Прв хакатон на студентите од Brainster Next College – здружени со иста енергија и победнички дух

Нашите студенти, здружени во 8 тимови со студенти од Brainster Академиите, 48 часа работеа на изработка на едукативна веб-платформа за клиент од Албанија.
prv-hakaton-za-studentite-na-Brainster-Next-College | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Студентите од Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) изминатиот викенд го имаа своето прво неверојатно искуство што ќе го паметат уште долго време – учество на досега најголемиот Brainster (Бреинстер) хакатон што броеше над 140 учесници.

Тие здружени во 8 тимови, работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која како финално решение ќе претставува единствена платформа од ваков вид за студенти. 

Brainster во партнерство со SCiDEV Албанија го организираше најголемиот хакатон во живо, на кој покрај нашите 16 студенти, учество земаа и студенти од 5 академии на Brainster – UX/UI, Front-End, Full-Stack, QA & Project & Product Management.

140 учесници, многу желби за професионален и кариерен напредок, но и за победа


Хакатонот го отвори Јана Тодоровска, team lead на Partnerships тимот во Brainster. Таа потенцираше дека ова е првиот хакатон во живо за оваа година, а воедно и досега најголем хакатон на Brainster и генерално, во регионов.

„Ова е прв хакатон за техничките академии на Brainster и особено ни е драго што за првпат ни се придружија и студентите од Brainster Next College, како засилување на тимовите од Академиите. Нашите студенти работеа на креирање на веб-платформа која со себе носи голема едукативна вредност, односно оваа платформа ќе придонесе кон олеснување и автоматизирање на процесот на креирање на настани фокусирани на едукација, слични на нашите хакатони. Со други зборови, преку технологија и иновации заедно со нашите студенти промовираме едукација преку креирање на tech решение за едукација. Со само два, три клика секој корисник ќе може да креира настан за повеќе од 200 луѓе истовремено”, рече Јана.

Каква беше еуфоријата на првиот хакатон за студентите на Brainster Next College?

Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин…Ова беа најчесто изговорените зборови што ги слушнавме од учесниците. 

Стотици таленти собрани на едно место, секој со различни технички познавања и специјалности, но сите со ист ентузијазам и желба да го завршат хакатонот побогати со ново искуство, но и пријатели.

Кај голем дел од нив низ нашите разговори преовладуваше возбуденост, глад за нови знаења, но и одлучноста да го извлечат најдоброто од себе и од тимот.

Она што доминираше во текот на 48 часа работа во живо беа насмеаните ликови, посветеноста на проектот и ентузијазмот. И покрај посочувањето на поголемиот дел од учесниците дека тука се за да научат нешто ново, да запознаат нови луѓе и да го усовршат своето знаење, желбата за победа беше видливо присутна кај секој тим, а компетитивноста помеѓу тимовите беше токму тоа што го направи овој хакатон уште поинтересен и повозбудлив.

Прочитај што ни споделија студентите од Brainster Next College кои за првпат се најдоа во ваква средина и имаа шанса да учат од менторите заедно со студентите од Brainster Aкадемиите

„Искрено многу едноставно и брзо се пронајдовме со тимот, полесно отколку што мислевме. Со оглед на тоа дека на факултетот се проучуваат неколку предмети, тука сум во можност да сфатам и делови од повеќе сфери, не само Back-End, Front-End и UX/UI, туку дури и во софтвер тестинг што во моментов ни е предмет што почнавме да го учиме. Се чувствувам многу исполнето и убаво што сум тука. Знаењето и искуството што ќе го понесеме оттука е непроценливо. И секако, одиме на победа. Очекуваме да победиме. И менторот е многу посветен, ни рече без победа не си одиме оттука“, ни раскажа Давид Петковски.

„Учиме многу нови работи од колегите од Академиите. Менторите ни се од огромна помош, навистина сме презадоволни. И нескромно кажувам дека очекуваме победа, тимот е подготвен”, сподели Сергеј Бојкоски. 

„Ова е за нас ново искуство, но брзо се вклопивме со колегите од Aкадемиите, се надополнуваме во различни области и функционираме одлично”, рече Костадин Веселинов.

„Првенствено мислев дека нема да можам да се вклопам во овој проект, затоа што знаењето не ми беше баш соодветно и доволно за овој проект, но се поделивме соодветно на она што на секого најмногу му лежи. Воеднo, низ тој процес, си помагавме еден на друг, се надополнувавме и учевме нови работи. Најголем предизвик беше да се синхронизира тимот и да функционира како едно”, ни изјави Мартин Цветковски.

