Завршувањето на средното образование е еден од највозбудливите периоди за секој ученик, исполнето со многу учење, пријателства и прашања поврзани за идните студии и најперспективните кариерни можности.
Доколку сè уште размислуваш кој е твојот следен чекор по завршување на средното образование – не грижи се, бидејќи големи се шансите и твоите врсници да се соочуваат со истиот предизвик.
Живееме во време на дигитализација, а вештините на денешницата не соодвествуваат на работните позиции на иднината. Токму и со таа цел е созаден Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – да го намалиме јазот помеѓу знаењето и вештините и реалните барања на индустријата, а со тоа и да им помогнеме на сегашните матуранти и идните студенти да ја донесат правилната одлука за нивниот следен чекор.
Притоа, со цел да им овозможиме квалитетно образование на студентите олеснувајки им го финансискиот товар за истото го создадовме проектот Join Generation Next – „Студирај сега, плаќај по вработување“, проект кој е единствен од ваков тип во Македонија.
Тоа значи дека Brainster Next College им овозможува на матурантите и идните студенти да добијат можност да станат дел од новата генерацијана студенти коишто ќе започнат со студиите оваа есен, а целокупните студии ќе можат да почнат да ги исплаќаат по вработувањето, без дополнителни трошоци, на бескаматни рати. Сето ова е со цел Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, да им помогне на идните студенти полесно да обезбедат сигурна кариера и подобра иднина.
Целта на овој проект е да ги пронајдеме матурантите и младите лица кои сакаат да зачекорат во професиите на иднината, а се одликуваат како проактивни, амбициозни и доволно мотивирани за да се соочат со предизвикот, како и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток.
Што претставува моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“?
„Студирај сега, плаќај по вработување“ е флексибилен модел на финансирање на твоите студии кој започнува по твоето дипломирање или вработување – во било која фаза на времетраење на твоите студии или пак по нивното завршување и нуди флексибилност во однос на исплаќањето на школарината.
Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации или UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College и да ги поминат три-годишните студии без никакво финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сè додека не дипломираат или не се вработат.
Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Поради тоа, условот за да се стекнеш со оваа можност и да ја искористи оваа уникатна поволност е да се вклучиш во квалификационо тестирање за компетенции и способности. Тестот е достапен на платформата generation.next.edu.mk, а се состои од 40 логички прашања кои треба да ги решиш за 45 минути.
Повеќе за компетитивниот тест
Решавањето на тестот за компетенции со кој ќе имаш шанса да добиеш можност да студираш на Brainster Next College и да го искористиш уникатниот модел за финансирање на студиската програма Софтверско инженерство и иновации или UX/UI и графички дизајн, воопшто не е комплициран процес, но она што треба да го знаеш е дека е потребна посветеност и време во кое ќе можеш максимално да се посветиш на тестот. И, тоа што треба да го знаеш е дека квотите на двете студиски програми се ограничени и слободните места брзо се пополнуваат. Останати се само уште неколку слободи места во последните групи, затоа дознај на кој начин се одвива тестирањето и побрзај да го решиш тестот.
Преку платформата којашто ја создадовме, потенцијалните студенти ќе можат да одговорат на вкупно 40 прашања и да ги стават на тест своите вештини. Сите учесници ќе имаат на располагање 45 минути за решавање на тестот.
Дополнително, доколку истече времето за решавање на тестот, тестот се затвара и корисникот нема да може да продолжи понатаму. Тестот нема да биде земен предвид доколку истече времето и не се комплетирани сите прашања.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, а за студиската програма по Софтверско инженерство и иновации е останата само уште 1 група! Реши го тестот сега!