7 експерти од индустријата предаваат на Brainster Next College

Тимот на Culturetec, стартап основан од Intertec, им предава Product Engineering на студентите на Brainster Next College.
eksperti-od-culturetec-intertec-predavaat-na-brainster-next-college | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Во денешниот динамичен свет во кој технологијата и иновациите ја имаат главната улога, образованието што ги креира кадрите на иднината што ќе го водат општеството, особено треба да држи чекор со сите новитети, обезбедувајќи им на студентите не само да ги разберат теоретските концепти, туку и да се стекнат со практично искуство. 

Токму затоа, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) како прв практичен ИТ-факултет во Македонија постојано ги имплементира најдобрите методологии при креирање на наставниот курикулум. Правиме уште еден огромен скок напред, со директен влез и партнерство со компанија чии експерти ги „седнавме“ во нашите студентски клупи.

Практичното искуство на нашите студенти, покрај со предметот Имплементација на решение, хакатоните и летните пракси го надградуваме со Предмет од индустрија!

Станува збор за целосен предмет што „падна“ во рацете на стартапот Culturetec, основан од глобалната компанија Intertec која, заедно со нивните експерти ќе игра клучна улога во имплементирањето на нашата практична образовна програма.

Ова партнерство помеѓу Brainster Next College и ИТ-компаниите прави значаен пресврт во формалното образование, каде што за првпат кај нас, компанијата добива привилегиран пристап до нашите таленти, го проширува своето влијание и креира дополнителни можности за успешна пракса и вработување.

„Ваков тип на предмет е еден од клучните чекори на патот до успешен продукт инженер“, изјави Ема Кастратовиќ, програмски координатор на Brainster Next College, на воведното предавање на кое нашите студенти се запознаа со тимот на Culturetec.

Што претставува предмет од индустрија?

Ова е уште еден предмет што го инкорпориравме во нашата студиска програма кој ќе им овозможи на студентите да се стекнат со клучните  практични вештини уште за време на студиите.

Првата компанија, чиј тим ќе им предава на студентите од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации е Culturetec. Во текот на седум недели, овие искусни професионалци ќе го реплицираат сето она што го работат, директно во нашите училници. На овој начин, студентите ќе ги надградат практичните вештини преку увид во реалните интерни процеси во компанијата и алатките, софтверите и програмските јазици што се користат при креирање на еден продукт од самиот почеток до неговата финална верзија.

Culturetec е основан од Intertec, компанија што се вбројува во топ 5 профитабилни компании во Македонија.

Culturetec е мала под единица во рамки на Intertec, која е продуктно и сервисно ориентирана компанија. Таа функционира како мини стартап во склоп на еден иновациски центар, чија цел е да развие комплетен продукт поддржан од Intertec.

„Тимот е доста диверзификуван и нашата цел е сите софтверски инженери да ги конвертираме во продукт инженери, односно сите тие да можат да прават end-to-end  решенија“, сподели Тамара Димитрова, team lead на Culturetec, на првото предавање.

Продуктот на Culturetec е HR Management платформа за мерење на перформансите на вработените во една компанија, но со еден поразличен пристап. За разлика од конвенционалните методи, тие ги структурираат прашањата на анкетите на начин кој не е директно фокусиран на откривање на перформансите и ангажираноста на самите вработени, туку на дознавање на психолошките фактори што влијаат врз вработените како нивната благосостојба, исцрпеност, мотивација и слично. 

„Се фокусираме на анкети за вработените, но од психолошка страна. Измерената продуктивност не значи ништо доколку не ја сфатиме суштината на проблемот и од каде потекнува тој. Целта ни е да ги трансформираме работните места во human-centered. Ако луѓето се среќни и имаат услови за напредок, ќе расте и компанијата“, дополни Тамара.

Кој е тимот на Culturetec?

Со цел да им овозможиме сеопфатно практично искуство на студентите, тимот на Culturetec ќе ја преземе улогата на предавач и ќе ги менторира за време на овој предмет. 

Студентите ќе поминат низ различни фази со секој член од тимот, а достапноста до овие професионалци ќе им даде уникатна можност да ги прашуваат за секој аспект од работата и од „прва рака“ да ги дознаваат сите новости. Ова ќе им биде од голема помош и ќе им овозможи да се подготват да ја преземат улогата на различни професионалци во текот на кариерата.

Тамара Димитрова, ја има улогата на лидер на тимот. Со 8 години искуство во научно-истражувачка работа и повеќе од 5 години искуство во претприемништво, таа ќе ги подготви студентите како да ја испрезентираат клучната вредност на продуктот за корисниците, а не само техничкото решение. 

„Ќе ви ги пренесам најдобрите практики од развој на еден продукт. Веќе ги знаеме вашите посилни и послаби страни и ние ќе ви ја пружиме целата наша експертиза за заедно да успееме да ги зацврстиме силните и да ги подобриме послабите вештини“, им кажа Тамара.

Бјанка Калајџиска ќе им предава за машинско учење и со користење на корисни алатки ќе им помогне да внесат новитети во проектот. Според нејзиното досегашно искуство и преземањето на повеќе улоги во Culturetec, покрај пренесувањето на најважните технички знаења, нејзината цел ќе биде да им помогне на студентите да станат комфорни со фактот дека на работа ќе треба да работат задачи за кои можеби и не знаат ништо.

Дејан Божиновски е JavaScript developer и Tech lead во Culturetec, кој на студентите ќе им предава за еден од клучните програмски јазици, со голем фокус на product development со Next.js и React. 

„Со мене ќе научите премногу за JavaScript, кои се основните алатки што ги нуди јазикот и како да ги искористите не само за вежбите на самите предавања, туку и во секојдневниот живот и понатаму во вашата кариера“, сподели Дејан.

