Search
Контакт

„Студирај сега, плаќај по вработување“ е одлична и стимулирачка понуда

Сара Киселовска e една од студентите на додипломската студиска програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Дознај повеќе за неа.
zapoznaj-gi-studentite-Sara-Kiselovska | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Сара Киселовска од Скопје има 19 години и ни доаѓа од СГГУ ,,Здравко Цветковски”. Таа е ведра и оптимистична личност која сака тимска работа и едвај чека да започне со тимските проекти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Програмата и праксата се тоа што најмногу ми се допаѓа во оваа студиска програма на Brainster Next College. Праксата е најважна во изучување на една наука и те подготвува за конкретни предизвици, а оваа програма нуди многу пракса“, ни сподели Сара.

Здраво Сара. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво! Јас сум Сара Киселовска имам 19 години и живеам во Скопје. Пријателите за мене велат дека сум ведра и оптимистична личност со постојана насмевка на моето лице. Сакам тимска работа, дружба и забава.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Средно училиште завршив во СГГУ ,,Здравко Цветковски”. Сите 4 години ќе ги паметам цел живот. Секоја година си имаше свoја приказна. Почетокот и крајот ми беа најинтересни. Од нови познанства, нова средина за работа и нови професори преку онлајн наставата до матурските испити, забавата и пријателства за цел живот.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Јас лично нема да ја искористам оваа понуда, но „Студирај сега, плаќај по вработување“ е одлична и стимулирачка понуда. Дава доверба во Brainster Next College и во професијата која се студира, со тоа што дава сигурност за идно вработување и кариера.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за UX/UI и графички дизајн, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во оваа сфера?

Отсекогаш ме привлекувале убаво дизајнирани презентации. Постојано се трудев моите презентирања во училиште да бидат најинтересни и впечатливи. Убедена сум дека мојата идна професија треба да биде поврзана со студиската програма UX/UI и графички дизајн затоа што многу сакам да експериментирам и креативно да создавам. Досега имам посетено неколку курсеви поврзани со графичкиот дизајн.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Програмата и праксата се тоа што најмногу ми се допаѓа во оваа студиска програма на Brainster Next College. Праксата е најважна во изучување на една наука и те подготвува за конкретни предизвици, а оваа програма нуди многу пракса.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Најпрвин би ги променила наставните програми, да бидат современи и актуелни. Потоа поголем дел од предметите би ги ставила да бидат изборни како би можел секој да го изучива она што најмногу го привлекува. Исто така би вовела многу повеќе практична и истражувачка работа. Во моето училиште ми се допаѓаа тимската работа и изработката на матурската проекна задача.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?

Секако дека секој ученик сака професор на кој може да му се обрати за помош и совет при совладување на нставните содржини, професор кој е отворен за соработка, а не само предавач и оценувач. Верувам дека професорите на Brainster Next College се комуникативни и креативни како што е и програмата UX/UI и графички дизајн.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Инспирација во животот ми беа победите и медаљите кои ги освојував во повеќе спортови. Сега слободното време сакам го поминувам со моите пријатели кои ме инспирираат и ми даваат енергија.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

За 5 години се гледам себеси како дипломиран графички дизајнер кој води успешна дизајнерска фирма и изработува проекти за големи светски компании.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 4 слободни места на студиската програма по UX/UI и графички дизајн, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!