Анес Исламовиќ има 22 години и ни доаѓа од средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Скопје. Ни сподели дека училиштето ќе го памети по многуте забавни спортски натпреварувања и дека нема досегашно искуство со ИТ-светот, но на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) очекува да стекне многу знаење и да стане успешен софтверски инженер.
Здраво Анес. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво! Се викам Анес Исламовиќ, имам 22 години и живеам во Чаир, Скопје.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од средното училиште „Методи Митевски Брицо“, фискултурно. Училиштето ќе го паметам по многуте забавни спортски натпреварувања.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Ќе ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ поради тоа што мислам дека е добра опција за сите што немаат можност веднаш да си плаќаат за студиите што ги сакаат.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Немам никакво искуство во ИТ-сферата, но познавам луѓе што почнале од нула и успеале да постигнат многу.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Ми се допаѓа тоа што професорите се посветени кон студентите и се фокусирани навистина да ги научат.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Би го променил начинот на предавање на професорите. Кај професорот сакам да може да го задржи моето внимание и на сите други студенти преку заеднички активности и работилници и да ни споделуваат за најновите трендови во ИТ-сферата. За време на средното училиште најмногу ми се допаѓаше дружбата со другите ученици.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Кај професорите најважно ми е да бидат посветени кон сите еднакво, да дадат сè од себе за да нè научат, да ни објаснат доколку нешто што не ни е јасно и да ни споделуваат информации надвор од програмата за нешто што нè интересира дополнително.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Во животот ме инспирира една личност што секогаш е тука за мене. Од хоби би ја навел музиката.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години се гледам себеси успешен, среќен и со добра работа.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.