Кристијан Карбевски има 19 години и ни доаѓа од средното училиште ,,Коле Неделковски” од Велес. Најголема љубов му е возењето во што потполно ужива и се подобрува секој ден. Ни сподели дека му претставува огромна чест што е дел од Brainster Next заедницата и веќе е спремен да го започне новото поглавје од својот живот на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
„Можноста „Студирај сега, плаќај по вработување” е најпозитивната страна на Brainster Next College, после извонредното знаење и способност за работа што го стекнуваме. Сметам дека оваа иновативна идеја ќе им го олесни студирањето на многу амбициозни студенти што поради својата финансиска положба не можат да си го дозволат“, вели Кристијан.
Здраво Кристијан. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво, јас сум Кристијан Карбевски, имам 19 години и доаѓам од Велес. Навистина ми претставува огромна чест што сум дел од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College и сум спремен да го започнам ова ново поглавје од својот живот. Во изминатите четири години од моето средно стручно образование успеав делумно да навлезам во програмерскиот свет, што беше еден од моите главни интереси. Сепак како и секој човек на моја возраст, имам разни хобија и работи во кои уживам. Секогаш максимално се трудам да ги завршам своите обврски навреме, со цел да имам време за сè – работа, учење, посветување време на семејството и пријателите и најбитно, слободно време за самиот себеси. Го практикувам балансираниот начин на живот, затоа што сметам дека така добивам најдобри резултати од секоја завршена работа. Среќен сум што ми е пружена приликата да се запознаам со секој од вас и да стекнам доста нови пријателства во текот на новата учебна година. Досега сум целосно задоволен од припремената студиска програма и се надевам дека многу ќе се дружиме!
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од средното училиште ,,Коле Неделковски” од Велес каде што го изучував смерот ,,Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“. Средното училиште ќе го паметам како едно убаво искуство преку кое се соочив со разни предизвици кои ми помогнаа да ја изградам посакуваната верзија од себе. Благодарение на смерот што го избрав се стекнав со повеќе знаења од информатиката, па така навлегов во светот на програмирањето.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Можноста „Студирај сега, плаќај по вработување” е најпозитивната страна на Brainster Next College после извонредното знаење и способност за работа што го стекнуваме, така што со сигурност ќе ја искористам. Сметам дека оваа иновативна идеја ќе им го олесни студирањето на многу амбициозни студенти што поради својата финансиска положба не можат да си го дозволат. Покрај финансиската поддршка дава и голема мотивација за секој студент да се фокусира на образованието и да биде целосно способен и спремен за вработување веднаш после студиите.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Кариерата во овој правец е доста перспективна, но сепак тоа не е главната причина. Во последните 4 години од моето средно образование бев целосно навлезен во ИТ-светот, успеав да се соочам со разни нови информации што дотогаш за мене не биле познати, па би сакал своето знаење да го проширам колку што е можно повеќе. Сметам дека изборот на овој кариерен пат воопшто не е лесен, но спремен сум да се соочам со сите предизвици и да бидам целосно посветен за стекнување на знаења за работа во оваа сфера.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Од оваа студиската програма мене најмногу ми се допаѓа праксата, поради тоа што преку неа директно се соочуваме со проблематиката што ни е зададена. Па така можеме да го искористиме не само нашето теоретско знаење, туку и способноста што сме ја стекнале надградувајки се во струката која сме ја избрале.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Во нашето образование за почеток би го намалил високиот фонд на часови во текот на неделата и исто така би го отстранил непотребниот материјал за учење, сè со цел да може секој ученик да се фокусира максимално на стекнување потребни и неопходни знаења како би биле целосно способни и спремни за работа во избраната област. Воедно, би додал и повеќе практична работа за учениците.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Според мене најважен квалитет што треба да го поседува еден професор е способноста да го пренесе своето знаење на наједноставен и разбирлив начин пред своите ученици. Покрај тоа да ги мотивира учениците да ја разберат суштината на предметот што го предава, а воедно и да им помогне да разберат како на правилен начин да го употребат стекнатото знаење од истиот.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Уште од најмала возраст возењето за мене претставуваше најголема љубов, нешто во што потполно уживам и се подобрувам секој ден. Возењето не само што прави да се чувствувам исполнето и среќно туку ми помага да согледам дека треба максимално да уживаме чекорејќи по секој пат од животот кој претставува една голема авантура, без разлика колку е далеку или блиску нашата цел.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
Знаењата со кои ќе се надградам на додипломските студии на Brainster Next College се од голема важност за добар развој на мојот кариерен пат понатаму во животот. Напорно ќе работам на подобрување на своите способности за работа во ИТ-светот, но кога би морал да ставам фокус на посебен дел, би сакал тоа дабиде Full-Stack Development.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!