„Во тимот си ги поделивме обврските онака како што сметавме дека најмногу тимски ќе ни одговара. Можев да работам и како дизајнер, но сепак програмирањето ми е појака страна. Супер ни оди, со тимот ги совладуваме навремено сите препреки и работиме на нови продуктни одбележја, за да направиме квалитетен финален продукт. Многу ми се допадна настанот, сум учествувала на други настани но ова ми е прв хакатон во живо, и разликата е навистина огромна. Поинаку е кога работите тимски на реални задачи и со луѓе. И за мене лично и од она што го гледам од другите мои колеги од колеџот, сите многу учиме. Секое ново знаење, посебно од овој тип, е добредојдено и многу може да помогне и подоцна, кога ќе се вратиме на предметите на колеџот“, ни рече Атанасија Ѓорѓиевски која лани ја заврши Full-Stack Академијата на Brainster, па веднаш потоа се запиша на колеџот со цел да стекне поголемо академско знаење.

Дел од студентите ја поминаа цела ноќ во работа

Во текот на вториот ден веќе можеше да се согледа уморот на нивните лица, прашањата кон менторите зачестија, а кога ги прашавме дали е сѐ во ред, ни одговорија потврдно, да не се грижиме. Нѐ вчудоневиди кога ни кажаа дека студентите од факултетот останале цела вечер без сон, занесено работејќи на деталите.

Првичната „пречка” со која се соочија студентите е организацијата и поделбата на работата, но како што Марјан Ралевски, инструктор по Front-End програмирање и останатите ментори посочија, со взаемна помош и синхронизација, сето ова било брзо надминато.

„Морам да потенцирам дека дел од тимовите ме импресионираа со професионалниот пристап кон проектите, почнувајќи од најкрупните работи, па сè до најситните детали кои ги имаа испланирано од самиот почеток. Исто така забележав дека студентите од Brainster Next College добро соработуваа и се вклопија со студентите од Front-end Aкадемијата на Brainster, при што соодветно се имаа организирано и работеа на оние целини од Front-End апликацијата согласно технологиите со кои дотогаш се имаа сретнато”, кажа Марјан.

Работа во тим – лекција која сите студенти ја научија

За студентите од Brainster Next College, ова беше прво искуство од ваков тип, каде требаше да работат во тим и во голема мера да зависат од работата на нивните колеги. Ова, според Ивица Пешовски, професор на факултетот е од голема вредност за нив. Тој ни објасни дека додека на факултетот повеќе се дава фокус на поиндивидиуален и персонализиран пристап, тука целосен фокус е ставен на колаборација и тимска работа. 


„Во 48 часа и нема друг начин да се добие комплетен продукт освен со добра координација меѓу повеќето луѓе во тимот. Студентите научија и многу нови работи кои на колеџот ќе се изучуваат допрва, со што добија и добар увид во тоа што се очекува од нив да знаат по завршување на првата година студии. Последно, но не и најмалку битно, студентите колеги од Brainster Next College поминаа 2 дена во интензивна меѓусебна дружба, но и дружба со останатите ментори и учесници од Brainster академиите, што несомнено ќе им претставува добра поткрепа за остатокот од нивните студии”, посочи Пешовски.

Креирање на функционално решение за SCiDEV Албанија – зедничка цел на сите тимови

Партнер компанијата за која студентите правеа веб-апликација е од Албанија, земјата во која Brainster неодамна отвори своја канцеларија. Јана, лидерот на Partnerships тимот во Brainster, ни сподели дека навистина е чест што овојпат соработуваме со партнер од Албанија, каде што во моментов нашиот тим работи посветено на имплементирање на идентичниот иновативен модел за едукација, кој на младите во Албанија ќе им создаде подлога за поквалитетно образование и кариерна иднина. 

„Воедно визијата за оваа платформа е да прерасне во go to алатка која ќе го олесни учењето и меѓутимската координација и работа, не само на тимови на Brainster туку и на сите организации, тука и надвор, кои се обидуваат да придонесат во едукацијата и подобрувањето на образованиетo за сите”, кажа Јана.

Во моментов Brainster ги организира најголемите хакатони во државава и со секој следен хакатон имаме сѐ повисоки цели и очекувања, не само низ призма на број на учесници, туку и на проширување на кругот на партнери со кои работиме.

„Ваков тип на хакатони ни се континуирана пракса и ги организираме за да го подобриме искуството на нашите студенти и воедно да одговориме на потребите на нашите партнери“, вели Јана.

Со учеството на Хакатонот сите учесници ќе добијат сертификат, а за победниците ќе следуваaт и Achievements сертификати. Студентите на крајот на вториот ден, иако изморени од напорната работа, повторно со голем ентузијазам ги презентираа своите завршни проекти.

Победничкиот тим и нивното решение ќе го дознаеме наскоро!

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!