалните проекти од последниот предмет во годината – Имплементација на решение, 48-часовниот хакатон каде што студентите требаше да изработат веб-платформа која со себе носи голема едукативна вредност, и секако ја спомена и летната пракса за која верува дека во иднина ќе и биде од големо значење.

„Очекувањата на почетокот на годината ми беа преголеми, а работната атмосфера, професорите и целокупниот кадар на Brainster Next College не само што ги достигнаа, туку и далеку ги надминаа моите очекувања“, кажа Атанасија.

Давид Петковски

Давид на идните студенти им сподели неколку совети за како да имаат најдобро студентско искуство. Ги советуваше да ги прашуваат професорите за сè што не им е јасно и да не си дозволуваат да го напуштат факултетот без да им е сè јасно.

„Сите професори се максимално посветени и трпеливи и секогаш се спремни сè да објаснат. Прашувајте сè, нема глупави прашања“, кажа Давид.

За програмата сподели дека е премногу задоволен од тоа што е прилагодена за нивна возраст и за тоа што не се учат застарени работи како на некои други факултети.

Уште еден совет кој им го даде на присутните беше да учат континуирано и да не оставаат да им се насоберат лекции пред испит.

За крај, како најомилено нешто од целата прва година ја издвои летната пракса.

„Летната пракса е одлична можност за сите студенти. Само после првата година да имаме можност да искусиме како е стварно да се работи е стварно одлично. Во Македонија многу ретко студентите после првата година добиваат можност за добра пракса, што уште повеќе ми предизвикува да го ценам секој работен ден летово“, сподели Давид.

Студиската програма по UX/UI и графички дизајн е акредитирана

Веста на денот ја сподели Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College. Тој после својот говор каде што ги објасни сите принципи на факултетот и што е тоа што нè прави поразлични, ја сподели главната вест.

„Јас ја имам честа да ви споделам, а и вие први да ја дознаете најновата вест. Студиската програма по UX/UI и графички дизајн е акредитирана и можеме официјално да запишуваме студенти на оваа програма“, изјави Александар.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!