Search
Контакт

Како хакатоните го јакнат образованието

Студентите од Brainster Next College учествуваа на својот прв хакатон. Тие работеа на изработка на едукативна веб-платформа за клиентот SCiDEV Албанија.
prv-hakaton-na-studentite-na-Brainster-Next-College-highlights | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

За да им овозможиме уникатно и неверојатно искуство на нашите студенти од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации употребуваме една од најмоќните „алатки“ за стекнување на знаење, справување со предизвици и решавање на реални проблеми, излегувајќи од традиционалниот амбиент што го нуди училницата – учество на 48-часовен хакатон во живо.

Она што дополнително го добија студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) како вредност е тоа што за првпат имаа можност да работат со студенти од aкадемиите на нашиот основач, Brainster (Бреинстер), да се запознаат со нови колеги и да почувствуваат колку се важни сите аспекти од програмирањето за да станат софтверски инженер, да го проверат своето знаење, но и да научат нешто ново.

Најголем Brainster live хакатон со 140 учесници

Но, сѐ започна со одржувањето на најголемиот Brainster live хакатон, на кој учество земаа и студенти од 5 академии на Brainster – UX/UI дизајн, Front-End, Full-Stack, Software Testing & Project & Product Management, а кој броеше над 140 учесници. Трката по најдобро решение се случуваше во просториите на Brainster, за клиентот SCiDEV Албанија, а нашите 16 пријавени студенти за првпат искусија ваков тип на едукација.

Тие, здружени во 8 тимови, со колеги од Brainster aкадемиите работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која како финално решение ќе претставува единствена платформа од ваков вид за студенти. 

Хакатонот на нашите студенти им даде можност да работат во групи, поттикнувајќи соработка, ефективна комуникација и тимска работа. Ова за повеќето од нив е највредното нешто што ќе го понесат со себе. Дел од нив ни раскажаа како се чувствувале додека работеле, со што се соочиле и беа пресреќни што имавме шанса да се подружиме со нив и да им ги дадеме сертификатите.

Давид Петковски и Мартин Цветкоски се студентите од Brainster Next College кои беа во победничкиот Тим 8 што го понуди најинвентивното решение за клиентот и заедно со колегите од  Brainster Академиите, Благој Ѓорѓиев, Моника Миленкова, Јоана Карадаковска, Панде Бојаџиев, Ѓорѓи Велковски, Андријан Тасевски, Игор Талевски, Константин Јовиќ, Елеонора Богдановска, Елвир Иљазоски, Филип Ѓорѓиевски и Сања Боцеска во следниот период ќе имаат уште поголем предизвик – доработка на платформата која несебично ќе биде споделена за користење со други организации за едукативни цели.

Како си поминаа нашите студенти?

Давид ни раскажа дека ова искуство ќе го помни цел живот, особено затоа што му се погодил и тимот.

„Како студент на Brainster Next College ги охрабрувам сите студенти да се пријавуваат за учество на хакатони. Многу луѓе гледаат на програмирањето како на нешто што е тешко да се научи, ама всушност е многу лесно. Со многу работа и во средина како што е нашиот колеџ каде што се работи со професионалци, со тим што ве следи и мотивира и се учи низ практични примери, може да се постигне сè“, вели Давид.

Тој вели дека кога претходно, пред факултетот се запишал на Академија во Brainster, не знаел ништо за програмирање.

„Ако кој било се мисли, за математика, програмирање, а немал искуство…грижите да ги остави на страна“, сподели Давид.

Дамјан Петрушевски, е наш студент од Куманово за кого ова е негово второ учество на хакатон кога бил дел од Full-Stack Академијатa на Brainster, но прв хакатон во живо и како студент на Brainster Next College. Лани учествувал на онлајн-хакатон и победил со неговата група. 


