Научи математички низи со бесплатниот курс Математика во Python

Онлајн курсот Математика во Python е со вредност од 700 евра, но Brainster Next College го нуди целосно бесплатно. Дознајте што ќе научите во десеттиот модул.
matematika-vo-python-matematicki-nizi | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Курсот Математика во Python го создаде Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ.

„Знаењата од курсот се основа за понатамошни студии во STEM областите, кариерни патишта и способност за справување со комплексните предизвици во различни области“, изјави Петар Јолакоски.

Во овој последен дел од курсот ќе учите за математичките низи. Во математиката, низа е колекција на објекти во кои се дозволени повторувања и редослед на работите. Секое пресликување од множеството на природните броеви во некое множеството M се вика низа.

Исто така, низите чии елементи се поврзани со претходните елементи на директен начин често се дефинираат со помош на рекурзија. Ова е друг начин на размислување за низите. Рекурзивната функција е функција дефинирана во однос на себе преку авто-референцијални изрази. Ова значи дека функцијата ќе продолжи да се повикува додека не се исполни некој услов за да се врати резултат.

Во текот на видеата ќе научите што претставува аритметичка низа (прогресија). Потоа, ќе биде решен конкретен пример на два начини: for циклус и рекурзивна функција. Следно, ќе научите што претставува геометриска низа (прогресија) и ќе биде решен конкретен пример на два начини како претходно: for циклус и рекурзивна функција. На крај, ќе се решат конкретни барања за аритметичката и геометриската прогресија и ќе научите како се решаваат барања за некоја ваша конкретно математички дефинирана низа, во однос на некој нејзин член или збир од членови.

Бесплатниот онлајн курс Математика во Python е креиран од Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College, со цел да им овозможиме на сите идни студенти да добијат подобра математичка основа за на факултет и брзо и лесно совладување на математички предизвици.

Почни со учење сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!