Search
Контакт

Топ 5 YouTube канали за UX/UI и графички дизајн

Без разлика на твоите моментални знаења за дизајн, на YouTube има по нешто за секого. Дознај кои се 5-те најпопуларни YouTube канали за UX/UI и графички дизајн.
najpopularni-youtube-kanali-za-ux/ui-programiranje | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

YouTube е вреден ресурс за UX/UI и графички дизајн бидејќи обезбедува пристап до мноштво знаење и информации кои можат да им помогнат на дизајнерите да ги подобрат своите вештини и да останат во тек со најновите трендови и техники.

Од видеа со упатства и начини како да најдеш инспирација коишто можат да бидат неверојатно корисни за дизајнерите кои сакаат да научат нови вештини или техники, како што се создавање wireframes, дизајнирање логоа или користење на специфични софтверски алатки, до видеа со корисни информации и чекор по чекор креирање на дизајни, YouTube може да ви помогне да ги подобрите вашите вештини и да останете во тек со најновите трендови и техники во оваа област.

Во продолжение, погледни ги 5-те најпопуларни YouTube за UX/UI и графички дизајн

Jesse Nyberg

Jesse Nyberg е хонорарен графички дизајнер од Лос Анџелес. Неговата цел е на неговиот YouTube канал да пренесува знаење и да разговара за графичкиот дизајн, уметноста, хонорарците и креативноста. Со 38.800 претплатници неговиот канал служи на многу ентузијасти за графички дизајн.

„Графичките дизајнери работат со кул клиенти и соработката со други е толку исполнувачко искуство, но сепак, мислам дека најнаградувачките проекти произлегуваат од вашата сопствена имагинација и страст“, вели Jesse.

Во своите видеа, тој се нурнува во важноста на страсните проекти за графички дизајн, неговите идеи и креации за дизајн на постер и дизајн на корици на албуми и со неговото искуство ќе ти помогне да го пронајдеш твојот личен стил на графички дизајн.

Satori Graphics

Целта на овој YouTube канал е да им помогне на луѓето да станат најдобриот дизајнер што можат да бидат, со сеопфатни упатства за графички дизајн низ Adobe Creative Suite, главно Adobe Illustrator. Satori, исто така се обрнува многу внимание на принципите на графичкиот дизајн, а секогаш гледа да посвети и многу голем фокус и на деловната страна на графичкиот дизајн.

„Мојата цел е да ви ги дадам алатките што ви се потребни за да бидете успешен графички дизајнер“, вели Satori.

Не е важно дали си почетник дизајнер или поискусен графички дизајнер, на овој канал сигурно можеш да најдеш нешто корисно. Има прекрасни упатства за теоријата на графички дизајн, дизајнирање постери, дизајнирање лого, идентитет на бренд и многу повеќе.

Abi Connick

Abi Connick е бренд дизајнер, YouTuber, едукатор и мотиватор. На нејзиниот YouTube канал има дури 186.000 претплатници. Таа го споделува своето знаење и искуството во светот на брендирањето преку забавни видеа. Од основни работи за како да се инспирираш и генерираш идеи, до креирање на целосно лого, од Abi дефинитивно ќе научиш многу.

CareerFoundry

CareerFoundry е водечко онлајн училиште за промени во кариерата, посветено на едукација на следната генерација на технолошки таленти. Една од тие кариери е токму UX/UI дизајнот. На овој канал ќе можеш да најдеш голем број на едукативни видеа со разновидни и популарни теми како која е улогата на еден UX/UI дизајнер, што е UI дизајн, UX трендови и многу повеќе.

Rachel How

Целта на Rachel How е на нејзиниот YouTube канал да им помогне на своите следачи со 3 работи:

  • Да го научат претприемништвото и UX/UI дизајнот
  • Да изградат повеќе приходи токму со UX/UI вештините
  • Да заработуваат преку интернет правејќи го она што го сакаат

„Создавам инспиративна, корисна содржина за самопретприемништво и UX/UI дизајн! Мојата цел е да го споделувам сето она што го научив сама со многу труд и работа и сакам да го олеснам овој процес на останатите. Верувам во генералисти и можеме да бидеме самоуки за многу работи“, вели Rachel.

Rachel го објавила првото видео на YouTube на 22 мај 2021 година, а само по 15 месеци нејзиниот YouTube профил достигнал до 100.000 претплатници. Сега, дури 156.000 луѓе го следат нејзиниот профил.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!