Во месец август ја имавме честа да ги преставивме нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Дел од новостите од минатиот месец беа и претставувањето на Student Success тимот на Brainster Next College и оджувањето на Отворениот ден на факултетот. Го продолживме серијалот Запознај ги професорите, споделивме повеќе информации за уникантиот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ и ги издвоивме најважните 7 причини зошто да го решиш тестот. Го објавивме и конкурсот за упис во учебната 2023/2024 година, го завршивме серијалот Математика во Python одблизу каде што можеш да дознаеш што да очекуваш на бесплатниот онлјан курс на Brainster Next College, ги објаснивме детално дел од најбараните ИТ-професии и издвоивме 5 примени кои го прават Adobe Photoshop моќна алатка.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College
- Запознај ги студентите
На студиската програма по Софтверско инженерство и иновации веќе се пополнува последната група во која се останати само уште 9 слободни места. Го продолживме ланскиот серијал Запознај ги студентите со цел да ги претставиме нашите нови студенти кои од овој октомври ќе зачекорат низ вратите на првиот практичен ИТ-факултет и ќе го започнат своето академско искуство.

– Запознај ја Ива Чекарова
Ива Чекарова од Скопје е една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Средно училиште има завршено во Скопската гимназија „Орце Николов“, период од животот кој го опишува како предизвикувачки, но дефинитивно прекрасен. За себе вели дека никогаш нема да престане да сонува и да се стреми да ги оствари своите соништа, а единствениот збор што навистина ја опишува е амбиција.
Прочитај повеќе за Ива и зошто го одбра токму Brainster Next College.

– Запознај го Кристијан Карбевски
Кристијан Карбевски има 19 години и ни доаѓа од средното училиште ,,Коле Неделковски” од Велес. Најголема љубов му е возењето во што потполно ужива и се подобрува секој ден. Ни сподели дека му претставува огромна чест што е дел од Brainster Next заедницата и веќе е спремен да го започне новото поглавје од својот живот на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College.

Една од придобивките што ги добиваат студентите на Brainster Next College е токму индивидуалното внимание кое им се посветува од страна на целосен тим посветен само за нивното студентско искуство. Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“ како кај останатите факултети, Brainster Next College има Student Success тим чијашто цел е да ги следи и да им помага на студентите за време на целото нивно академско патување.
Дознај повеќе за Student Success тимот.

На настанот што се одржа на 29 август (вторник), присутните кандидати заинтересирани за упис и родители имаа можност да дознаат што го прави Brainster Next College поинаков од другите факултети за информатички технологии, се запознаа со дел од студентите од првата генерација на факултетот и добија сертификат за учество на интерактивни предавања од професорите и предавачите.
- Запознај ги професорите

– Ивица Пешовски
Ивица Пешовски е предавач на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, кој уште пред почетокот на предавањата, за време на ланскиот Отворен ден на Brainster Next College, ги освои срцата на студентите токму со неговата непосредност, пријателски однос и пасија за пренесување на знаењето.
„Најдобар професор, навистина пробува да нè спреми за реалниот свет и секогаш обрнувам внимание на неговите часови“, сподели Лео Новкоски, студент на Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College.

– Никола Кусибојоски
Никола Кусибојоски е искусен и мотивиран веб-девелопер, особено умешен во Back-Еnd технологиите кој со задоволство сите свои знаења и вештини ги пренесува на студентите на Brainster Next College.
Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Никола со оценка 4.73.
„Уште еден многу вреден професор кој се труди навистина да нè научи, а не само да добиеме добра оценка“, вели Никола Јованов, студент на Brainster Next College.

„Студирај сега, плаќај по вработување“ е флексибилен модел на финансирање на твоите студии кој започнува по твоето дипломирање или вработување – во било која фаза на времетраење на твоите студии или пак по нивното завршување и нуди флексибилност во однос на исплаќањето на школарината.
Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации или UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College и да ги поминат три-годишните студии без никакво финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сè додека не дипломираат или не се вработат.

Целта на создавањето на Brainster Next College е да се надмине оној јаз кој е настанат помеѓу реалната потреба за вештини на пазарот на труд и моменталната понуда на студиски програми во рамки на високообразовниот систем, преку нудење на студиски програми и курикулум кој е во тек со глобалните трендови и креиран во соработка со ИТ-индустријата. Додека пак, причината поради која го нудиме овој финансиски модел е да им овозможиме на сите студенти, без разлика на финасиската состојба да можат да си дозволат да студиираат на современи и квалитетни додипломски студии.

Пријавувањето на кандидатите за упис на факултетот се врши во целото времетраење на конкурсот, а првиот уписен рок се затвора на 1 октомври 2023.
На студиската програма по Софтверско инженерство и иновации се останати само уште 9 слободни места. Не дозволувајте друг да го земе вашето место на првиот практичен ИТ-факултет кај нас, аплицирајте веднаш.
Целиот конкурс можеш да го прочиташ ТУКА.

- Математика во Python одблизу
– Алгебра
– Калкулус
– Веројатност
– Математички низи
Почни да учиш сега.
- Дознај повеќе за најбараните ИТ-професии
– Software Testing
– UX/UI и графички дизајн

Во денешната дигитална доба, каде што визуелната комуникација игра клучна улога, пристапот до моќен софтвер за дизајн е од клучно значење. Помеѓу безбројните достапни опции, Adobe Photoshop се издвојува како водечки уредник на растерска графика во индустријата, кој им овозможува на уметниците, дизајнерите и креативните професионалци да ја оживеат својата имагинација. Во овој блог пост, ќе ги истражиме извонредните карактеристики и разновидност на Adobe Photoshop и како тој може да ги поттикне поединците да го отклучат својот креативен потенцијал.
Дознај повеќе што го прави Adobe Photoshop моќен софтвер.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!