Наум Симјановски е екстровертна и дружељубива личност и ни доаѓа од СОСУ „Илинден“. Ни сподели дека е возбуден за започнувањето на ова ново поглавје од својот живот и едвај чека да стекне нови искуства и знаења на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Здраво Наум. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво! Јас сум Наум Симјановски. Би сакал класичното претставување да го тргнам настрана и да ве запознаам со моите поинтересни страни. Своите денови ги поминувам вложувајќи труд во мојата ракометна кариера паралелно работејќи како freelance дизајнер и производител за неколку урбани брендови за облека на македонскиот пазар. По природа сум екстровертна и дружељубива личност.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Моето средно образование го завршив во СОСУ “Илинден“ кое е иако релативно ново училиште со својот квалитетен кадар и секако со индивидуалниот труд на учениците креира млади индивидуи кои тежнеат кон своите цели. Најголем проблем за нашата генерација беше секако пандемијата и онлајн наставата меѓутоа поради електротехничката насока што ја изучував, јас лично не наидов на големи препреки.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Искрено, сметам дека е голема реткост на нашите простори да се добие ваква шанса каква што нуди Brainster Next College. Со понудата „Студирај сега, плаќај по вработување“ на многу млади личности им се дава можност да добијат знаење какво што не нудат мнозинството факултети во нашата држава.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Уште од својата тринаесетта година се занимавам со компјутери и се интересирам во технолошкиот развој во светот. Како млад тинејџер започнав со компјутерските курсеви во Семос Едукација од каде што научив многу и од каде се вроди мојата желба и интерес во оваа гранка. Ја одбрав токму оваа програма затоа што сметам дека има голем потенцијал и може да ме издигне како професионалец на ова поле.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Програмата ми се допаѓа затоа што сметам дека е совршена „trifecta“. Од наставниот кадар ќе добијам големо знаење, а на праксата ќе имам шанса да го применам и вистински да ја разберам суштината на програмирањето.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Секако дека има многу работи кои би сакал да ги сменам меѓутоа ќе кажам една позитивна. Бидејќи завршив во средно стручно училиште имам впечаток дека македонската програма и не е толку лоша кога се знае што се сака.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Според мене, најважно кај секој професор е неговата посветеност и секако поврзаноста со учениците. Сметам дека квалитетен професор треба своите ученици да ги третира како еднакви, а воедно и да е спремен нешто да научи од нив. Отсекогаш ме инспирирале професорите кои своите предавања ги воделе со голема дискусија. Мислам дека на тој начин најмногу се учи.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Како што веќе споменав многу сум посветен на ракометот поради што и тој прерасна во еден вид на кариера. Во животот ме инспирира мојата околина, искрено не можам да издвојам само една личност или едно нешто. Секојдневно ме мотивираат различни работи кои раѓаат нови интереси кај мене.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години се гледам себеси работејќи го она што го сакам и уживајќи во животот сè уште мотивиран од најмалите нешта во мојот ден.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.