На настанот, што ќе се одржи на 29 август (вторник) со почеток во 17:00 часот, сите заинтересирани кандидати за упис и родители ќе имаат можност да дознаат што го прави Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) поинаков од другите факултети за информатички технологии, а ќе може да присуствуваат на интерактивни предавања од професорите и предавачите.
Што работи еден софтверски инженер, дали само решава проблеми и како функционира неговиот „мајндсет“? Каква е улогата на графичките и UX/UI дизајнери во креативниот дигитален свет и што е потребно за да се успее како претприемач во Македонија?
Ова се само дел од интересните предавања што ќе имаат можност да ги слушнат присутните на Отворениот ден на првиот практичен ИТ-факултет кај нас, Brainster Next College, што ќе се одржи на 29 август од 17 часот во нашите простории.
На Отворениот ден посетителите ќе имаат можност да се запознаат со академскиот и административниот кадар што ќе ги води студентите низ целото академско патување, ќе има кариерно советување за сите што се прашуваат дали и која професија во ИТ-светот е вистинскиот избор за нив, како и инфо-сесии поврзани со уписите, студиите, студиските програми, предметите и практичната настава.
Сертификат за учество на предавање
Покрај ова, сите заинтересирани ќе имаат можност да учествуваат на едно или повеќе интерактивни предавања од страна на професорите и предавачите – реномирани експерти во својата област, и да стекнат сертификат за учество.
Посетителите ќе можат да ја слушнат инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на Brainster (Бреинстер) и Brainster Next College, а Ивица Пешовски кој е еден од најдобро оценетите предавачи на факултетот од страна на студентите, ќе објасни како функционира мозокот на инженерите, односно коj начин на размислување овозможува да се стане успешен софтверски инженер.

„Работа на еден софтверски инженер не е исклучиво да решава проблеми како што често може да се слушне. Софтверските инженери во себе имаат канвас со бескрајни можности. Нивната пасија за технологија, иновација и доживотно учење е она што го пополнува тој канвас“, ни сподели Пешовски.

Александар Нофитоски, експерт од индустријата ќе има предавање на тема: „Што всушност значи да се биде дизајнер“ и која е нивната улога во денешните креативни индустрии.
„Ќе зборувам на темата и зошто сме ние битни како креативци за кој било бренд и компанија, што е дизајнерот и какви вештини треба да поседува. И секако што работиUX/UI дизајнерот и зошто е нивната улога толку важна во дигиталната ера“, вели Нофитоски.
Практичен ИТ-факултет, соработка со партнерски компании
Она што е особено значајно е дека присутните ќе имаат можност и да се запознаат со улогата на тимот Partnerships и како тие придонесуваат за Brainster Next College да биде практичен факулет.
Присутните ќе можат да донзаат на кои реални проекти работат нашите студенти, кои се можностите за учество на хакатони, зошто нудиме платена пракса во компании по завршувањето на првата година од студиите и која е улогата на професорите и предавачите кои се експерти од индустријата“, вели Јана Тодоровска која го води тимот Partnerships.
Brainster Next College лани ги отвори вратите за првата генерација студенти кои се запишаа на програмата Софтверско инженерство и иновации. Од годинава ја нудиме и додипломската студиска програма Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии која е во процес на акредитација.
Покрај уникатните додипломски студиски програми, го нудиме и финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, која на сите заинтересирани кандидати им нуди можност да студираат за 0 денари, а школарината да ја исплаќаат на бескаматни рати после дипломирање или вработување. Конкурсот за упис е објавен, а заинтерсираните за упис и користење на оваа поволност потребно е да го решат компетитивниот тест.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Отворениот ден ќе започне во 17:00 часот на 29 август во просториите на Brainster Space, на ул. Васил Ѓоргов 19 (Капиштец, спроти Зебра).