Мотивација ми е чувството на гордост кога ќе успеам во нешто

Ива Чекарова e една од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Дознај повеќе за неа.
zapoznaj-gi-studentite-Iva-Chekarova | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Ива Чекарова од Скопје е една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Средно училиште има завршено во Скопската гимназија „Орце Николов“, период од животот кој го опишува како предизвикувачки, но дефинитивно прекрасен. За себе вели дека никогаш нема да престане да сонува и да се стреми да ги оствари своите соништа, а единствениот збор што навистина ја опишува е амбиција.

„Она што најмногу ме привлече кај оваа студиска програма не беа предметите, наставниот кадар или праксата одделно. Тоа беа сите набројани заедно. Предметите кои звучат особено предизвикувачки и интересни, наставниот кадар кој нуди професионалност, искуство и едукација, како и праксата која е нешто што фали на многу други факултети. Сето ова прави една одлична целина и атмосфера за работа и учење“, ни сподели Ива.

Здраво Ива. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Хелоууу! Јас сум Ива Чекарова. Имам 19 години и доаѓам од Скопје. Јас сум едно амбициозно девојче со куфер полн желби и амбиции. Кога сме веќе кај куферите, доколку сакате да ме запознаете најверојатно треба да споменам дека обожавам да патувам. Во слободно време се занимавам со манекенство и моделинг, цртам, истражувам и сакам постојано да се дружам.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Доаѓам од средното училиште Орце Николов. Избор за кој бев сигурна уште од шесто одделение за кој не се покајав. Средното училиште можам слободно да го именувам како еден прекрасен период од животот. Сметам дека во тој период испишав една прекрасна приказна што ќе остане врежана за секогаш. Се разбира, си имав и јас свој успеси и падови, но секогаш сум размислувала на “feeling-от” што ќе го имам откако ќе поминам некоја препрека. Ова особено се однесува на периодот со пандемијата кога онлајн наставата ми претставуваше особена демотивација. Но, на ваквите нешта секогаш сакам да гледам само како еден предизвик и излегување од зоната на комфорт, па токму и така успеав да го поминам тој период без да се рефлектира на мојот успех.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Да, за првата година од студиите се одлучив за можноста „Студирај сега, плаќај по вработување”. Сметам дека е одлична прилика за студентите. Како што знаеме, Brainster Next College нуди единствен начин на едукација, па со постоењето на можноста ,,Студирај сега, плаќај по вработување”, факултетот ќе им понуди квалитетни студии и на најблескавите таленти, притоа нудејќи им значителна финансиска поволност.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Порано и немав баш некој посебен интерес во оваа сфера. Но, како што напредува технологијата почна и кај мене да се јавува интерес за тоа што стои позади сето тоа, како некој успева да испрограмира нешто и слично. Светот дефинитивно се движи во правец на технологијата и сметам дека токму во оваа сфера на професии никогаш нема да бидат доволно вработени. Освен тоа, овој кариерен правец е далеку од лесен и претставува вистински предизвик, а јас обожавам предизвици.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Можам да кажам дека она што најмногу ме привлече кога е во прашање оваа студиска програма не беа предметите, наставниот кадар или праксата одделно. Тоа беа сите набројани заедно. Предметите кои звучат особено предизвикувачки и интересни, наставниот кадар кој нуди професионалност, искуство и едукација, како и праксата која е нешто што фали на многу други факултети. Сето ова прави една одлична целина и атмосфера за работа и учење.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Да бидам искрена, бидејќи учев во гимназија, да имам моќ би го сменила изборот на смерови. Сметам дека би било убаво да може да се одбере смер уште од прва година, а не подоцна во трета. Вака како што е досега, без разлика дали си заинтересиран за музика, математика, уметност, биологија, физика или хемија, првите две години сите ги изучувате истите предмети, а се разбира полесно и поинтересно е кога учиш нешто што те интересира.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?

Нормално, најважно кај професорот е да поседува знаење. Но, она што го научив досега е дека освен што треба да го поседува тоа знаење, треба да знае и како да го пренесе на друг. За тоа особено помага пријателскиот однос со учениците, разбирањето и толеранцијата. Да може секојдневниот живот да се спои со наставата. Досега запознав неколку такви професори за време на моето образование и токму такви професори би сакала и верувам дека ќе имам и на Brainster Next College.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Во животот инспирација барам во себе. Се водам од мислата секој следен пат да сум подобра од претходниот, да си покажам и себеси и на останатите која сум, колку можам и колку знам. Можам да кажам и дека мотивација ми е чувството на задоволство и гордост кога ќе успеам во нешто. Би сакала секогаш да се чувствувам така. За инспирација ми помага и тренинг. Не можам да не сум физички активна, во денот морам барем да прошетам, а некогаш ваквите прошетки знаат да бидат доста инспирирачки и опуштачки, го одмараш и празниш умот, за после одново да го наполниш.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

За пет години себеси се гледам како работам на патот на остварување на сите свои амбиции. Се гледам со завршен факултет и успешно вработена и задоволна од она што дотогаш сум го постигнала. Се гледам сè уште учејки нови нешта од ден во ден.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 9 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!