Brainster Next College: Новости / декември 2023

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас. Дознај за сите новости кои го одбележаа месец декември 2023.
bilten-dekemvri-2023 | Brainster Next College
Share

Во месец декември продолживме со исполнување на главната мисија на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – да ги направи своите студенти најдобрите tech-професионалци на пазарот.

Дел од новостите од минатиот месец се претставувањето на уникатниот предмет од индустрија, кој за првпат кај нас на ваков начин им овозможува на студентите да учат од најдобрите во ИТ-сферата, Стефан Петров, студент од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации, кој заедно со својот тим креираше решение што им ја донесе победничката титула на Air Care хакатонот и учеството на нашите студенти на хакатонот Ways2Help, каде што требаше да ја користат технологијата во функција на хуманост.

Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

eksperti-od-culturetec-intertec-predavaat-na-brainster-next-college | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College

Во денешниот динамичен свет во кој технологијата и иновациите ја имаат главната улога, образованието што ги креира кадрите на иднината што ќе го водат општеството, особено треба да држи чекор со сите новитети, обезбедувајќи им на студентите не само да ги разберат теоретските концепти, туку и да се стекнат со практично искуство.

Токму затоа, Brainster Next College како прв практичен ИТ-факултет во Македонија постојано ги имплементира најдобрите методологии при креирање на наставниот курикулум. Правиме уште еден огромен скок напред, со директен влез и партнерство со компанија чии експерти ги „седнавме“ во нашите студентски клупи.

Практичното искуство на нашите студенти, покрај со предметот Имплементација на решение, хакатоните и летните пракси го надградуваме со Предмет од индустрија!

Станува збор за целосен предмет што „падна“ во рацете на стартапот Culturetec, основан од глобалната компанија Intertec која, заедно со нивните експерти ќе игра клучна улога во имплементирањето на нашата практична образовна програма.

Ова партнерство помеѓу Brainster Next College и ИТ-компаниите прави значаен пресврт во формалното образование, каде што за првпат кај нас, компанијата добива привилегиран пристап до нашите таленти, го проширува своето влијание и креира дополнителни можности за успешна пракса и вработување.

„Ваков тип на предмет е еден од клучните чекори на патот до успешен продукт инженер“, изјави Ема Кастратовиќ, програмски координатор на Brainster Next College, на воведното предавање на кое нашите студенти се запознаа со тимот на Culturetec.

Прочитај повеќе и запознај се со тимот на Culturetec!

Stefan-Petrov-del-od-pobednickiot-tim-Breathe.mk | Air Care | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College

Во нашата мисија да им понудиме извонредно и неверојатно искуство на нашите студенти, ја користиме една од „најмоќните алатки“ за учење на нови вештини и стекнување на знаење. Станува збор за работата на реални проекти за реални клиенти и учеството на 48-часовни хакатони. На тој начин, студентите се стекнуваат со знаење, кое ќе им помогне при справување со огромни предизвици и смислување практични решенија за проблемите од реалниот свет.

Целата приказна започна со одржувањето на вториот Air Care хакатон каде што учествуваа повеќе од 150 студенти, меѓу кои беа нашите студенти од втора година од студиската програма Софтверско инженерство и иновации и студентите од Brainster (Бреинстер) Академиите за Data Science, Software Testing, Project & Product Management, Front-End и Full-Stack програмирање.

Поделени во 12 тима, тие ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување загадување на воздухот во Скопје, која во иднина ќе ја користат граѓаните. Платформата ќе овозможи следење и пријавување загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје.

Еден од студентите на Brainster Next College што учествуваше на овој хакатон беше Стефан Петров, студент кој своето прво учество на хакатон го украси со победничка титула.

Прочитај што ни сподели Стефан за победата на најголемиот Brainster live хакатон досега!

studenti-od-Brainster-Next-College-ucestvuvaa-na-Ways2Help-hakatonot | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College

Што може да направиме за да им помогнеме на оние на кои најмногу им треба помош? Какво добро може да му дадеме на општеството со помош на технологијата? Ова се веројатно прашањата што најмногу им се вртеа во глава на повеќе од 120 учесници кои неодамна работеа на Ways2Help хакатонот, меѓу кои беа и нашите студенти.

Тие, еден викенд поминаа на еден поинаков начин, и најважно научија дека со знаењето што го стекнуваат на Brainster Next College може да прават значајни промени. Сите учесници ги сплотија своите знаења, креативност и хуманост со цел заедно да креираат идејни решенија со кои ќе им помогнат на социјално загрозените семејства.

Организацијата Ways2Help заедно со Women in tech Macedonia организираа хакатон чија главна цел беше користење на технологијата во функција на хуманост. Секој од тимовите требаше да осмисли идејно решение посветено на подобрување на донаторското искуство и подобрување на општественото добро.

Меѓу големиот број на учесници, учествуваа и десет студенти од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, кои поделени во два тима работеа на различни проекти што сами ги смислија, а со кои ќе им помогнат на оние на коишто им е најпотребно.

Прочитај што ни споделија Марија, Лео, Стефан, Марко, Ѓорге, Атанасија, Давид, Петар, Владимир и Сергеј за учеството на овој хакатон!

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!