Search
Контакт

Првата година на Brainster Next College ми ги отвори вратите кон светот на можностите и новите искуства

Атанасија Ѓоргиевски е една од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации која успеа да ја комплетира првата година со просек 10.00.
mojata-prva-godina-atanasija-gjorgievski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Интензивните програми бараат добро организирање и временско менаџирање, негување на креативноста, како и активно учење. Од сеопфатното учење, практичната работа е најважниот дел. Не останувајте во вашата зона на комфор, експериментирајте со аплицирање знаења на реални проекти кои ги нуди Brainster Next College и секогаш бидете отворени за нови искуства“, ги советуваше Атанасија идните студенти.

Како би го опишала твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Ова беше почеток на една иновативна иницијатива, каде што сите заедно бевме пионери во истражување на оваа образовна патека. Првата година од студиите беше предизвикувачка, но истовремено и восхитувачка. Од учење на нови концепти и технологии, до создавањето на реални и иновативни проекти – секој ден носеше нови искуства и можности за раст. Првата година од студиите на Brainster Next College ќе ја паметам како година која ми ги отвори вратите кон светот на можностите и новите искуства.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

ИТ-индустријата како плодно тло за креативност и иновации континуирано расте и има големо влијание на сите аспекти на општеството. Промените кои се случуваат на ова поле навистина ме фасцинираат. Можам да кажам дека самата глобална експанзија на ИТ-индустријата беше доволен мотив да посакам да станам дел од овој свет.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Искрено кажано, имав некои визии за студирање во странство, но откако се појави Brainster Next College сите дилеми исчезнаа. Дотогашното искуство, како и стекнатото знаење на Академијата за Full-Stack програмирање ми беа повеќе од доволни за да го направам тој чекор и да ја донесам вистинската одлука. Но, ако мора да издвојам едно нешто што беше пресудно, би кажала дека тоа е праксата која Brainster Next College ја нуди и на која конечно и се посвети доволно внимание. Праксата е најважното нешто во текот на образованието, а воедно и најзапоставеното нешто на нашите универзитети.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Презентирањето на веб-апликацијата, на која мојот тим и јас напорно работевме, за мене е еден од најважните и незаборавни моменти во прва година на студии по Софтверско инженерство и иновации. Следејќи ја нашата презентација, имавме прилика да ги споделиме нашите достигнувања и искуства. Во таа прилика, демонстриравме функционалности на апликацијата и ги објаснивме техничките аспекти, како и процесот на напорно размислување зад нејзиното имплементирање. Токму тогаш знаевме дека успешно сме го исчекориле патот од идеја до реално решение или реализација.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Очекувањата ми беа преголеми, почнувајќи од практични вештини кои се од голема помош во реалниот свет на работа, па сè до релативни предмети кои ќе ги задоволат моите кариерни цели и интереси. Секоја материја што беше предвидена во програмата, детално ја изучивме. Работната атмосфера, професорите и целокупниот кадар на Brainster Next College, не само што ги достигнаа, туку и далеку ги надминаа моите очекувања.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток?

Најголем впечаток ми има оставено проф. Ивица Пешовски, кој своето време и знаење целосно го има посветено на инспирирање и поддршка на своите студенти. Професорот остава впечаток поради својата страст и дар за пренесување комплексни концепти на јасен и разбирлив начин. Неговите предавања се динамични и интерактивни, со користење на различни педагошки методи и практични вежби. Ивица Пешовски е професор кој ја поставува интеракцијата со студентите во прв план и ги охрабрува да истражуваат и да се замислуваат над различни аспекти на знаењето. Вистински професионалец во својата област.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дала на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

Сегашниот пејзаж на софтверското инженерство се одликува со брзи технолошки промени кои можат да бидат комплексни, особено кога се вклучувате во интензивни програми како Brainster Next College. Интензивните програми бараат добро организирање и временско менаџирање, негување на креативноста, како и активно учење. Од сеопфатното учење, практичната работа е најважниот дел. Не останувајте во вашата зона на комфор, експериментирајте со аплицирање знаења на реални проекти кои ги нуди Brainster Next College и секогаш бидете отворени за нови искуства. “Practice makes perfect.”

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Аплицирај веднаш!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!