Најмногу ме воодушевува можностa за работа на реални проекти

Наум Златановски е еден од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Прочитај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Naum-Zlatanovski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Наум Златановски има 18 години и ни доаѓа од средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. Неговата љубопитност и интерес за софтвери се појавиле додека играл видео игри, а од октомври го започнува новото поглавје на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Најмногу ме воодушевува фокусот на праксата на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации која нуди можност за работа на реални проекти. Така студентите ќе имаат шанса да ја применуваат својата теоретска подготовка во реални проблеми“, ни сподели Наум.

Здраво Наум. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво, јас сум Наум Златановски, имам 18 години и доаѓам од Крива Паланка. Имам голема чест што сум дел студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Имам голема љубопитност и интерес за софтвери и токму затоа ја избрав оваа студиска програма. Поголемиот дел од мојата љубопитност се појави додека играв игри и ги користев социјалните мрежи и се прашував „Како е сето ова направено?“. И така со помош на тоа прашање го започнав својот кариерен пат.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Доаѓам од средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. Ја изучував насоката „Електротехничар за комјутерска техника и автоматика“, каде што многу научив за развојот на софтвери. Најсилно сеќавање од училишните години веројатно ќе биде работата во групи. Ова не само што ми дозволи да го подобрам тимското работење, туку и ме научи како да слушам и разбирам различни мисли и да се соочувам со разни предизвици. Имав среќа да имам професори кои го поддржуваа мојот креативен начин на размислување и ми помогнаа да стекнам вештини и знаења во ИТ.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Да. Секако дека ќе искористам оваа можност. „Студирај сега, плаќај по вработување“ е иновативен модел за финансирање на образованието. Оваа можност дополнително ме мотивира да работам и да успеам во ИТ-светот. Исто така мислам дека оваа понуда е многу добра и може да им помогне на многу студенти кои немаат доволно финансиски средства за квалитетни студии, а по нив да лансираат успешна кариера и од тие средства да си го исплаќаат факултетот.

Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?

Одбрав да студирам на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации затоа што стекнав голема љубопитност за развој на софтвери. Мојот прв чекор во ИТ започнува со развој на веб-страници со HTML, CSS, JavaScript и Backend во Python. И затоа се одлучив да студирам на студиската програма Софтверско инженерство и иновации за да го надградам и проширам своето знаење во програмирањето.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Најмногу ме воодушевува фокусот на праксата на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации која нуди можност за работа на реални проекти. Така студентите ќе имаат шанса да ја применуваат својата теоретска подготовка во реални проблеми.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

За мене, образованито треба да биде практично, да ги подготвува учениците за реалните предизвици кои ги очекуваат во нивната иднина. Би се фокусирал на воведување на практични, иновативни и проект-базирани предмети во учебниот план.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

Најважното кај професорите е комбинација на стручност и предавателска страст. Имам најдобри искуства кога професорите се стручни во својата област и ги пренесуваат своите знаења и искуства со ентузијазам.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Она што ме инспирира во животот е постојаната можност за учење и раст. Се насочувам кон истражувањето на безграничните простори на иновациите. Ме поттикнува можноста да креирам нови реалности, да решавам предизвици и да ги променувам границите на можното. Исто така, обожавам да одам во теретана, не само што ми ја подобрува физичката состојба, туку и има позитивен ефект врз менталната јасност и креативност.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

За 5 години се гледам како софтверски инженер кој активно учествува во креирањето и развојот на иновативни технологии и решенија. Се надевам дека ќе бидам дел од тим кој работи на предизвици како развој на напредни апликации, разрешување на комплексни проблеми и имплемнтација на иновативни концепти.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!