Во месец мај, најголемата новост беше првиот хакатон на којшто учествуваат студентите од првата генерација на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – првиот практичен ИТ-факултет во Македонија.
Дел од новостите од минатиот месец беа што го прави Brainster Next College поинаков од останатите факултети, Netflix документарците за најбараните ИТ-професии, 5-те најплатени и најфлексибилни професии и најдобрите YouTube канали за UX/UI и графички дизајн.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

Студентите од Brainster Next College изминатиот викенд го имаа своето прво неверојатно искуство што ќе го паметат уште долго време – учество на досега најголемиот Brainster (Бреинстер) хакатон што броеше над 140 учесници.
Тие здружени во 8 тимови, работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која како финално решение ќе претставува единствена платформа од ваков вид за студенти.
Brainster во партнерство со SCiDEV Албанија го организираше најголемиот хакатон во живо, на кој покрај нашите 16 студенти, учество земаа и студенти од 5 академии на Brainster – UX/UI, Front-End, Full-Stack, QA & Project & Product Management.
„Искрено многу едноставно и брзо се пронајдовме со тимот, полесно отколку што мислевме. Со оглед на тоа дека на факултетот се проучуваат неколку предмети, тука сум во можност да сфатам и делови од повеќе сфери, не само Back-End, Front-End и UX/UI, туку дури и во софтвер тестинг што во моментов ни е предмет што почнавме да го учиме. Се чувствувам многу исполнето и убаво што сум тука. Знаењето и искуството што ќе го понесеме оттука е непроценливо. И секако, одиме на победа. Очекуваме да победиме. И менторот е многу посветен, ни рече без победа не си одиме оттука“, ни раскажа Давид Петковски.

Уникатниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ достапен за секој студент на Brainster Next College, прв практичен ИТ-факултет во Македонија, домашни и странски професори – експерти во својата област, работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап и Student Success тимот кој постојано го следи прогресот на нашите студенти се само дел од причините што го прават Brainster Next College поинаков од другите факултети.

- Netflix документарци за најбараните ИТ-професии
Ако си заинтересиран за програмирање или дизајн и сакаш да ги стекнеш или пак прошириш твоите знаења во една од овие области, издвоивме еден понеобичен, но многу забавен начин на којшто можеш да го направиш тоа. Погледни кои се најпопуларните Netflix документарци за:
– Програмирање
– Графички дизајн
– UX/UI дизајн

Добро платените и флексибилните работни места нудат многу придобивки за луѓето како:
– Подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот;
– Повисоки приходи;
– Поголема мотивација;
– Лично исполнување.

YouTube е вреден ресурс за UX/UI и графички дизајн бидејќи обезбедува пристап до мноштво знаење и информации кои можат да им помогнат на дизајнерите да ги подобрат своите вештини и да останат во тек со најновите трендови и техники.
Од видеа со упатства и начини како да најдеш инспирација коишто можат да бидат неверојатно корисни за дизајнерите кои сакаат да научат нови вештини или техники, како што се создавање wireframes, дизајнирање логоа или користење на специфични софтверски алатки, до видеа со корисни информации и чекор по чекор креирање на дизајни, YouTube може да ви помогне да ги подобрите вашите вештини и да останете во тек со најновите трендови и техники во оваа област.
Погледни кои се топ 5 YouTube канали за UX/UI и графички дизајн.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!