„Ова искуство го сметам како learning curve, многу интензивно и за кратко време научив доста работи што не сум ги знаел. Сакам да им порачам на сите други што сакаат да учествуваат да не се плашат, секогаш ќе имаме поддршка од менторите. Најбитно од сѐ, што се покажа битно за нас, беше да се погодиме и синхронизираме во тимот. QA тестерите на пример, многу ни помогнаа да дојдеме до главни заклучоци за нашиот проект“, ни раскажа тој.

Студентката Марија Котеска, ни раскажа дека на хакатонот се почувствувала како да е на работно место, но се разбира во позитивна смисла. 

„Преубаво искуство. Се чувствував како да сум со колеги на работа и имаме многу битна и интересна работа да завршиме. Предизвици ми беа сите нови нешта што не ги знаев, а што требаше да ги совладам и сфатив дека со многу работа, труд и колеги со кои можеш да си размениш знаења, може да се постигне тоа. Тимската работа е клучна“.

За Сергеј Бојковски, пак ова било многу возбудливо искуство, вели дека останува во сеќавање долго време, а еуфоријата трае и со недели отпосле.

„Тимската синхронизација за нас беше клучна“, ни откри тој.

Нашиот студент Стефан Хаџи-Ефтимов ни сподели дека покрај тоа што им донел знаење, Хакатонот ќе го памети и по многу дружба и нови пријателства.

Впрочем, тоа беше и поентата, споделување на знаење и вмрежување.

„Им препорачувам и на другите да се охрабрат и да се пријават на следен ваков настан. На мојата група, предизвик ни беше целиот продукт да излезе како што треба. Премногу знаење се добива за овие 48 часа. Ова ќе биде дефинитивно искуство плус и како олеснување на нашите следни активности на факултетот, посебно со оглед на тоа дека наскоро започнуваме и со пракса во комапании“, вели тој.

И неговата колешка Мартина Соколеска, ни раскажа по што ќе го памети својот прв хакатон:

„Искуството од хакатонот за нас беше непроценливо, затоа што имавме можност да работиме под притисок и како би се почувствувале во реална работна средина, каде што има повеќе луѓе од повеќе сфери. Учев нешто сосема ново и најважно од сѐ е тоа што сега подобро ми оди учењето на колеџот после хакатонот“.

За 48 часа тимовите направија уникатни продукти

На доделувањето на сертификатите за учеството на големиот хакатон, на нашите студенти им се обрати академскиот координатор Ема Кастратовиќ, која ги охрабри и во иднина да се пријавуваат на вакви настани и да им раскажат на сите колеги на факултетот за предностите од овој тип на едукација.

„Ова е првиот чекор што го имавте вие како студенти на нашиот факултет кој ви даде малку повеќе информации за тоа како фунцкионира работа под притисок за кратко време, кога треба да подготвите ваш продукт. Работевте со колеги од Академиите и сигурно забележавте дека можете да се справите со тој предизвик и за 48 часа да постигнете нешто навистина големо, односно да направите цела апликација“, им рече таа.

Нашиот тим лидер на Partnerships во Brainster, Јана Тодоровска им потенцираше на студентите дека работеле на креирање на продукт кој има огромна општествена важност и дека во иднина ќе работат на многу вакви реални проекти со кои ќе придонесат кон употреба на технологијата за бенефит за општеството.

„Нашите студенти од Brainster работат на секакви проекти, но дел од нив се т.н. tech for good, односно креирање на дигитални решенија кои придонесуваат за општеството, решенија кои помагаат на развој на заедницата и кои им помагаат на организации на кои навистина им е потребно. Вакви проекти ќе бидат во примарен фокус за студентите на нашиот факултет бидејќи сметаме дека ќе им даде дополнителна мотивација“, вели Јана.

Brainster Next College има уникатна програма која е во блиска корелација со партнерите од индустријата. Ова го правиме преку задолжителни предмети со предавачи од ИТ-индустријата, работа на реални решенија кои се имплементираат во заедницата и најважно летни пракси за сите студенти кои се покажуваат како најдобри. 

„Со ваков модел, сигурни сме дека нашите студенти ќе бидат најбараните млади таленти во индустријата денес“, вели Јана.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!