Првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2023/2024 година.
Современа додипломска студиска програма по Софтверско инженерство и иновации
Brainster Next College оваа година ќе запише 75 студенти во првата година на студии, на акредитираната студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, која трае 3 години и преку која студентите по дипломирањето ќе се стекнат со 180 ЕКТС и диплома за завршени додипломски студии со стручен назив Дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации.
Работа на реални проекти и пракса кај партнерски компании
Покрај тоа што студиската програма е креирана во соработка со компании од ИТ-индустријата и според реалната потреба за квалификувани кадри во областа на информатичките технологии, таа нуди и практично и применето образование преку современа методологија, работа на реални проекти и пракса кај партнерски компании.
Уникатен финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето“
Brainster Next College нуди повеќе опции на плаќање на годишната школарина – меѓу кои и уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, кој им овозможува на студентите да студираат за 0 денари во текот на целите студии и да почнат со отплаќање на школарината на бескаматни рати дури по дипломирањето или вработувањето.
Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College без да имаат финансиско оптоварување за време на целокупните студии.
Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Сè што треба да направи секој што е заинтересиран за оваа можност и студии на првиот практичен ИТ-факултет во Македонија е да се регистрира на нашата платформа и да го реши квалификациониот тест кој е составен од 40 логички прашања.
Уписи на Brainster Next College
Пријавувањето на кандидатите за упис на факултетот се врши во целото времетраење на конкурсот, а првиот уписен рок се затвора на 1 октомври 2023.
На студиската програма по Софтверско инженерство и иновации се останати само уште 9 слободни места. Не дозволувајте друг да го земе вашето место на првиот практичен ИТ-факултет кај нас, аплицирајте веднаш.
Целиот конкурс можете да го прочитате ТУКА.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!