Оваа година, нашиот основач Brainster (Бреинстер) гордо ја одбележува својата осма година од постоењето, значаен milestone во ова патување. Покрај славењето на достигнувањата, го насочуваме вниманието на непроценливиот придонес на нашите посветени професори и инструктори кои служат како столб на нашата мисија да ги опремиме професионалците со вештините на 21 век.
Нашите професори и инструктори, не се само едукатори; тие се поединци кои несебично го споделуваат своето знаење и експертизата од реалниот свет во индустријата. Тие се страсни професионалци, чиј примарен фокус е растот и развојот на нивните студенти, ментори врзани со заедничка цел: совладување на вештините од страна на студентите и можност да ги остварат своите соништа.
![](https://media.next.edu.mk/wp-content/uploads/2023/05/347092039_230286376414107_8136334223121010988_n-1-1-1-1024x684.jpg)
Овие основни принципи ја формираат основата на мрежата на професори и инструктори на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster, заедница составена од 150+ професионалци, внимателно негувани и развиени во текот на изминативе 8 години.
Тие играат клучна улога во обликувањето на следната генерација лидери од различни области и премостување на јазот за професионалци кои се стремат да држат чекор со барањата и вештините на 21 век. Заедно, ја исполнуваме нашата основна мисија – да го подобриме образованието и начинот на кој луѓето ги учат новите вештини потребни за дигиталните индустрии, а со тоа и да создадеме квалитетно образование за вработување.
![](https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2023/10/387768842_361328619578065_1932928761492846912_n-1024x684.jpg)
Мрежа од 150+ професионалци од областа
Денес, нашиот тим брои 150+ професори и инструктори, професионалци од индустријата кои постојано промовираат интерактивна, поддржувачка и мотивирачка средина, создаваат можности за студентите активно да учествуваат во процесот на учење и ги обликуваат преку искуства, наместо преку учење напамет.
Ви благодариме што ги обучувате и инспирирате идните иноватори и лидери! Се радуваме на уште многу години посветени на мисијата за обликување на иднината на образованието.
![](https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2023/10/DSC_7628-1024x684.jpg)
Што велат нашите професори и инструктори и кој е нивниот совет до студентите?
![](https://media.next.edu.mk/wp-content/uploads/2023/10/DSC_5674-ivica-1024x684.jpg)
Ивица Пешовски е CTO на Brainster и професор на Brainster Next College, која ги предава предметите: Структурно програмирање, објектно-ориентирано програмирање, имплементација на решение, софтверско инженерство, оперативни системи и DevOps, дистибуирани системи и блокчејн.
Тој ни раскажа дека ја одбрал оваа професија затоа што ти овозможува да бидеш дел од изградбата на иновативни технологии што ја формираат иднината.
„На студентите секогаш им споделувам еден важен совет, а тоа е: Спијте повеќе отколку што учите. Учете повеќе отколку што се забавувате. Забавувајте се најмногу што можете“, сподели Ивица.
![Gorjan-Popovski-odgovora-na-pette-najgolemi-mitovi-za-programiranje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College](https://media.next.edu.mk/wp-content/uploads/2022/10/Capture1.jpg)
Горјан Поповски е професор на Brainster Next College кој ги предава предметите Податочна наука, Алгоритми и сложеност, а воедно инструктор и ментор на Академија за Data Sicence.
Тој ни раскажа дека најмногу сака да работи во полето Natural Language Processing и целта му е да разработува тематики што имаат влијание во светот, без разлика дали станува збор за академско или индустриско.
Горјан ни ја откри и „тајната“ за успешен Data Scientist – „100% успех = 10% среќа + 10% природен талент + 80% труд и работа“.
Александар Нофитоски е инструктор на нашата Академија за графички дизајн, како и Академијата за UX/UI дизајн, а воедно ги предава модулите „Дизајн на визуелен идентитет“ и „UI дизајн“.
Тој ни раскажа дека, го одбрал дизајнот како професија бидејќи сака визуелно решавање на одредени проблеми, сето тоа да изгледа добро, а воедно да биде и функционално.
„На сите сегашни и идни студенти би им посочил дека нивното учење никогаш нема да престане. Прашувајте: нема добро или лошо прашање, сите прашања се добредојдени. Исто така, решавајте ги проблемите на едноставен и функционален начин. Како и никогаш не останувајте само на едно решение, истражувајте за да на крајот бидете сигурни дека вашиот предлог дизајн функционира“, ни сподели тој.
И во следните години тимот на Brainster ќе се зголемува со професионалци што ја делат истата страст за поттикнување промени во општеството. Поради зголемен обем на работа и рекордно запишаниот број на студенти на сите академии на Brainster, како и на Brainster Next College, бараме нови колеги во тимот.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.