Симеон Коруноски е Front-End програмер кој студентите ќе ги научи како да се справат со секојдневните предизвици и да стекнат клучни вештини и знаења за голем број програмски јазици и библиотеки како React, JavaScript, Python, Next.js. Во програмата е предвидено и изучување на AI алатки за кои Симеон сподели дека тие никогаш нема да ги заменат програмерите, туку само ќе им овозможат побрз напредок на оние што вешто ќе ги применуваат.

Со Бојан Спасовски, Back-End програмер во Culturetec, студентите ќе го поминат поголемиот дел од овој предмет каде што тој ќе ги споделува најдобрите практики, дизајн патерни, како се креира цел софтвер, архитектура, cloud сервиси и ќе ги научи студентите како да ја одберат правилна податочна база според специфичните потребите.

Кристијан Милошевски, е уште еден алумни студент на Brainster, од Академијата за Software Testing кој е дел од тимот на Culturetec.  

„За време на предавањата ќе се потсетиме на некои теоретски делови што сте ги учеле изминатата студиска година. Потоа, ве чека практичниот дел. Ќе пишувате case тестови, ќе научите што е production ready, што не е, што треба да биде вратено, како ќе биде вратено, како ќе комуницирате со девелоперите, репортирање на багови, целиот QA процес“, сподели Кристијан.

Андреј Манев, Front-End програмер во Culturetec, за време на овој уникатен предмет и лабораториските вежби ќе ја пренесе својата експертиза за најпотребните програмски јазици во динамичната ИТ-сфера.

Лара Георгиевска е UX/UI дизајнер во Culturetec и алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн во Brainster. Покрај зајакнувањето на теоретските основи опфатени во предметот Дизајн на кориснички интерфејс во првата година од студиите, Лара ќе ги води студентите во имплементирањето на овие концепти во практична примена, поттикнувајќи подлабоко разбирање за тоа кои UX методи најдобро се справуваат со конкретни проблеми.

„Сигурно веќе знаете дека не може да се скрати UX/UI процесот, но нешто што можете да направите е да го скалирате. Тука јас ќе ви помогнам и ќе ви споделам некои корисни tips & tricks со кои ќе бидете многу попродуктивни. Ќе поминеме и многу корисни UI алатки што ги користат врвните експерти во оваа сфера, а нема да ги изоставиме и најдобрите AI алатки што дефинитивно ќе ви бидат од голема помош“, им сподели Лара на студентите.

Димитар Грчев, product owner во Culturetec, им се претстави на студентите и накратко се осврна на неговите работни обврски и што ќе научат тие од него. Тој им сподели дека во оваа професија од клучно значење е да се забележи дека приоритетите и преференциите на стејкхолдерите честопати се подложни на промени, па оттука, придржувањето до агилни методологии станува исклучително значајно за нивна ефективна навигација.

Што ги очекува нашите студенти во Предмет од индустрија?

Во текот на оваа интензивна програма, студентите ќе истражуваат суштински развојни процеси, методологии и агилни практики, ќе се вклучат во практични проекти за анализа и интерпретација на чувствата на корисниците користејќи примери од реалниот свет. Ќе истражуваат за сложените фази на развој на производот, сведочејќи од прва рака како концептите се трансформираат во опипливи иновации. Ќе го збогатат досегашното знаење за софтвер тестинг со дополнителни стратегии за тестирање, ќе навлезат во cloud услугите, но ќе развијат и вештини за ефикасно презентирање и прикажување на своите проекти. Оваа единствена можност ќе им овозможи да дознаат како функционираат работите day-to-day и ќе ги спреми за идната професија како од страна на техничките, така од страна и на меките вештини. 

„Овој предмет е многу практичен. Ги поврзува сите работи што сте ги научиле досега. Ние, буквално ви ја донесовме компанијата кај вас на час. Ќе биде многу динамично и верувам дека ќе ви биде најзначајниот предмет од целата студиска година“, изјави Ема.

Во текот на предметот, студентите ќе бидат поделени во тимови и секој тим ќе функционира како мини стартап, што значи дека ќе развијат и способности како да ги определат улогите, да си ги поделат обврските, да се организираат и да научат како ефективно да комуницираат меѓусебе. Нивната задача за време на предметот ќе биде да направат платформа за анкета со отворени прашања. Ќе треба да прават keyword research, да внимаваат на детали, на структурата на прашањата и како ќе ги покажуваат резултатите. Ќе го опфатат и делот за QA, како неопходен за една апликација да функционира без грешки. Кон крајот на предметот ќе се фокусираат на презентирањето на главната идеја и ќе ги вежбаат и надградуваат презентациските вештини.

Culturetec, добредојдовте во нашиот екосистем!

Во областа на tech-обраозванието, партнерствата со ИТ-секторот ги гледаме како мостови преку кои го пополнуваме јазот помеѓу она што им е потребно на компаниите и она што студентите го поседуваат како вештини. 

Како лидери во образованието, наша одговорност е да креираме иновации преку кои нашите студенти ќе ги направиме најбараните tech-професионалци на пазарот – Предметот од индустрија е токму тоа.

Нашите врати ги отвораме на професионалци од индустријата чија задача ќе биде за време од седум недели да креираат млади таленти кои ќе знаат како изгледа работата на еден продукт инженер и уште поважно како да бидат најдобриот продуктен инженер што можат.

„Драго ни е што првата ваква соработка ја имаме заедно со Culturetec, дел од нашиот повеќегодишен партнер Intertec и што за овие неколку месеци студентите ќе имаат шанса да учат од седум од најталентираните професионалци на пазарот во моментов“, изјави Јана Тодоровска, лидер на тимот Партнерства во Brainster и Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Дознај повеќе за придобивките од соработката со Brainster Next College и стани наш партнер!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!