Ми се допаѓа тоа што наученото ќе се применува директно во пракса

Aндреј Стојаноски е еден од студентите на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Прочитај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Andrej-Stojanoski | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Андреј Стојаноски ни доаѓа од средното училиште СУГС „Никола Карев“ во Скопје, а сега е студент на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е прва и единствена ваква понуда кај нас. Не само што е креативна, туку е и многу корисна за студентите што не можат во моментот да си дозволат квалитетни студии“, сподели Андреј.

Здраво Андреј. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво, јас сум Андреј Стојаноски и живеам во Аеродром, Скопје.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Средно училиште завршив во СУГС „Никола Карев“, а најголем предизвик ми беше почетокот додека се привикнував на новата средина.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е прва и единствена ваква понуда кај нас. Не само што е креативна, туку е и многу корисна за студентите што не можат во моментот да си дозволат квалитетни студии.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за UX/UI и графички дизајн, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во оваа сфера?

Ја одбрав оваа студиска програма поради тоа што областа на дизајнот е многу интересна и мислам дека можам да работам флексибилна работа што нема да ме ограничи. Плус оваа професија е секогаш во голема побарувачка.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Ми се допаѓа тоа што наученото ќе се применува директно во пракса и нема да остане само на теорија.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Нешто што би променил во македонското образование е односот на професорите према учениците.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

Сакам професори што ќе бидат постојано во контакт со студентите и секогаш ќе се тука за нас кога ќе ни треба нешто.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Музиката беше голем дел од мојот живот, бев на солфеж и на пијано. Сега хоби ми е тератаната.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

За 5 години се гледам со завршен факултет и успешна кариера.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Закажи информативна средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!