Search
Контакт

Brainster Next College успеа да ги надмине моите очекувања

Филип Ѓоргичков е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеа успешно да ја комплетира првата студиска година.
mojata-prva-godina-filip-gjorgichkov| Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Воопшто не се двоумев помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија, бидејќи Македонија конечно понуди факултет што ги задоволуваше сите мои побарувања, а тоа беше Brainster Next College! Пресудно за да се запишам на овој факултет беше самиот пристап на изучување на предметите и фактот што ќе учиме од up to date ресурси“, ни сподели Филип.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Повеќе од задоволен! Пред сè секоја чест на Brainster Next College за успешно завршена прва година, беше доста интересна и предизвикувачка. Имав многу ups and downs, но успеав лесно да ги пребродам со помош на одличната комуникација и достапност на професорите, како и на моите колеги. Се запознав со светот на Web Development, архитектурата на самите компјутери, важноста на UX/UI дизајнерите и софтвер тестерите. Голем впечаток ми остави предметот Линеарна алгебра, бидејќи беше изучуван со помош на програмскиот јазик Python. Ист впечаток ми остави и предметот за soft skills, бидејќи изучувавме работи кои на секого ќе му помогнат да се истакне во било која област. Исто така бев и дел од најголемиот хакатон на Brainster досега, што би го опишал како одлична можност за стекнување со ново знаење, но и можност практично да се примени сето досегашно знаење. Како последен предизвик за прва година беше предметот Имплементација на решение, за кој вложивме многу часови работа, дружба и забавни моменти со колегите и професорите!

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Самиот факт што пораснав со компјутери беше доволно за да продолжам во таа насока.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Воопшто не се двоумев помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија, бидејќи Македонија конечно понуди факултет што ги задоволуваше сите мои побарувања, а тоа беше Brainster Next College! Пресудно за да се запишам на овој факултет беше самиот пристап на изучување на предметите и фактот што ќе учиме од up to date ресурси.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Хакатонот! Самиот хакатон беше одлична можност да го применеме тоа што го имаме изучено, но и да се стекнеме со ново знаење. Но, тој не се состоеше само од тоа, пред сè се запознав со нови луѓе од истата област и сфатив колку е важна комуникацијата помеѓу сите членови од тимот.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Моите очекувања беа дека ќе има одлична комуникација со професорите и колегите, и дека ќе има позитивна средина за учење и работа. Brainster Next College успеа да ги достигне, но и да ги надмине моите очекувања!

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Најголем предизвик со кој се соочив беше UX/UI дизајн. Беше нешто сосема ново за мене. Морав да посветам повеќе време и труд за да го совладам материјалот, во споредба со другите предмети. Имав доста помош од самиот професор, но и од колегите, со што успеав да се справам со сите пречки.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток?

Ивица Пешовски! Начинот на кој ги предаваше предметите со возбуда и пасија во неговиот глас, беше доволен за да ја препознајам неговата љубов кон оваа област. Користеше различни ресурси и начини за да го пренесе своето знаење и да ги направи самите предавања интересни. Токму заради него се одлучив да се запознаам со светот на Linux. Индиректно ми даде мотивација да истражувам повеќе и за други области. Голема благодарност до него. Овде исто така морам да го спомнам и пофалам Петар Јолакоски! Тој ми остави голем впечаток бидејќи успеваше да дојде до многу различни примери, со цел да ни го приближи материјалот.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

Најлесен начин да се совлада целиот материјал е со конзистентност. Најбитно е да имаш цели. Треба да дадеш сè од себе и кога си најмалку мотивиран. Сето ова можеби звучи клише, но навистина е толку едноставно. Hardwork е единственото нешто што ќе те одведе до местото каде што сакаш да стигнеш. На идните генерации би им препорачал да ја користат Помодоро техниката додека учат. Лично ја користам повеќе од 3 години и можам да кажам дека доста добро функционира.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!